Дојди, не гриземе, не јадеме, не тепаме, се дружиме, се шегуваме, уживаме!! Се запознаваме, си помагаме, секако дека едно се препирки на форум, а друго дружбата во реалност. Без оглед, на пример, колку јас, лично, понекогаш, се препирам со некого на форум, а се знаеме лично, секогаш може да ми/му се обрати/ам за помош, се разбира, долклу сум/е во можност да се стори нешто.
Јас не можам веќе да изнашишам со кого се се познавам. Со многумина и сите ги чувствувам како драги пријатели. Побогат секојден за едно ново пријателство, посреќно го минувам животот.