Соседи, комшии и меѓусебниот однос

Falcao

rossonero per sempre
Член од
28 мај 2008
Мислења
1.986
Поени од реакции
561
Живеам у зграда. Проблеми со соседите- немам:)
Имам звање, репутација што ми овозможува да се релаксирам, кулирам и тако даљеееееее ...:sekss:
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Комшииве мои клошари невидени. Па за несреќа моја пола од комшииве ми се ретардирани полицајци. За да не мислат дека сум секташ секад им викам здраво и ова она ама тие пак само ѕиркаат и надслушуваат што се дешава ама мене ич не ми е гајле, денски им пуштам музика до даска нити се побуниле нити смеат да се побунат, навечер малце имам контрола и така. А иначе ко ќе запраат манџи во 7 насабајле со лукојни и смрдојни ( не чуле за аспиратор ) смрди цела зграда не се дише у пм да им се кењам старците глупи дај нека цркнат еднаш више
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Имам репутација како највоспитан во уличка и стално ме поздравуваат а и јас нив =) Досега сум немал а се надевам и дека ке немам проблеми !!!
 
Член од
10 август 2008
Мислења
744
Поени од реакции
266
mene iskreno mi jadese gomna komsikata pred 3 god..oti igrav fudbal so drugar4injata kaj nea pred vrata
mi isko4i da me tepa a ja ni 2ni 3 koa i puknav edna zubite niz gz i gi izvadiv

od togas ne i vikam "dobar den"
Само мало потсетвење на легендарниот ми4о. :)

Јас ми се чинит, имам раскажвено за наркоманине над мене во некоја друга тема. Едниот еднаш ме виде кај шо палев сијалица в ходник со ролерата, зш зафатени ми беа рацеве и оттоаш накриво ме глеат. Ама ми се проштеват, тој синкир поарен е.
Во последно време ги немат да повриштет, да се поколет, да пофрлет работи. Или ги командат мајка им поубо, или се имет иселено, не сум многу во тек.
Имат уш еден типац, во спирит на врата работат, порано ме пушташе да влезам беспари, и мене и другаркине, сонце. А по скали не се фермаме ногу.
А сега нешо се собирет дечишта пред зграда, не знам од кај се накотија нолку многу. Имат две скопјанчиња и војни водет со другиве деца, секој ден. И муабет ми праеа порано, ама јас ги рецкав и сеа не ме сакет појќе. :(
А, да имат и една баба шо не е фарбана една година. До пола бела и од пола црвена фарбана, фенци е пустана. И си ојт по пат и си зборвит сама, а ко ќе поминвам ми мумлат нешо и јас аха, да и фаќам магла.

Тие ќе да се. Ено се стишија и овие одозгора, и можам да речам дек си неам проблеми. Дури ни на музика не се жалет. :pipi:
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Факт е дека сегде има ненормални, е сеа треба да си доволно среќен за баш тебе да не си падне некој таков. За жал јас ја немам таа среќа. И до мене и под мене лудаци. Кога славев роденден во Јануари оваа година таа гуската до мене ми викна полиција. Кај шо бевме десеттина души, плус од компјутер пуштавме музика, не беше многу гласно. Али тоа е, на некои луѓе не можеш да им дотераш памет у глава.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Неам проблеми со соседите....најверотно зошто не комуницираме:pos2:
 

vlaono

счо имат
Член од
27 јуни 2009
Мислења
159
Поени од реакции
7
Многу ме нервираат неколку сосетки (постари жени) кои гледат секого, кој во колку излегува, во колку се враќа дома, кој дошол на гости некаде и сл. ствари. После си прераскажуваат по цел ден...:tapp:
И тоа мене ме нервира најпојке си идам во 3 сабалје и некој вампир ке ти излезе...боооооо нервозиии ми ида да го отепам
 
Член од
30 март 2009
Мислења
251
Поени од реакции
20
Ме нервира комшиката што ми ги креди црешите од двор. Инаку во текот на целата година не ја гледам, ама кога зреат црешите... по цела ноќ ја чувам црешата од неа.:vozbud::vozbud::vozbud:
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Немам некои којзнае какви проблеми со комшиите.
Имам една комшика оговарачка,кога ке ми дојде некој на гости,она е на џам,ама навикна се веќе.
И една ретардирана фамилија,живеат позади мене.
Преку зимо не ги ни гледам,ама летоска неможам да заспијам од нив,оти нели отворен прозорец,и ке станат во 5 саат(ја баш кога си легнувам) почнат да испуштат некој неартикулисани звуци,и дури во 9 заспивам:)
А и оти не е оградено помеѓу нашата и нивната куќа со некоја убава ограда...испокрадеа не:)
Лани летото фати ги,ама кога отиде да го разбудам татко ми,он ми вика,ај па ти,утре ке видеме шо ни нема:):)
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Немам проблеми со соседите топ си е се,им пуштам гласно музика не реагирале до сеа ниеднаш,ги сакам:back:
 
N

navivacka

Гостин
Имам долгогодишен проблем со еден комшија...ми го беше отепало кучето со пушка и тоа целото во крв:(од тогаш ни го поздравувам ни сакам да го погледнам а пред тоа многу си живееја нашите фамилии.
Друго-неговите деца сред нок пуштат турбо фолк до даска и се ечи а јас или брат ми да појачи незнам што ке се случи.
Друго комшиско дете уште во 07:00станува и во дворот се дере и пее стихотворби на сет глас,ме буди и потоа неможам да заспијам 2 часа:uvo:

За другите комшии немам зборови...едноставно симпли д бест:back:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Едноставно...не ги забележувам дека постојат, не се замарам со нив, и си немам проблеми.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Моите комшии се доста фини, досега немало никакви инциденти.Не се гледаме нешто многу често, нема ни потреба од расправии некои поголеми.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Лично не сум се карал никогаш. Ако некој нешто каже, едно "кулирај" и не им обрнувам внимание. Actually, 90% од нив не знам како се викат, така да... :)
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
Па порано имав јас лично проблем со комшија...заради гласната музика(стварно беше гласно...ептен)...а сега изгледе веќе се навикна и не се замара ни он ни јас...:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom