Сообраќајни прекршоци и казни

Член од
17 април 2009
Мислења
17
Поени од реакции
0
На сред пат застанува комбе што врши превоз на патници, значи керката на газдарица пред комбето застанува со друго возило со цел да му изврши преглед дали патниците имаат карти, а јас возам позади него и наеднаш сопира, кочев но не успеав да застанам го удрив од позади и кај мене се направи поголема штета, оштетив хауба, десно крили малце, десен фар и украсна маска. А на комбето буквално не му беше ништо оштетено само мала пукнатина на задниот браник, па ако може да кажете кој е крив во случајов.
Potrebno ti e soobrakajno vestacenje, i tuka ke se utvrdi koj e kriv, spored skicata od samoto mesto ... pozdrav SUDSKI VESTAK
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
115
Potrebno ti e soobrakajno vestacenje, i tuka ke se utvrdi koj e kriv, spored skicata od samoto mesto ... pozdrav SUDSKI VESTAK
Od togas pominaa 9 meseci, napravivme evropski zapisnik i od negovoto osiguruvanje me izvestija so pismo dali se soglasuvam so suma pari 18.000 den da mi ja nadomestat stetaat, jas mu vrativ povratno pismo deka se soglasuvam, no po edna nedela mi vratija pismo deka jas sum bil kriv ne sum drzel rastojanie, toa vo red, no kako toj zastanuva na sred pat.

Vaka jas sum od Prespa dali mozi sega da se napravi soob vestacenje deka se izminati 9 meseci, imam i sliki od mestoto na nastanot i situacijata. pozdrav vi pisav i poraka na facebook.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.514

Реално пријателе ич не прави си трошкови со вештачења и постапки оти во секој случај си крив. Ке си направиш само трошоци за вештаци, судски такси, адвокат а на крајот судот ке ти ја одбие тужбата и ке треба да и ги надоместиш трошоците и на спротивната страна. Секогаш кога удираш одзади си крив, без разлика што тој пред тебе нагло запрел или не дал жмигавец или слично, ти секогаш си должен да држиш растојание кое кореспондира со брзината и условите на патот односно секогаш да бидеш во состојба да запреш доколку тој пред тебе нагло закочи. Може да претрча дете и тој пред тебе треба нагло да кочи. Секогаш треба да се држи растојание. Како адвокат имам работено многу вакви случаи и исходот на овие случаи секогаш е однапред познат така да ако некој ти обеќа дека може да добие ваков случај или те лаже да ти земе парички или е голем незнајко и неискусен. Поздрав
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.181
Поени од реакции
3.070
Ме интересираше по колку време стига пријавата ? пред 8-9 месеци ми пишаа за возење мотор без А категорија беше околу 300 евриќи
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.003
На сред пат застанува комбе што врши превоз на патници, значи керката на газдарица пред комбето застанува со друго возило со цел да му изврши преглед дали патниците имаат карти, а јас возам позади него и наеднаш сопира, кочев но не успеав да застанам го удрив од позади и кај мене се направи поголема штета, оштетив хауба, десно крили малце, десен фар и украсна маска. А на комбето буквално не му беше ништо оштетено само мала пукнатина на задниот браник, па ако може да кажете кој е крив во случајов.
Во секој случај ти си крив,бидејќи удираш од назад
 
Член од
5 март 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Другар, абе он е крив многу јасно, штом нагло застанува. Ипак зависи колку брзо си возил ти а колку било дозволено, колку си бил оддалечен од комбето, може и сопирачките да ти ги тестират дали се добри... може и тебе да те искриват ќе ти измислат нешто ако немаш врски... Наште судови се такви - правиот е крив а кривиот прав...
 
А ако нагло застанал оти му претрчало дете? Секогаш си крив кога удираш одзади. Должен си да одржуваш растојание кое би било доволно да запреш ако тој пред тебе нагло закочи.
 
Тоа го реков бидејки имавме слична ситуација.. Се возев со комбе на отворен пат, кога колата од пред нас нагло закочи бидејки здогледал некој пријател паркиран на крајот на патот на паркинг. Комбето што се возевме се обиде да закочи, но не можеше па затоа избегна на левата лента но во истиот момент од другата страна идеше друго комбе, па возачот на нашето комбе помина низ средина и ги закачи само ретровизорите од страните на нашето возило.. Полицијата чекаше на само 50 метри од настанот и го следеше, па поднесе пријава само против лицето кое нагло закочи а на возачот на комбето со кое се возевме му честиташе за начинот на кој успеа да избегне страотна сообраќајка..којзнае дали некој би преживеал доколку возачот толку прецизно не поминеше помеѓу возилата.
Затоа и мислам дека не секогаш е крив тој што удира од позади (од гледна точка на возач, од правна гледна точка доколку сте правник сигурно подобро знаете).
 
Член од
11 август 2011
Мислења
45
Поени од реакции
2
Да прашам едно прашање. Значи имам мотор од М категорија. И една вечер со еден другар шо немаше кацига сакав да го однесам дома. И сеа ги гледам на цајканиве на појќе од 150 метри беа и си застанав десно, си го паркирав моторчето и си ојдовме од местово и оддалеку посматрав шо се случува. Е сеа дали може да се има десено цајканов да ми пиши казна а јас да не сум тука (зошто се доближи до моторов, ама не знам дали ми напиша казна)? Иначе моторов е со регистарски таблички, па дали може според нив да ми има пишано некоја казна и каква отприлика? Ве молам за брз одговор.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
366
Поени од реакции
10
Неможе, за да ти пише казна за кацига мора да те застане и да му дадеш документи за да знае на кое име да ја пише. Неможе казната за кацига да ја напише на основа на регистарската таблица.
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.139
Поени од реакции
2.716
Дали ти даваат некаква казна мислам на ливче ако си направил прекршок на самото место ако те застанат џандари или ти запишуваат податоци све тоа и ти доаѓа покана од суд после..
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
здраво почитувани во форумов .
пред некој ден ми се случи собракајна несрека во автопат каде дозволената брзина е 80 .ме удрија од позади .каде сто јас возев со 85 на цас и претекнував две расипани коли кои возеа по 50 на час.(бев во левата лентаа).
тој сто ме удри беше со голема брзина бидејки со абс кочел 14 метри (тој во записникот рекол дека бил 130 ).полицијата направи записник ама изгледа записничарот бил под голем притисок и од очигледното дека тој е крив бидејки бил со голема брзина во записникот написал 50 %- 50% (значи дека 50 јас крив 50 тој) что мислите како да продолзам
 
Член од
12 март 2009
Мислења
15.367
Поени од реакции
10.100

..jas bi angažiral veštak od republički zavod za veštačenje, posebno ako se golemi šteti...nemože zapisničar da odreduva koj e kriv... vsušnost ako e dozvoleno 80km/h (delot na avtopat kaj Gostivar ?), ti ne smeeš da voziš zakonski pobrgu od 88km/h, a toj te udril odzadi ??
 
Член од
21 август 2010
Мислења
209
Поени од реакции
7
Како оди сега ова со камериве? Прееска застанав на семафор на десна лента (која е и за десно и за право) ама пошто сакав да одам право, а да не сметам на тие позади мене што ќе одат десно се престроив лево (во таа за право), пред првиот што чекаше. После регуларно :) си чекав да се запали зелено и тргнав. Е после ми текна дека камериве работат, па ако знаете да ми кажете дали има шанси да ми стигне честитка дома и колку пари :mad:
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
3
Поени од реакции
0
..jas bi angažiral veštak od republički zavod za veštačenje, posebno ako se golemi šteti...nemože zapisničar da odreduva koj e kriv... vsušnost ako e dozvoleno 80km/h (delot na avtopat kaj Gostivar ?), ti ne smeeš da voziš zakonski pobrgu od 88km/h, a toj te udril odzadi ??

Bas taka e, nesrekata se sluci vo avtopatat nakaj Gostivar , a toj spored tragovite na kocenje vozel so goolema brzina. Me udri direktno od pozadi. Se obiduva da kaze deka sum mu go presekol patot, iako drugo kazuva udarot...
 
На врв Bottom