инаку многу ретко памтам сонови, али овој го запамтив, али скроз(како сценарио за филм)

па ме заеинтересира малку
во стара куќа во село од дедо ми седиме во соба (дедо ми и баба ми се починати), седиме цела фамилија од на татко ми страната(вклучено и чичковци), вклучувајќи го и дедо ми, иако е починат. Јас мал, вратата подотворена и гледам фигура од стар човек во темницата од ходникот, и се исплашив, ја затварам вратата, и заклучувам. И татко ми и чичковците си зборуваат нешто внатре како "аа дојде" (боже го знаат човекот од претходно), а човекот од другата страна почна да бутка на вратата. И почнаа да си разговараат, де со татко ми, де едниот чичко, како сте, добри ли сте, што правите. И едно време се подотвори вратата, и јас ја држам да не се отвори скроз, али не ја затварам, туку оставам малку оти си разговараат. И едно време ја затворив, и татко ми ми даде сол, и вика "потури тука, тука е закопан", и одма до вратата до еден креденец истурив од солта божем да не влезе овој од надвор. И затворена вратата и се тргам јас од вратата, си седнувам на маса, и ги прашувам "ова .... ли е (прадедоми)", и ми одговараат, "не, Ратко е (името го немаме, ни сме го имале во фалимија)". И тогаш се вртам накај вратата, ја гледам, и овој бутка јако на вратата за да влезе. И се скрши бравата, и се подотвори вратата. И се разбудив.