Сонови, толкување на сонови

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Сонував како сум купил мотор. 3600 евра голем 900кубици. Без многу ценкање. Го пробував по улички каде што знам дека нема полиција и супер ми беше (Немам возачка за мотор). Колата што ја имам ја ставив во гаража и се преокупирав на моторот што го купив. Што ќе да е ова?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Se izvinuvam za latinicava no pisam od mobilen.

Ja sonuvav bivsata devojka deka treba da pravi veridba. Ja sretnav vo nekoja prodavnica, bese so verenikot i pazarea. Kosnickata im bese polna so plasticni servisi- nozovi i viljuski. So znaci seto toa?
Еве ти мое толкување на сонот.
Да се сонува нешто во врска со јадење, значи дека пожелуваш да дојде крај на осаменоста. Тоа што сервисите за јадење биле пластични, значи дека се сомневаш дека вереникот е добар избор на твојата девојка. Можеби сакаш да ја обновиш старата врска? Или можеби ќе бараш нова девојка?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Знае ли некој што значи да сонуваш катедрала, црква, таква католиците што имаат и како трчаш во неа, и одеднаш се наоѓаш на свадба кога треба невестата да го фрли бидермаерот, а не се сеќавам дали сум го фатила. Имаше и нешто попот нешто ми збореше.
 
Еве мое толкување на сонот:
Да се сонува црква, значи дека се надеваш дека нешто ќе ти успее. Сонување на свадба значи дека се надеваш на голем успех или можеби на својата свадба ако не си омажена. Сонување на поп, значи се надеваш на голем успех . Се на се многу убав сон.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Јас вчера сонував нешто како ме бркала полиција ... Сум бил со другари ,прво не затвориле нешто па не знам со некој врски глупости сум успеал да избегам од затворот (кој на сонот ми личеше како амбуланта). Таму сум го видел и татко ми и тој бил затворен па од кога избегав пак ме бркаа тука кај мене во близина ама успеав некако да се скријам и не ме фатија мене, а од другарите што беа со мене некој успеаа да фатат .. Ако може да ми каже некој дали има некакво значење сонов и какво ако знае ? Фала :)
 
Член од
3 јуни 2011
Мислења
69
Поени од реакции
24
Во синоќешниот сон патував со автобус.Седев некаде напред,до мене седеше девојче или момче не се сеќавам добро,односно ликот не го гледав.,Патувавме некаде ,имав чувство дека одиме на екскурзија.Автобусот беше полн.Се наближувавме до една раскрсница а таму чекаа многу деца(велам деца бидејки беа на воздраст на околу 15-сетина година).Кога стигнавме до нив и почнаа да се качуваат,се свртев назад во автобусот и приметив дека бил празен,или пак имав чуство дека претходно бил полн.Имаше и еден пристар човек ,не знам дали беше водич или професор ама постојано зборуваше за хигиената во автобусот.
Стигнавме до една огромна зграда,внатре имаше огромен базен ,сина чиста вода.Веднаш сум сакала да влезам внатре,но личноста што седела до мене во автобусот ме опоменала дека прво треба да одиме да се истушираме,бидејки не давале така да се влева внатре.Бев доста зачудена бидејки не се осекав валкано,дури и се противев .Дојде човекот од автобусот,оној кој го мислев за водич,и не истурка мене и личноста со мене до купатилото.Таму било доста тесно едвај сум поминала низ малиот ходник,како да имаше гужва,а потоа имало 4-5 врати а внатре тушеви.Цело време сум чекала човекот да замине за да се искрадам до базенот.Пред да се разбудам тој само рече-Хигиената е доста важна!
 
Член од
3 јануари 2012
Мислења
8
Поени од реакции
2
Значи дека, во обид да излезеш од некоја непријатна ситуација, а притоа и имаш очекувања да “зграбиш“ нешто повеќе од истата, несомнено би бил жртва на некаква измама.
Posle ovoj son, vednas utredenta se razbolev epten, grip, bronhit..., moze da znaci vakvo nesto ?
 
S

Sattva

Гостин

Иако соништа кои содржат основни елементи како во твојот случај, веднаш асоцираат на болест, смрт... убедена сум дека тука не станува збор за такво нешто.
Толкувањето останува непроменето, според мене, но биди слободна да побараш и второ мислење :)
 
Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.043
Поени од реакции
2.130
Ја сонував бившата , аген (hell yeah) како ми пишала на фејсбук..:pos:
 
Член од
3 јануари 2012
Мислења
8
Поени од реакции
2
Иако соништа кои содржат основни елементи како во твојот случај, веднаш асоцираат на болест, смрт... убедена сум дека тука не станува збор за такво нешто.
Толкувањето останува непроменето, според мене, но биди слободна да побараш и второ мислење :)
Ок, фала уште еднаш.. :).. баш поради причините кои ги наведе ти.. се вадам од памет :)..
 
S

Sattva

Гостин
Ок, фала уште еднаш.. :).. баш поради причините кои ги наведе ти.. се вадам од памет :)..
Нема на што :)

Знам. Ова сум го кажала бескрајно пати: наместо да се плашиме, со информацијата, т.е. предупредувањето кое доаѓа од сонот, сме во предност и можеме да ги промениме нештата, наместо да дозволиме истите да се случат :)
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 15:41 ---
Во синоќешниот сон патував со автобус.Седев некаде напред,до мене седеше девојче или момче не се сеќавам добро,односно ликот не го гледав.,Патувавме некаде ,имав чувство дека одиме на екскурзија.Автобусот беше полн.Се наближувавме до една раскрсница а таму чекаа многу деца(велам деца бидејки беа на воздраст на околу 15-сетина година).Кога стигнавме до нив и почнаа да се качуваат,се свртев назад во автобусот и приметив дека бил празен,или пак имав чуство дека претходно бил полн.Имаше и еден пристар човек ,не знам дали беше водич или професор ама постојано зборуваше за хигиената во автобусот.
Стигнавме до една огромна зграда,внатре имаше огромен базен ,сина чиста вода.Веднаш сум сакала да влезам внатре,но личноста што седела до мене во автобусот ме опоменала дека прво треба да одиме да се истушираме,бидејки не давале така да се влева внатре.Бев доста зачудена бидејки не се осекав валкано,дури и се противев .Дојде човекот од автобусот,оној кој го мислев за водич,и не истурка мене и личноста со мене до купатилото.Таму било доста тесно едвај сум поминала низ малиот ходник,како да имаше гужва,а потоа имало 4-5 врати а внатре тушеви.Цело време сум чекала човекот да замине за да се искрадам до базенот.Пред да се разбудам тој само рече-Хигиената е доста важна!
Јас сметам дека тебе не ти е потребно толкување на наредниот сон, зошто цел месец (па и повеќе) соништата ти укажуваат само на едно нешто :)
Значи дека треба да настанат промени во твојот живот, промени во состојбата, на ситуацијата... и за да истата тргне во позитивен правец, би требало и повеќе да се свртиш кон себе си, и да воспоставиш вистински контакти со други луѓе со цел да се почувствуваш “живо“, или да го подобриш твоето социјално, професионално ниво... Децата, Екскурзијата... сето тоа укажува на нови прилики, за кои јас те советувам внимателно да ги разгледаш и да не ги пропуштиш (внимавај, ако почекаш уште малку и не превземеш никаква акција, може и никогаш нема да ти се укажат нови или толку поволни), и покрај тоа што ќе те вознемират многу непријатни обврски, сите тие се во твоја корист и ќе ти помогнат потрезвено и похрабро да се соочиш со твојот нов “животен стил“ и да не чувствуваш вина поради истиот... (пп)
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 16:13 ---
Едно мое предвидување кое го имав ноќеска, укажува дека припадниците на знакот на Риби периодов ќе бидат изложени на поголеми опасности во сообраќајот, па затоа, колку и да звучи смешно ова, ги замолувам да внимаваат многу повеќе, да се “рассонат“, поготово ако тие се седнати зад воланот. (Детаљите ќе ги зачувам за себе.)
 
Член од
2 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
81
Пред неколку години ја сонував Богородица! Сонот беше доста чуден и сеуште не знам што значи.
Сонував како сум пред мојата зграда со мајка ми и уште една другарка (не се сеќавам која беше, само знам дека ми била другарка) и мајка ми, ми кажува дека Богородица треба да влезе во мене и преку мене да изврши некоја задача, но луѓето да не знаат дека е таа, а во другарката као некоја друга светица, но не се сеќавам која. Наеднаш дошол и тој ден (како во сон нели) и влегувам со мајка ми во зграда, се качуваме на спрат излагам од лифт и гледам кај мене пред врата еден куп луѓе, чекаат нешто...застанав пред врата и некој го спомна моето име и рече еве ја дојде. Се вртам накај влезните скали и гледам како се симнуваат мажи облечено во црно( како телохранители беа) и доаѓаат накај мене, а позади нив гледам дека иде жена со смеѓеа коса и многу убав, бел лик. Истата жена се приближи до мене застана и ме погледна, ништо не збореше само слушнав како ми ја претставуваат и ми викаат ова е мајка Богородица, јас ја испружив раката да се поздравам со неа и почнав да плачам од возбуда, не ми се веруваше кој стои карши мене. Толку се сеќавам од сонот.
Те чекам Sattva да ми кажеш мислење, а може и некој друг доколку знае што значи.:)
 
Sonov e preubav... ne znam sto znaci, no znam deka ednas edna strara kalugjerka ni ima kazano deka treba da se raduvame i molime makar i na son da ni se javi Majka Bogorodica... :) pa zatoa mislam deka sonov ti kazuva nesto mnogu ubavo.. pozz
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Комшика со уште една комшика земале метла од мене, ама не метеле.
Ме интересира дали ова има значење за мене или за таа што го сонувала сонот.
Сонот ми го кажа другата комшика,не таа што сонувала.
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
196
Поени од реакции
111
Комшика со уште една комшика земале метла од мене, ама не метеле.
Ме интересира дали ова има значење за мене или за таа што го сонувала сонот.
Сонот ми го кажа другата комшика,не таа што сонувала.
метлата значи лажни пријатели од тука следи дека не сте вистински пријателки со комшиките..не се глупости,сега прочитав, а јас би протолкувал дека на твоите комшики не се задоволни од домашниот живот иимаат желба да живеат како тебе и можеби сакаат да дознаат како да го сторат тоа, со други зборови им треба мала помош од тебе
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 23:35 ---
Sonov e preubav... ne znam sto znaci, no znam deka ednas edna strara kalugjerka ni ima kazano deka treba da se raduvame i molime makar i na son da ni se javi Majka Bogorodica... :) pa zatoa mislam deka sonov ti kazuva nesto mnogu ubavo.. pozz
се сложувам, истото тоа го читам и јас во моментот
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 23:39 ---
Нема на што :)

Знам. Ова сум го кажала бескрајно пати: наместо да се плашиме, со информацијата, т.е. предупредувањето кое доаѓа од сонот, сме во предност и можеме да ги промениме нештата, наместо да дозволиме истите да се случат :)
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 15:41 ---

Јас сметам дека тебе не ти е потребно толкување на наредниот сон, зошто цел месец (па и повеќе) соништата ти укажуваат само на едно нешто :)
Значи дека треба да настанат промени во твојот живот, промени во состојбата, на ситуацијата... и за да истата тргне во позитивен правец, би требало и повеќе да се свртиш кон себе си, и да воспоставиш вистински контакти со други луѓе со цел да се почувствуваш “живо“, или да го подобриш твоето социјално, професионално ниво... Децата, Екскурзијата... сето тоа укажува на нови прилики, за кои јас те советувам внимателно да ги разгледаш и да не ги пропуштиш (внимавај, ако почекаш уште малку и не превземеш никаква акција, може и никогаш нема да ти се укажат нови или толку поволни), и покрај тоа што ќе те вознемират многу непријатни обврски, сите тие се во твоја корист и ќе ти помогнат потрезвено и похрабро да се соочиш со твојот нов “животен стил“ и да не чувствуваш вина поради истиот... (пп)
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 16:13 ---
Едно мое предвидување кое го имав ноќеска, укажува дека припадниците на знакот на Риби периодов ќе бидат изложени на поголеми опасности во сообраќајот, па затоа, колку и да звучи смешно ова, ги замолувам да внимаваат многу повеќе, да се “рассонат“, поготово ако тие се седнати зад воланот. (Детаљите ќе ги зачувам за себе.)
ова важи ли за риби-подзнак?претпоставувам не ама пак да си прашам:icon_lol:
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 23:44 ---
нешто чудно сонував и вулгарно беше искрено малку..затоа ако може да ти пишам само тебе може Sattva? сонот мислам дека е мн важен, уште го мислам..може?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom