S
Sattva
Гостин
Со дечкото кој се бакнував пред некоја вечер на сон, ноќеска повторно се сретнав. Само овој пат сме биле странци.
Јас сум била сама во еден тивок бар, целиот прозорци, сум пиела чај(на моменти сум мислела дека е кафе)... и тој влегол. Ме замоли да му дозволам да седне на мојата маса, зошто најверојатно барот бил преполн, иако оставаше впечаток дека освен нас двајца и келнерот, немаше жива душа (јас тоа не можев да го видам бидејки бев седната близу вратата, свртена со грб кон целиот простор... само така осетив). Јас, се разбира дека му дозволив да се смести на масата, ради човечност, не се работеше за друг вид на интерес. Тој пиеше кафе, разговаравме цело време, се запознававме... и мислев дека сум го однела кај мене дома, т.е. во дворот од мојата куќа... се додека не приметив дека разговорот се претворил во делење совети од областа на економијата од страна на Претседателот на нашата земја(кој седеше на стол поставен горе на масата, но, сепак, не оставаше впечаток на супериорност) и пасивно учество и љубезно(добро, не “љубезно“, туку... “благодарно“) примање на советите од моја страна. За некое чудо, уживав во чајот и разговорот, а се надевам и Претседателот ))
(Инаку овој сон беше надоврзување на еден друг, во кој сум била во една бела, празна, долга и без врати, куќа, со едни девојчиња кои ми биле цимерки, и заедно сме го очекувале доаѓањето на други девојчиња... Куќата се наполнила со жени, сме разговарале многу (во реалноста не сум толку социјална)... од кои мислам дека познавам само две, од кои едната, со помош на некоја нејзина другарка, подоцна ми украде нешто. Јас чекав да се испразни куќата, за да на крај ја замолам девојката да го остави тоа што ми го зеде.)