Совршеното општество

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Не може да постои совршено општество. Едноставно се коси со човечката природа. А и досадно ќе стане. А овие кои се блиску до совршени, се деградирачки. Докажано е дека уметноста, мислата и прогресот највише успеваат во несовршени општества. А ако се е совршено, тогаш не мора да се поправа... И тогаш лошото биднува.
Али ко што кажав, природата не заштитила од таква деградација и човекот природно си е алчен, во константна потреба од идоли, така да секое на хартија совршено оптштество, бргу си ја зазема својата природна форма. Едните одозгора, многуте одоздола. Абе у социјализмот сите беа I класа, ама одма се гледаше кој е Ia, Ib и Ic класа. Луѓето не се раѓаат еднакви. Тоа е факт.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
NikolaP напиша:
Не може да постои совршено општество. Едноставно се коси со човечката природа. А и досадно ќе стане. А овие кои се блиску до совршени, се деградирачки. Докажано е дека уметноста, мислата и прогресот највише успеваат во несовршени општества. А ако се е совршено, тогаш не мора да се поправа... И тогаш лошото биднува.
Али ко што кажав, природата не заштитила од таква деградација и човекот природно си е алчен, во константна потреба од идоли, така да секое на хартија совршено оптштество, бргу си ја зазема својата природна форма. Едните одозгора, многуте одоздола. Абе у социјализмот сите беа I класа, ама одма се гледаше кој е Ia, Ib и Ic класа. Луѓето не се раѓаат еднакви. Тоа е факт.
Или...
Нешто приближно на совршено општество може да се очекува единствено кога човекот ќе расчисти со материјалното и ќе даде значење на духовното.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
humanoid напиша:
Или...
Нешто приближно на совршено општество може да се очекува единствено кога човекот ќе расчисти со материјалното и ќе даде значење на духовното.
Човекот ќе расчисти со материјалното, кога ќе се најде начин за производство на материјални добра без никој да работи, а да го има тоа што му е неопходно за живот. Можеби во перпетум мобиле лежи зајакот...
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Сеа ќе натрупам неколку работи.

Луѓето не се раѓаат, не се и не умираат еднакви. Закон на природата.

Стремежот кон еднаквост е одлика на послабите. Стремежот кон подреденост е одлика на посилните. Дарвин не важи и за природата. Во совршеното општество нема групирања според сродство, граници, интерес, религија и сл. Тој процес оди волунтаристички. Во совршеното општество нема власт, нема поданици, нема цариници, нема никаква форма на надвладејување на едните врз другите, никаква форма на попречување на слободната волја, понекогаш дури и во случаи кога има антагонизам меѓу волјите.

Да се дојде до совршено општество, треба да се анализираат првин Боден, Русо, Хобс, Лок и сите понаваму.. треба да се земе во предвид целата договорна теорија, сите аспекти. Иако контрадикторно, сепак природната состојба ги раѓа природните права на чело со приватна сопственост (од Расправите на Лок тоа е препишано у америчкиот устав и поната станува основа на целото современо постоење), ама па сепак крив е тој што прв си оградил парче земја, и сепак природната состојба е bellum omnia contra omnes. И сепак оптествениот договор е измама каде што масата заедно со суверенитет во параноја и страв на владетелот му ги препишува и делумно своите права, грешка чие исправување понатаму зазема централно место.

Значи, совршеното општество е анархијата, и тоа онаа индивидуалистичката каде што се достигнува врвот на еволуцијата од орда до поединец. Кај што има хоризонтална распореденост, каде што суверенитетот е атомизиран. Не е анархија она шо вика Ацид или било кој за претерана демократија, тоа е оклократија. Анархија како термин е многу лошо и еднострано преведен кај нас.
Anarchy refers to a desired form of human interrelationship based upon voluntary cooperation without coercion or control of others.

The word "anarchy," as anarchists use it, does not imply chaos, nihilism, or anomie, but rather a harmonious anti-authoritarian society.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ajде тогаш да ги анализираме сите аспекти на анархијата - онаа вистинската според која би го постигнале тоа. Вечер кога ќе се вратам ќе прочитам.
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Мистичен напиша:
Ajде тогаш да ги анализираме сите аспекти на анархијата - онаа вистинската според која би го постигнале тоа. Слушам.
Срамни со земја се` што значи држава. Бакунин. Па и Маркс со суштинското значење.

Ако изложам се` што е анархија, ќе си го зачува у ворд и ќе си го дадам за докторска дисертација :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не бе, сериозен сум. Навистина е интересно да дискутираме за ова и имам еден предлог. Сакам овој топик да остане, а да отвориме нов во кој ќе биде твоето изложување, за да не се расплиниме многу на сите страни, за да буквално ги видиме сите можности прецизно.

Доколку не те мрзи, би било интересно.
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Мистичен напиша:
Не бе, сериозен сум. Навистина е интересно да дискутираме за ова и имам еден предлог. Сакам овој топик да остане, а да отвориме нов во кој ќе биде твоето изложување, за да не се расплиниме многу на сите страни, за да буквално ги видиме сите можности прецизно.

Доколку не те мрзи, би било интересно.
Заеби пуно топици. Се губи суштината така.

Сеа ќе ти кажам што ја мислам, иако неам доволно читано за да апла бидам стручен во излагањето.

Совршено општество не значи совршена живеачка. Тоа што ни е си го прчиме сега на топличко пред компјутер, а што во моментов во Африка мали деца умираат од глад, у Русија умираат од ладно и слично, значи дека човековото општество отишло ВО МАЈЧИНАТА. ОК, некој ќе рече, природен развој, различни цивилизации различно се развивале итн, ама не е тоа. Имаш ти колонијален и неоколонијален развиток, водење од материјални интереси, религиски и национални војни (КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИОТ АПСУРД ЕВР).

Таа анархија би ги имала следните карактеристики:

1. со самото тоа што би постоела, тоа би значело дека човекот дошол на извесно ниво на ОПШТЕСТВЕНА СВЕСТ, т.е. не би се колеле за џабе меѓу себе, и таа bellum omnia contra omnes би била исконтролирана.

2. приватна сопственост и така натака: во тој поглед веќе постои одредена алиенација на општеството од државата. Како што тече приватизацијата, така државата се помалку е економски фактор. Новите држави на тој план се КОРПОРАЦИИТЕ. Рецимо, на запад новиот проблем со невработеноста - не се одговорни државите, туку компаниите. Странски или мешовит капитал, и нема никаква одговорност на институциите. Или кај нас - ги избркале па штрајкуваат пред влада (ок, да не забегувам). Значи, како што е тргнато, да се направи само една мала забелешка - не треба да биде интерес заработувачката, туку доброто за сите.

3. права и слободи: секој би имал право да прави што сака. Маркс за човекот вели дека ќе се реализира кога ќе има време 2 саати да работи, 2 саати да се образува, 2 саати да си го прчи или сл., не ми текнува баш. Преку работата се реализира човекот, ама во светот со искочен интерес човекот и` е роб на работата. Кога ќе се свати дека луксузот не е врвно добро, тогаш ќе има услови за ова. За политичките слободи - кога не би имало држава не би имало ниту цензура, ниту Голи Оток ниту војни, ниту апсење, не би се спорело легализирање или забрана на трева и сл., а што се тиче оружјата, пак викам дека битна е премисата РАЗВИЕНА ОПШТЕСТВЕНА СВЕСТ за да не дојде до таа ебана војна на секој против секого.

Уствари, целата филозофија е луѓето да успеат не како заедница туку само како индивидуи да изградат односи кои би ја надмашиле државата, тие би си го вратиле суверенитетот и би го поделиле меѓу себе. Кога човекот ќе биде еквивалент на суверенот, тогаш државата ќе биде нула. Парите исто. Па и оружјата. Кога секој би имал еднаква шанса за старт (е тоа еднаквоста на Маркс, не ебате национализација на ратни пленици) тогаш секој ќе си трча како сака. Кој со компететитивен дух (кој се задушува лесно), кој строго волунтаристички.

Може вака? :) И не отварај нова тема, стварно ќе се заебе дискусијата, нека остане тука.
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Sovrsenstvoto bilo i ke si ostane samo zelba i vecen ideal na lugeto. Koj i da go sozdaval Svetot (Bog ili Prirodata) vo samata osnova na covekot vgradile zastiten mehanizam koj nedozvoluva sozdavanje na sovrsenstvo a so toa ni takvo opstestvo.
Za da postoi sovrseno opstestvo treba site da s(m)e sovrseni ili vo najmala raka ednakvi. Ednakvi vo se. Nesto sto e apsolutno nevozmozno. Mozebi nekogas i ke postigneme socijalna-klasna-matrjalna ednakvost no.....
Jas sum povisok, toj e poubav, drugiot e pobrz, taa e poduhovita, drugata e pomolcaliva....
Levata so desnata polovina na covekovoto telo ne e ednakva pa sto ostanuva za miljardite kombinacii na genetski materjal koi ja preplavuvaat planetava, ete go zastitniot mehanizam. Bez ednakvost nema sovrsenstvo, a ednakvosta e prakticno nevozmozna.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Еве некои гледни точки околу утопиата во малку помодерно време.

Сопред Thomas More, терминот Утопиа претставува република со рационално организирано општество каде што сите материјални добра се рачунаат како заеднички. Има само неколку и нема aдвокати, ретко ги прајќа своите граѓани во војна, но, изнајмува
платеници од своите соседи.

Утопијата може да биде: Економска, Политичка, Верска или Научна и технолошка.

- Економска утопиа
Во раниот дваесетти век се издигнале неколку утописки идеи, често како реакција на брзиот развитокот на комерцијализмот и kапитализмот. Тие преставуваа група на истомислиеници сите слеани во еден Утописки Социјализам. Како карактериски може да се одделат следните: Егалитарско (рамноправно) дистрибуирање на материјални добра, обезвреднување на парите, граѓаните да го работат тоа што најповеќе им прилега и воедно е за доброто на сите
оставајќо си слободно време за култивирање на уметност и наука. Класичен пример на една ваква утопиа е претставена во книгата на Edward Bellamy "Looking Backward". Но, со текот на времето и социјалистичкото движење созреа, утопизмот беше отфрлен. Социјалистие своите верувања ги базираа на реалностите во тоа време. Во тоа време Марксизмот го доби епитетот како најстрог критичар на социјалистичкиот утопизам.
Утопии исто така биле имагинирани и од спотивната страна, имено, капиталистичките утопии во суштина биле базирани на совршени економски пазари во кои што не би имало пад на пазарните вредности или поимот пад на пазарот би бил тотално исфрлен. Одредени хисторичари eкономските книги ги свајќаат како ништо друго освен капиталистички утопии. Пример на економска
утопиа има претставено Robert Heinlein во "The Moon is a Harsh Mistress".

- Политичка утопија
Тоа е глобална утопија на светски мир.
Спарта беше милитантна утопија основана од страна на Lycurgus.
Во САД за време на "Второто големо будење" на деветнаесетиот век, многу радикало религиозни групи формираа утописки здруженија. Тие стрмеа кон стварање на општество каде што секој аспект на животот на нејзините жители би бил поттикнат од страна на нивната верувања. Меѓу најпознатите од овие утописки општества беше "Shaker движењето". Најголемото од оваа врста беше "Church of Jesus Christ of Latter-Day Saints" со седиште во Utah (САД) околу 1846 год.

- Верска утoпиа (религиозна)
Христијанските и Исламските идеи за Рајот стрмеат кон утопиа, посебно фактите како: дека таму се сите без гревови, нема сиромаштија, нема тага, смртта не постои. Во Будизмот концептот на Nirvana исто така може да се брои како една врста на утопиа. Овие верски утопии се често една од главните причини на поединецот да остане верник во исчекување на оваа утопиа.

- Научна и технолошка утoпиа
Оваа утпиа е превидена за иднината, во која се верува дека напредната наука и технологија ќе дозволат утописки животни стандарди, на пример, смртта и патењето не ќе постојат, човековата
природа (изглед и понашање) ќе може да се менува.

Преведено од: http://utopia.biography.ms/
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Eko1,

ако ти си го пиѓшал ова за Утопија, аферим за маката. Ако е пастано, ОК.

Али ме закопка да појаснам за Томас Мор шо пишал дело за Утопија.

Меѓу другото, во таа Утопија строго е забранета било каква дискусија на тема политика. Еден збор и доволно е да се санкционира. КАЗНАТА Е СМРТ.

Во Утопија постојат РОБОВИ.

Утопјаните вршат колонизација на континенталните предели. ХАРДКОР КОЛОНИЗАЦИЈА ОД НАЈЦРН ОБЛИК која нема никакви обѕири према локалното население.

Утопјаните сите го подредуваат животот према законите на островото. Рецимо, мораат да работат на периоди градски дејности, на периоди земјоделие, си ги мењаат куќите, мораат у точно определено време да јадат и тако даље. ВО УТОПИЈА ЛУЃЕТО СЕ РОБОВИ НА ЗАКОНОТ.

Се нема право на свое мислење. Освен тоа со казната за спротивно мислење од државата, во Утопија сите мораат исто да се облакаат, исто да јадат, исто све. КОПИ ПЕЈСТ, ко роботи.

Уосталом, постои гледиште дека Утопија е пародија на тогашна Бротанија, а Хитлодеј е уствари само маската на Мор. Уствари, у првата книга заедно со другарчињата се дискутира колку западниот поредок е срање.

Како идеја, и Утопија и Државата на Сонцето на Кампанела и така натака се еден вид копија на Држава на Платон.. онака, фикции, а се базирани на некои принципи, систематизација и слично. Не ги бива од проста причина што се гледишта на 1 човек, на 1 ум.. и затоа се вика дека секоја „утопија” е основа за тоталитаризмот и автократизмот.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Тоа горе го преведував едно пола саат :icon_lol: (нормално го читав прво) ми дојде интересно пошто јас све сум читнал за некои историски фиктивни утопии.

За тоа си во право, дека во утопијата луѓето се робови на законот, но, сепак можеби таа Научна и Технолошка Утопиа во блиска или далечна иднина би имала можност за реализција, нормално под услов да е достигнато тоа највисоко ниво на наука и технологија како што е наведено преминување на тие барирери како што се смртта и генетските разлики и тнт.... па ваљда ке биде во стилот на роботите.... ќе направат нов софтвер.... идеш.... ти праат апдејт.... и пак си како сите други ист (ух самата помисла на вакво нешто ме наежи)..... само што се прашувам како сето тоа би фукционирало.... т.е. кој би ги правел сите тие "мозочни софтвери".... значи сепак би требало да има некој "попаметен" од сите други.... или можеби пак солуцијата би била таа да сите луѓе да се "олицетворение" на само еден индивид изгласан од страна на целата популација :raz: ....
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Eko1 напиша:
Тоа горе го преведував едно пола саат :icon_lol: (нормално го читав прво) ми дојде интересно пошто јас све сум читнал за некои историски фиктивни утопии.

За тоа си во право, дека во утопијата луѓето се робови на законот, но, сепак можеби таа Научна и Технолошка Утопиа во блиска или далечна иднина би имала можност за реализција, нормално под услов да е достигнато тоа највисоко ниво на наука и технологија како што е наведено преминување на тие барирери како што се смртта и генетските разлики и тнт.... па ваљда ке биде во стилот на роботите.... ќе направат нов софтвер.... идеш.... ти праат апдејт.... и пак си како сите други ист (ух самата помисла на вакво нешто ме наежи)..... само што се прашувам како сето тоа би фукционирало.... т.е. кој би ги правел сите тие "мозочни софтвери".... значи сепак би требало да има некој "попаметен" од сите други.... или можеби пак солуцијата би била таа да сите луѓе да се "олицетворение" на само еден индивид изгласан од страна на целата популација :raz: ....
Научна и технолошка Утопија ти е Стар Трек ;)))

сеа ќе добиеш од моите зелени шо вредат по 15 поена ;)))
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Офчар напиша:
Научна и технолошка Утопија ти е Стар Трек ;)))

сеа ќе добиеш од моите зелени шо вредат по 15 поена ;)))
Па да, во Стар Трек беа тие Борговите (така мислам се викаа)..... факт е дека научно фантастичните филмови не биле баш и толку далеку од вистината..... ако ти текнува "Дик Трејси" (опасниот детектив) имаше саат со микрофон и приемник.... па му се јавуваа од неговата канцерарија...(како мали деца ни беше футуристички поим тој саатот).... но во денешно време е реалност....и низа други изуми на денешницата..... па такада со рапиднипт напредок на технологијата.... не ми е ич чудно еден ден сите да станеме Боргови или пак толкавиот напредок да ни го означи крајот на нашето постоење. :icon_lol:

Btw: Фала на зеленото.... да ти даде господ една убава невеста пиле :icon_lol:
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
Eko1 напиша:
Btw: Фала на зеленото.... да ти даде господ една убава невеста пиле :icon_lol:
Фала, да ти се врати ;)

Иначе, научно технолошката утопија во Стар Трек е следнава:

Стар Трек во првите епизоди во 1960 и која таму, имаат ВИЗИЈА за: компјутерски програми, медицински потфати као оперирање со струја, ласери, трансплантирање, имаат послем таму отварање врати со скен на рука, со скен на око, и сл, и катаљон ситници што тогаш биле непоимливи, а денес се најнормална работа.

Требаше да дојдат повеќе луѓе на предавањето во Електро на МакТрек екипата, баш за ова се збореше.

Ај да не се оддалечуваме од топикот. :kajg:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom