Современиот Сатанизам, реалност или мит?

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Епа ова е тоа што го зборам кога нагласувам дека вашите религии ги потиснуваат природните човечки нагони, ги прогласуваат за неморални и декадентни и како нуспроизвод на тоа, тие нагони секако излегуваат на површина деформирани. Причината за тоа е присутна кај сите христијански деноминации а тоа е премисата дека ист модел, ист морал, ист начин на живот треба да важи за сите луѓе. Таа кобна грешка е одговорна за безброј страдања.

Христијанството ја прикажува жената инфериорна во однос на мажот, и забранува да има авторитет и власт над него, и порачува дека МОРА да биде скромна и да молчи:
1 Тимотеј 2:
12.Јас не дозволувам жените да ги учат мажите, или да им заповедаат. Треба да бидат тивки,
13.зашто Бог прво го создаде Адам, а потоа Ева,
14.а и не беше Адам тој што беше измамен, туку жената, која потоа направи грев.

Како последица на ова, кај мажите воспитани во христијански дух, се јавува револт кога ќе налетаат на жена што не одговара на нивните очекувања, па поради тоа тие жени се често малтретирани, нечесто силувани и слично. Но тоа нема да го најдеш како ексклузивна и бомбастична вест, иако е секојдневие за милиони жени.

Која глупост! Како што реков, концептот за надприродно битие кое е синоним за злото е христијански, современиот сатанизам во суштина е атеизам и антитеизам. Се друго е само подла, свесна и намерна манипулација, чија цел се лекоумни, лековери и наивни луѓе.
Автоматски споено мислење:

Упорно верглање на веќе побиен ,,аргумент" Слободната волја нити е, нити била причина за зло, таа е само можност да се бира од опциите што се на располагање, што ќе биде изборот, зависи од особините. Ти имаш слободна волја да ја облечеш левата патика на десното стапало, но обликот на стапалото е пресуден за тоа да ја облечеш десната.
Ако човекот е креација, тогаш неговите особини се дел од дизајнот. Тврдењето дека се што постои е од бог и се е добро, а сепак истиот тој бог ќе суди е апсурдно, смешно и глупо, бидејќи што и да пресуди како погрешно, зло истото ќе биде создадено или допуштено од него.
И не, неможе да се вадиш со тоа дека тоа е само став и дека христијанството има поинаков, бидејќи не се работи за став, туку за факт. На пример став е изјавата јас сакам зелена боја, но факт е констатацијата дека ѕидот е зелен. Ти може да имаш став дека зелената е убава боја, дури и ако за мене не е, но неможе да тврдиш дека ѕидот е зелен, ако истиот е бел.
Автоматски споено мислење:

Многу подло и многу бедно е ова од твоја страна, овој обид да ме прикажеш како човек кој одобрува такви грозотии... Јас многу јасно кажав дека тоа се дела на психопати и садисти што имаат само една цел, да предизвикаат ужас и страв кај луѓето, и ако симбол за тоа беа штрумфовите, тие ќе се нарекуваа и штрумфови, само да го постигнат саканиот ефект!
Пред и доколку воопшто продолжиме со дискусија би апелирал да се прибереш и да престанеш со навредите. Подол, беден, глуп, магаре, лицемер и што све не се изначитавме на моја сметка од твоја страна, нема пост а да не протнеш некоја навреда!
Вие сте типична bully појава при што целта не ви е да дискутирате туку да ја прикажете омразата кон Христијанството и Христијаните, тоа што јас имам Крст на аватар и сум верник уште повеќе те дразни вероватно.

Вртењето на другиот образ нема да трае вечно, а верувај не би сакал да се најдеш во мој домет што се однесува до омаловажување и навреди. Не сакам да дојде до тоа, затоа ќе повторам, пред да продолжиме направете напор да се исконтролирате со навредите! Никој не е должен да трпи навреди макар било на виртуелен форум.

Ајде што оф-топичариш цело време ама ова ниво на вреѓање не личи на ништо.

За улогата на жената во Христијанството може да се диксутира на друга тема, сериозно имаш потешкотии да сфатиш што е оф и онтопик а гледам дека си од поодамна на форум, цели 11,5 години!
Само да напоменам дека жената во минатото била многу поизложена на негативни последици од стапување во сексуални односи со самиот факт што е физички послаба од машкото и тоа што може да остане бремена. При немање никаква контрацепција, немање абортус, хигиена на ниво на Црната дупка во Калкута, СПБ кои коселе наоколу, раѓање кое било краен ризик, настрана тајно пораѓање поради рандом сексуален однос, инфекции поради крајна нехигиена на бабици па чак и доктори, неможноста да се расне дете без татко кој ќе заработува, сето тоа биле ризици за една жена.
Да, рестриктивниот морал кон жените бил за нивно добро.

А зошто жената била во втор план? Жално е што било така, но мора да се знае дека 95% од работните места во минатото биле поврзани со физичка сила и издржливост па така жените по самата природа што имаат 50% помалку upper body strength од мажите не биле погодни за стапување во работен однос.
Експериментот со жените по рудници во викторијанска Англија завршил катастрофално откако започнале да умираат три пати побрзо него машките рудари!

Каде бре во денешни христијански земји милиони жени биле потлачени и силовани секојдневно? Каде е тоа, давај линк да видиме, да се увериме.

Што правиме со Аболиционизмот, христијанско движење кое за прв пат во човековата историја успеало да го укине ропството како феномен, после илјадници години. Христијани заклучиле дека сите луѓе се од Бога дадени па некој кој е роден црн не смее да биде роб. И со тоа постигнале значаен, спектакуларен цивилизациски скок!
Автоматски споено мислење:

Уште еден случај од САД.

Некаков си Џон Дејвис, крајно незадоволен од обичноста на името и презимето се прекрстил во Пазузу Алгарад. Пазузу е демонот од филмот Егзорцист, Алгарад не знам што му значи.
Овој лик, или креатура, ги острел забите со турпија, заби кои никогаш не ги миел, се туширал еднаш годишно и тоа намерно за да ги иритира христијански настроените жители на малото гратче во Илиноис со својата драматична смрдеа.
Целта му била основање на секта налик на онаа на Чарлс Менсон но немал нит харизма нит можност за такво нешто во втората декада на 21.век.

Но сепак околу себе собрал 30-тина лица од дното, џанаци на хорс, три женски особи кои му биле "свршенички", секакви изгубени случаи, бездомници и што све не.
Во неговата куќа која ја делел со мајка си на свои 30+ години и која била инвалидизирана поради мозочни удари, Пазузу ја заклучувал со мала одаја да не смета на присутното друштво.

А друштвото, што да се каже. Ги мрзело да одат до тоалет да се исерат па така се сереле во некое ќоше од дневна соба. Гомната подоцна ги јаделе кучињата прегладнети до гола кожа :facepalm:
Муви, бубашваби и пацови биле редовни гости во таа куќа која наликувала на хордерски рај, манијакална нехигиена, сите имале отворени рани по кожата, шуга, вошки, парадентоза...

Сатанистот со демонско име Пазузу подоцна ќе стане и сериски убиец!
Благодарение на некадарноста на полицијата овој сатанист ординирал повеќе од 10 години.

Дневната соба на сатанистот.

Сатанистот со една од неговите "невести"!

Два од најмалку три леша закопал позади куќата во дворот, пошто го мрзело да ги влече лешевите во шумата :facepalm:
И не само тоа туку уште се фалел каде ќе стигне дека имал убиено луѓе...
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Теологијата како наука нормално има и интелектуално и академска димензија, што е тука спорно и се фрустираш ако не си стручен?!
Примерите што ги посочуваш нафталински од порано, ти ги имам апсолвирано и објаснето како антрополошки детерминистички и библиски фундаменталистички..., што се навраќаш на повраќаници?
Бог го ослободил човекот од сите редукции и ограничувања, доколку сака и нормално бара од Бог.
Затоа Исус им вели на Евреите, ,,...бидејќи велите "гледате" т.е. знаете и разбирате гревот ви останува..." Ти, во твојот случај како Телемит, Пантеист..., вот евр и да си, си го заземал еврејскиот горделив и суетен став дека го знаеш, разбираш Библиското учење, иако автентично и стручно, како припадник на Православната Црква и теолог ти укажувам дека не е така. Освен ако сакаш да те "тапшам по рамо", така е, одлично..., но, како што ти кажав кај тебе се работи за рецидив од сатанизмот, гордоста на умот, си се убедил дека знаеш нешто што ниту си студирал, живеел, ниту те проверил некој компетентен, затоа лесно "заглавуваш" на секоја библиска фраза како класичен фундаменталист и се тепаш со замислен противник. Самиот дерогираш било каква конструктивна конверзација...
Не се работи за никаква фрустрација, ти и сличните на тебе сакате да ги замачкате апсурдите преку лукаво наметнување теза дека се работи за тематика која е комплексна и само упатени и стручни можат да ја разберат. Но таа теза паѓа на елементарна логика во моментот кога тврдите дека одредена случка, постапка или акт на некој библиски лик не е симболика туку буквалност. На пример божјиот суд или пеколот како место и начин за казнување, вие признавате дека не е никаква симболика туку буквално место како што е опишано. И тука ве руши елементарната логика, тука паѓаат во вода тврдењата дека е потребна интелектуална и академска анализа на текстовите. Или нешто е комплексно и треба да се толкува и декодира или е буквално, не може еднаш да биде едно, друг пат друго во зависност од потребата. А елементарната логика е јасна - Ако се потекнува од едно битие, тогаш и тоа што ова битие ќе го прогласи за погрешно и зло ќе потекнува или ќе биде допуштено од него. Со тоа таквото битие би си пресудило самото на себе дека не е сезнајно и семоќно а без тие атрибути не може да биде ни господ.
Автоматски споено мислење:

Пред и доколку воопшто продолжиме со дискусија би апелирал да се прибереш и да престанеш со навредите. Подол, беден, глуп, магаре, лицемер и што све не се изначитавме на моја сметка од твоја страна, нема пост а да не протнеш некоја навреда!
Вие сте типична bully појава при што целта не ви е да дискутирате туку да ја прикажете омразата кон Христијанството и Христијаните, тоа што јас имам Крст на аватар и сум верник уште повеќе те дразни вероватно.

Вртењето на другиот образ нема да трае вечно, а верувај не би сакал да се најдеш во мој домет што се однесува до омаловажување и навреди. Не сакам да дојде до тоа, затоа ќе повторам, пред да продолжиме направете напор да се исконтролирате со навредите! Никој не е должен да трпи навреди макар било на виртуелен форум.

Ајде што оф-топичариш цело време ама ова ниво на вреѓање не личи на ништо.

За улогата на жената во Христијанството може да се диксутира на друга тема, сериозно имаш потешкотии да сфатиш што е оф и онтопик а гледам дека си од поодамна на форум, цели 11,5 години!
Само да напоменам дека жената во минатото била многу поизложена на негативни последици од стапување во сексуални односи со самиот факт што е физички послаба од машкото и тоа што може да остане бремена. При немање никаква контрацепција, немање абортус, хигиена на ниво на Црната дупка во Калкута, СПБ кои коселе наоколу, раѓање кое било краен ризик, настрана тајно пораѓање поради рандом сексуален однос, инфекции поради крајна нехигиена на бабици па чак и доктори, неможноста да се расне дете без татко кој ќе заработува, сето тоа биле ризици за една жена.
Да, рестриктивниот морал кон жените бил за нивно добро.

А зошто жената била во втор план? Жално е што било така, но мора да се знае дека 95% од работните места во минатото биле поврзани со физичка сила и издржливост па така жените по самата природа што имаат 50% помалку upper body strength од мажите не биле погодни за стапување во работен однос.
Експериментот со жените по рудници во викторијанска Англија завршил катастрофално откако започнале да умираат три пати побрзо него машките рудари!

Каде бре во денешни христијански земји милиони жени биле потлачени и силовани секојдневно? Каде е тоа, давај линк да видиме, да се увериме.

Што правиме со Аболиционизмот, христијанско движење кое за прв пат во човековата историја успеало да го укине ропството како феномен, после илјадници години. Христијани заклучиле дека сите луѓе се од Бога дадени па некој кој е роден црн не смее да биде роб. И со тоа постигнале значаен, спектакуларен цивилизациски скок!
Твој проблем е што вистината те навредува, пак ќе повторам дека е крајно подол и мизерен твојот обид да ме прикажеш како човек што одобрува убиства, масакрирање и слично! Наместо да се извиниш, уште сила покажуваш!

Што се однесува за ,,оправдувањето" зошто жената е ставена во инфериорна положба, истите ти паѓаат во вода ако ги споредиме жените што денес живеат, имаат кариери, менаџери се, бизнисмени, политичари па тоа не ги спречило да имаат и потомство, ниту ги заразило со сексуално пренослива болест. Некој можеби ќе рече дека технологијата и науката се пресудни за тоа, но да небила теократската догма и мрачнат ера која траела речиси цел милениум, тоа природно би се случило многу порано. Вашите религии одсекогаш биле кочница за напредокот, слободата, науката.

Во врска со робовите и небулозата дека христијанството допринело тоа да се укине, ќе ги постирам само овие стихови:

Ефесјаните 6:
5.Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!

6.Не служете само пред очите, како оние кои им угодуваат на луѓето, туку како Христови служители, кои од сета душа ја извршуваат Божјата волја!
7.Служете доброволно како на Господа, а не на луѓе,
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.101
Поени од реакции
3.474
Но таа теза паѓа на елементарна логика во моментот кога тврдите дека одредена случка, постапка или акт на некој библиски лик не е симболика туку буквалност. На пример божјиот суд или пеколот како место и начин за казнување, вие признавате дека не е никаква симболика туку буквално место како што е опишано.
На пример имаш и поединци христијани кои, за чудо, рајот и пеколот не ги толкуваат буквално туку метафорично.
Божјиот суд исто го толкуваат метафорично, на пример, како последица од кршење на физичките закони.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
На пример имаш и поединци христијани кои, за чудо, рајот и пеколот не ги толкуваат буквално туку метафорично.
Божјиот суд исто го толкуваат метафорично, на пример, како последица од кршење на физичките закони.
Но соговорникот со кој дискутирав не го смета пеколот за метафора, туку за буквално место чија намена е да служи како казна каде некој ќе се мачи за нешто кое го сторил. Исто според него, господ не е во симболична улога на судија, туку во буквална.
Има име за оние што религиозните текстови ги гледаат алегориски - гностичари, езотеричари, окултисти. Либериј не смета дека овие работи се симболика.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Пред и доколку воопшто продолжиме со дискусија би апелирал да се прибереш и да престанеш со навредите. Подол, беден, глуп, магаре, лицемер и што све не се изначитавме на моја сметка од твоја страна, нема пост а да не протнеш некоја навреда!
Вие сте типична bully појава при што целта не ви е да дискутирате туку да ја прикажете омразата кон Христијанството и Христијаните, тоа што јас имам Крст на аватар и сум верник уште повеќе те дразни вероватно.
Се сложувам не треба навреди и простачки говор.

Тоа дека имаш крст на аватар и тоа го поврзуваш со христијанството и дека некој има омраза кон симболи ти е погрешен чекор и патека. Крстот не е ексклузивен симбол кој што го има само во христијанството! Тоа што си верник пак е небитно - но тоа што како верник, лаик осудуваш сечие туѓо учење како невистина и погрешно - создава омраза кон тебе :)
Таква ти е религијата, ако не е нашето, погрешно е... ти не мора да веруваш во мојот бог, ама тој мојот бог ќе те суди секако... хаос кој што не може да се објасни на обичниот човек што гледа добро да го заврши денот за да може да одмори за утрешниот ден - не си ти ништо виновен.

Крстот е постар симбол од многу познати учења денес. :)
Тоа што сатанисти и верници кои површно се интересираат за учењата - прават само глупости од погрешно разбирање и знаење за симболите, за ритуалите, за учењата и тоа води нормално на крајот кон омраза.

Кога ќе се стави „Човештвото пред се“ и дека секоја индивидуа има своја орбита - ќе нема вакви старо-еонски глупости иако се насочени демек контра учења на некоја од старите религии.
Сатанизмот е роден во пазувите на старите религии и таму и му е местото... тоа е тоа.

Јас лично не разбирам како некој може да е сатанист и што наоѓа во тоа. Не велам некој да не е сатанист, но никако не разбирам како може да си дел од старите учења... дали се сметаат за анти-херои, дека пркосат на едно христијанство или ислам... има толку помудри начини за да се биде тоа - сатанизмот не ми се гледа дека е добра патека во тој поглед.
Со @Ipsissimus на почетокот кога дојдов тука имавме вакви расправи во однос на сатанизмот....

Сите примери за сатанисти ти се некако луѓе кои не се многу урамнотежени, со тешки заболени примери на луѓе кои не само што не се грижат за другиот, не се заморувата ниту со самите себе си, да не кажам умоболни, отфрлени од општеството, кои не успеале да се вклопат во истото... чудно.
Автоматски споено мислење:

На пример имаш и поединци христијани кои, за чудо, рајот и пеколот не ги толкуваат буквално туку метафорично.
Божјиот суд исто го толкуваат метафорично, на пример, како последица од кршење на физичките закони.
Со вакви христијани, кога ќе се појават на форумот, имаме друга форма на дискусии :D
Ако преживеале помеѓу другите христијани ;-)
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.101
Поени од реакции
3.474
Но соговорникот со кој дискутирав не го смета пеколот за метафора, туку за буквално место чија намена е да служи како казна каде некој ќе се мачи за нешто кое го сторил. Исто според него, господ не е во симболична улога на судија, туку во буквална.
Има име за оние што религиозните текстови ги гледаат алегориски - гностичари, езотеричари, окултисти. Либериј не смета дека овие работи се симболика.
Добро де, нивна работа ако така сметаат. Стварно не знам што бесцелно се расправате за едново исто години уназад.
Согласете се дека не се согласувате во некои работи и завршете. :)

Со вакви христијани, кога ќе се појават на форумот, имаме друга форма на дискусии :D
Ако преживеале помеѓу другите христијани ;-)
Повеќето денес во државава се христијани поради традиција и веруваат во Господ колку да се каже. Тие нит во рај, пекол, ни вечен живот, ни во суден ден не веруваат.
Го сметаат сето тоа за глупост. Не ги интересира ни буквално ни метафорично, ни бога молат.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.863
Не се работи за никаква фрустрација, ти и сличните на тебе сакате да ги замачкате апсурдите преку лукаво наметнување теза дека се работи за тематика која е комплексна и само упатени и стручни можат да ја разберат. Но таа теза паѓа на елементарна логика во моментот кога тврдите дека одредена случка, постапка или акт на некој библиски лик не е симболика туку буквалност. На пример божјиот суд или пеколот како место и начин за казнување, вие признавате дека не е никаква симболика туку буквално место како што е опишано. И тука ве руши елементарната логика, тука паѓаат во вода тврдењата дека е потребна интелектуална и академска анализа на текстовите. Или нешто е комплексно и треба да се толкува и декодира или е буквално, не може еднаш да биде едно, друг пат друго во зависност од потребата. А елементарната логика е јасна - Ако се потекнува од едно битие, тогаш и тоа што ова битие ќе го прогласи за погрешно и зло ќе потекнува или ќе биде допуштено од него. Со тоа таквото битие би си пресудило самото на себе дека не е сезнајно и семоќно а без тие атрибути не може да биде ни господ.
Автоматски споено мислење:

Твој проблем е што вистината те навредува, пак ќе повторам дека е крајно подол и мизерен твојот обид да ме прикажеш како човек што одобрува убиства, масакрирање и слично! Наместо да се извиниш, уште сила покажуваш!

Што се однесува за ,,оправдувањето" зошто жената е ставена во инфериорна положба, истите ти паѓаат во вода ако ги споредиме жените што денес живеат, имаат кариери, менаџери се, бизнисмени, политичари па тоа не ги спречило да имаат и потомство, ниту ги заразило со сексуално пренослива болест. Некој можеби ќе рече дека технологијата и науката се пресудни за тоа, но да небила теократската догма и мрачнат ера која траела речиси цел милениум, тоа природно би се случило многу порано. Вашите религии одсекогаш биле кочница за напредокот, слободата, науката.

Во врска со робовите и небулозата дека христијанството допринело тоа да се укине, ќе ги постирам само овие стихови:

Ефесјаните 6:
5.Робови, слушајте ги вашите господари по тело со страв и трепет, во простота на своето срце, како Христа!

6.Не служете само пред очите, како оние кои им угодуваат на луѓето, туку како Христови служители, кои од сета душа ја извршуваат Божјата волја!
7.Служете доброволно како на Господа, а не на луѓе,
Никаде и никогаш не сум споменал дека

да ме прикажеш како човек што одобрува убиства, масакрирање и слично!
на кој начин таква помисла ти се појавила во умот не знам. Зошто лажеш само ти си знаеш.
Но она што го правиш се вика релативизирање. Преку твоето инсистирање дека сатанистите кои извршиле стравични злостори уствари и не се сатанисти (no true scotsman) па се до муабетот дека и христијаните убивале. За тоа бараш извинување? За тоа што потенцирам дека релативизираш ужасни настани?
Сеуште не видовме примери каде Христијани убиле некого во име на Бога па ќе бидам отворен за дискусија со што границата од 10 години нека биде двојно поголема т.е. 20 години уназад, односно од почетокот на 21.век.

За останатото признавам дека ме вовлече во оф-топик муабет но тоа мора да престане бидејќи треба соодветна тема за Христијанството, се работи за обемна материја која захтева засебна тема.
Што би работела една жена пред 300 години можеме да нагаѓаме. Кои тоа работни места биле на располагање во тие времиња а кои би можела да ги врши женска особа? Ајде да видиме пример каде и како Христијанството го кочело развојот на жените.
Немало "ставање на жената во инфериорна положба" туку положбата на жените била условена од био-еволуциски причини.

Се сложувам не треба навреди и простачки говор.

Тоа дека имаш крст на аватар и тоа го поврзуваш со христијанството и дека некој има омраза кон симболи ти е погрешен чекор и патека. Крстот не е ексклузивен симбол кој што го има само во христијанството! Тоа што си верник пак е небитно - но тоа што како верник, лаик осудуваш сечие туѓо учење како невистина и погрешно - создава омраза кон тебе :)
Таква ти е религијата, ако не е нашето, погрешно е... ти не мора да веруваш во мојот бог, ама тој мојот бог ќе те суди секако... хаос кој што не може да се објасни на обичниот човек што гледа добро да го заврши денот за да може да одмори за утрешниот ден - не си ти ништо виновен.

Крстот е постар симбол од многу познати учења денес. :)
Тоа што сатанисти и верници кои површно се интересираат за учењата - прават само глупости од погрешно разбирање и знаење за симболите, за ритуалите, за учењата и тоа води нормално на крајот кон омраза.

Кога ќе се стави „Човештвото пред се“ и дека секоја индивидуа има своја орбита - ќе нема вакви старо-еонски глупости иако се насочени демек контра учења на некоја од старите религии.
Сатанизмот е роден во пазувите на старите религии и таму и му е местото... тоа е тоа.

Јас лично не разбирам како некој може да е сатанист и што наоѓа во тоа. Не велам некој да не е сатанист, но никако не разбирам како може да си дел од старите учења... дали се сметаат за анти-херои, дека пркосат на едно христијанство или ислам... има толку помудри начини за да се биде тоа - сатанизмот не ми се гледа дека е добра патека во тој поглед.
Со @Ipsissimus на почетокот кога дојдов тука имавме вакви расправи во однос на сатанизмот....

Сите примери за сатанисти ти се некако луѓе кои не се многу урамнотежени, со тешки заболени примери на луѓе кои не само што не се грижат за другиот, не се заморувата ниту со самите себе си, да не кажам умоболни, отфрлени од општеството, кои не успеале да се вклопат во истото... чудно.
Автоматски споено мислење:

Со вакви христијани, кога ќе се појават на форумот, имаме друга форма на дискусии :D
Ако преживеале помеѓу другите христијани ;-)
Во скоро сите случаи, ако не и сите кои ги постирав, немаме дијагноза на извршителите пред настанот за кој станува збор, а за некои немаме воопшто. Примерите сосема јасно упатуваат на тоа дека не се работи за лица кои не можат да ги контролираат своите постапки туку за лица кои сосема свесно, со планирање и предумисла се впуштаат во жртвување луѓе.
Не може да се исклучи можноста дека лица со ментални дисордери се привлечени од сатанизмот, па дури и дека таквите сочинуваат значаен процент од слугите сатанини но далеку од тоа да може да се поедностави современиот сатанизам во ментален проблем на шака поединци.
Сметам дека членот Ипсисимус има очигледна омраза кон Христијанството, можеби грешам но од ова што досега го читам од него, тоа се наметнува како заклучок. Не знам зошто е тоа така.
Автоматски споено мислење:

Одиме понатаму.
Ако жртвувањето на луѓе на олтарот на ѓаволот е само по себе гнасен и грозен чин, жртвување на деца е веќе чисто Зло.

Тоа зло во случајов потекнувало од жена сатанист, извесна Силвија Мераз Морено која жртувала најмалку три лица (колку што се знае) во крвави церемонии на специјално направен олтар. Клањето на децата било извршено пред бројни сведоци = членови на сатанистичката секта. Крвта на децата била употребувана за мачкање на симболи по ѕидовите на објектот!

Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Во скоро сите случаи, ако не и сите кои ги постирав, немаме дијагноза на извршителите пред настанот за кој станува збор, а за некои немаме воопшто. Примерите сосема јасно упатуваат на тоа дека не се работи за лица кои не можат да ги контролираат своите постапки туку за лица кои сосема свесно, со планирање и предумисла се впуштаат во жртвување луѓе.
Не може да се исклучи можноста дека лица со ментални дисордери се привлечени од сатанизмот, па дури и дека таквите сочинуваат значаен процент од слугите сатанини но далеку од тоа да може да се поедностави современиот сатанизам во ментален проблем на шака поединци.
Сметам дека членот Ипсисимус има очигледна омраза кон Христијанството, можеби грешам но од ова што досега го читам од него, тоа се наметнува како заклучок. Не знам зошто е тоа така.
Ти воопшто не знаеш ништо за нештата во врска со религиите... премногу површно размислуваш за нештата, ниту се заморуваш со религиите и нивните учења и како се испреплетени истите...

Тебе те палат вакви вести што споделуваш, ужасни нешта направени од поединци кон поединци... е јас не знам од каде таа потреба да читаш и да обработуваш убиства и ужасни дејствувања за да ги поврзеш со сатанисти бидејќи некој напишал во весник „сатанисти“... тоа е чудно. Зошто имаш потреба да си ја полниш главата со убиства и крв?

Сите линкови се од весници, твои исечоци од сликици, со грозни одвратни дејствувања, зарем мислеш ќе даваат се детално за било што за едно убиство? Битно е да е бомбастично за да привлече кликови и прегледи за тие весници. :)
Сатанисти се собрале на концерт и имало ритуали на сцена... такви наслови имало и ќе има уште милион... прашањето е кој им дозволи да имаат таков концерт?
И што е погрешно ако било кои ритуали од било кое учење не се христијански?

И јас на мојот блог пробав со Вистинска Тајна и тој пост имаше ненормално премногу прегледи - а немаше тајна никаква ;)
Луѓето се чудна работа...

Критикување на едно учење веднаш оди во „омраза“ ако е наменето кон ислам и христијанство... проповедањето на христијанство и ислам со нивните обвинувања кон другите што е ако не омраза кон туѓото и обожување само на своето? Едно време тие обвинувања беа проследени со крв и убивање, овие од исламот имаат дури и денес такви испади... тие се сатанисти или не се?

И мене не ми се допаѓаат христијанските апологети како цели учења ги сатанизираат и преставуваат како дело на „сатаната“, скован во нивните глави како идеја за да си го оправдаат самото учење и да ни „докажат“ како исламот и христијанството со нивните учења ќе не избават од сатаната и шејтанот ;)
Посебно што мирјани кои површно се заморуваат со нивните религии зборуваат за другите какви се... гледај си патот ако веќе го одиш, ако воопшто го одиш тој пат или ти е само од баба или дедо наследено нешто, да се случува нешто!
Молчи и туркај количката...

П.С. @Ipsissimus сигурно има подлабока причина што ги критикува луѓето кои се декларираат како верници, или самите стари учења ...
Автоматски споено мислење:

Не дозволува да се прочита целиот текст од линкот... го дава кај тебе?
И овој збор е интересен „allegedly“! Весници и новинари - ужас на новото време.
 
Не знам кој си ти да кажуваш кој да молчи а кој не? Гледам дека целта ти е да ја насочиш дискусијата кон меѓусебни препирки и ад-хоминем напади.
Ти си оној кој треба да гледа својот пат а не да се обидува да омаловажи нечиј духовен живот.
Ако нечив пат е оној преку Телемата so be it, но тоа за кое ги обвинуваш Христијаните го правите вие преку инсистирање на неосновани тврдења како од членот Ипсисимус дека Христијаните некако ги подјармувале жените низ историјата и негирањето на улогата на Аболиционизмот.

Но сето тоа не е важно бидејќи темата не е наменета за меѓусебни препирки туку за современиот сатанизам.
Ако не се новинарите, кој тоа ќе известува за бројните сатански злочини? Зошто би пропуштале да споменат дека извршителите имале историја на ментални дисордери? Па не е веројатно дека новинарите се дел од некаква си завера да го оцрнат сатанизмот. Точно е дека понекогаш има неписмени новинари како во случајот со школото каде бараа сатански симболи но јас избегнувам локални или петторазредни медиуми и портали туку се задржувам на одамна етаблирани новински куќи и извори на инфо. Освен тоа секогаш гледам да ја потврдам веста читајќи од друг или трет извор пред да постирам тука.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Секој што површно го знае и практикува своето учење, а се дрзнува да зборува за учења за кои нема никакво познавање освен од весници - треба да молчи. И тоа не е закана или забрана, туку мудра препорака - ако се разбираме.

Не дозволува да се прочита целиот текст од линкот... го дава кај тебе? Ептен елитни весници следиш, кои го докажуваат тоа што го пишуваат, иако не им е работа тоа.
И овој збор е интересен „allegedly“! Весници и новинари - ужас на новото време.

Го правам истото што го прават христијаните, од чиста забава, ништо помалку ништо повеќе и веднаш тоа е погрешно кога нивните методи се насочени кон нив :)
Жената е под мажот во „уредувањето на христијанскиот свет“ и тоа е тоа... може да се навратиш наназад во македонската историја, не многу далечна кога таткото барал и одобрувал кој ќе е маж за неговата ќерка, продавање роб на друг маж! Тоа не е лага ниту измислица... од дедо му го наследил христијанството, адет инаку ќе го збори светот, комшиите ;)

Каков е тој современ сатанизам и по што се разликува од стариот сатанизам и дали воопшто постои современ сатанизам? Разилката би била во ритуалите? Во учењата? Или како што реков се палиш на убиства и го прикриваш тоа демек зборуваш за сатанисти?
Ако сатанисти само жртвуваат луѓе и се убијци, што е разликата од XV век и сега? И од каде тие ритуали?

Елифас Леви во „Клучот на Мистериите“ има еден текст SPOOKS IN PARIS зборува за млад човек кој што налетал на стари средновековни гримоари полни со симболи и ритуали и тој почнал да изведува ритуали... и доброто е што погрешно разбрал се!
Има лаици и во старите религии и кај сатанисти, будали луѓе кои се плеткаат кај што не треба без да се заморуваат бидјеќи се мрзливи, луди или „ѓаволот ги тера“ што би рекле нашите стари :)

Во овој последниот линк не ни може да се прочита веста освен бомбастичниот наслов. Овој култ го поврзувале со некакви нарко-картели и нивните убиства (сеење страв), а всушност никогаш немало докази дека овој култ вршел крвна жртва, посебно со жртвување луѓе.

Зошто сакаш се што е со крв, да насочуваш кон сатанизам?

П.С. И не ми смета што критикуваш сатанисти и убијци реално (и јас сум против сето тоа, многу) - туку христијанскиот метод што го користиш и не го забележуваш не ми се допаѓа мене. Да не биде да ти текне во умот да ме ставиш во кошот на сатанисти ;)
 
Зошто сакаш се што е со крв, да насочуваш кон сатанизам? :)
Како што спомена големиот Кристофер Ли, сатанизамот постоел илјадници години, лица кои ја обожаваат инкарнацијата на Злото постоеле отсекогаш, лица кои го промовираат злото како цел самото по себе постоеле во сите периоди од историјата.
Но на темава целта ми беше да се фокусираме на современиот сатанизам од практични причини што имаме најмногу инфо и лесно проверливи извори, временски блиски до нас и нашиот начин на гледање на работите, актуелни настани и обреди.

Тоа што некои сатански секти се истовремено и дилери на дрога не ја сменува суштината. Најдобар пример беа Наркосатанистас кои покрај дилањето на големо истовремено жртвувале луѓе во ритуали, делумно и за тоа да изградат слика за себе како организација која не трпи спротиставување и дека секој оној кој ќе се обиде да им застане на пат треба да се плаши за својот живот.
Има и извори на шпански па со десен клик и транслејт може да се најде потврда.

Другото, има теми по подфорум Религија, можеме таму да дискутираме за улогата на Христијанството во однос на жените низ историјата или улогата на мухамеданците во современиот свет каде имаме навистина елементи на подјармување (Сауди Арабија и слични пеколни места)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Како што спомена големиот Кристофер Ли, сатанизамот постоел илјадници години, лица кои ја обожаваат инкарнацијата на Злото постоеле отсекогаш, лица кои го промовираат злото како цел самото по себе постоеле во сите периоди од историјата.
Но на темава целта ми беше да се фокусираме на современиот сатанизам од практични причини што имаме најмногу инфо и лесно проверливи извори, временски блиски до нас и нашиот начин на гледање на работите, актуелни настани и обреди.
Сатанизмот настанува веднаш откако христијанството го зазема кормилото заедно споени со државата IV век. Реков веќе сатанизмот е реакција кон старите религии но не може да излезе од нивниот магепсан круг бидејќи тие симболи ги има таму, ако излезе - ќе постои во ништо и ќе црпи симболизам од ништо и ќе исчезне. Затоа и не ми се допаѓа сатанизмот без разлика дали е атеистички, со обожување сатани и ритуали - исто е, бесцелно.

Пак не даваш објаснување сорвемен сатанизам и што тоа значи тоа... ако постои сатанизмот одамна, по што се разликува сегашниот од тогашниот?
И во Англија палеа вештерки и беа обвинувани жени дека „правеле пакт со ѓаволот“, па сега наидуваме на вести дека сето тоа било погрешно, злоупотребувано за некакви си агенди... зошто Зло со голема буква? Нешто како спротивно од Бог што се користи?
Исто и Темпларите беа обвинувани за сатанисти па сега имаат „pardon“ дека не било така - но тогашните политички дејствувања добро оделе со тоа да биде некој обвинет и спален бидејќи е опасност по царчето и папата...
Лесно е да се зборува дека некој е зло, но не е мудро.

Злото е присутно било присутно и ќе биде присутно во човечкото постоење бидејќи луѓето се на различно ниво на разбирање на нештата. Најголемо зло е одење против својата волја и волјата на другиот од незнаење, неразбирање или чудната потреба за намерно наштетување на некој или нешто против нивна волја!

Ако е само заради вестите дадени во весници кои се достапни да ги читаме, тоа не го прави современ - само информацијата е нова. А и тие информации се од пред 10 години скоро... што не е ново, а нема инфо на пример за разрешени убиства зошто биле и како биле... дали забораваат или не е интересен исходот - тоа може да погодуваме ние кои ги читаме весниците.

Ок, веќе не те заморувам, гледам дека сакаш само да споделуваш вести од весници за убиства и во кои се зборува дека се сатанисти.

П.С. За жените и религиите, токму во подфорумот Религија веќе е зборувано за тоа низ годините, само ќе треба да разгледаш ако толку те интересира тоа...
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
П.С. И не ми смета што критикуваш сатанисти и убијци реално (и јас сум против сето тоа, многу) - туку христијанскиот метод што го користиш и не го забележуваш не ми се допаѓа мене. Да не биде да ти текне во умот да ме ставиш во кошот на сатанисти ;)
Ако да провериме?:D
Се одрекуваш ли од Сатаната?х3
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Ако да провериме?:D
Се одрекуваш ли од Сатаната?х3
Добро ова со тестирањето :) Порано со светени води демек идеше работата, денес или нема светена вода или истата се користи по манастирите за магии и неротки да добиваат деца на волшебен, неприроден начин (далеку нели од божјата волја да нема некој деца) - чист сатанизам! :D
Или пак тоа е доказ дека богот гледа и преку нив се докажува... може и така нели, добро е ова секако да може да се објасни како одговара на ситуацијата!

Ова како муслиманите што ако кажеш 3 пати Аллах е еден и нема друг бог освен Аалах и ти стануваш муслиман.

Не може човек да се одрекне од нешто што не го ниту прифатил некогаш во својот живот... реков дека сатанизмот е детенце на христијанството, одгледано и дооформено и низ исламот... гледам сеуште во вашите религии постои идејата да се бара да се одрекуваат луѓе од ѓаволи, бесови, од боговите итн итн - и сета вина на човекотово дејствување да ја префрлаат на истите тие симболи :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom