@old_School_mk .. сосема те разбирам како се осеќаш во врска со компонентите кои ги зема за избор, но имај предвид дека тие компоненти пред се ги зема за работа, не за игри. Без разлика на крајниот избор на компонентите кои се земени нема потреба ниту од јака графичка, а ниту од OC (со оглед на работата за која е предвиден тој процесор, и можностите кои може да ги пружи). Инаку согледај уште една страна, за да направиш стабилен OC, ти треба солиден кулер (~2000-5000ден.) + солидно куќиште (~4000-9000ден.) + солидно напојување (6000+), така да тоа се ~12.000ден. (најмалку), а лимитот за напојување му е 2000 денари. Се си има свое, па и OC-увањето си има свои потреби кои вредат пари. Не е работа најчесто што се случува по форумиве, ќе купи некој солиден кулер и планира да прави OC, а во најчест случај куќиштето е и премало за кулерот кој планира да го монтира, или пак ќе купат кулер од ~2000-3000 и ќе го стават на OEM плоча и потоа ќе пршаат како да прават OC (не размислувајќи дека ако го продадат процесорот кој веќе го поседуваат може да го надоградат со нов). За солиден оверклок (1Ghz+ на основната вредност па нагоре) си треба добра подлога која вреди пари и пред се доколку веќе се прави OC да има причина зошто, односно во случај процесорот да е тесно грло за некоја добар SLI или Crossfire setup, па да мора да прави OC, во случајов компјутеров ниту има некоја моќна графичка која неможе да ја поднесе ниту пак го користи процесоров за folding, така да дури и да прави OC е само waste на струја и пред се пари.
@MasteR_#0 .. рангирањето на напојувањата ти е малку погрешно. Пред се сметам дека треба да се согледа односот на цената со перформансите кои ги нуди одреден продукт и да рангираш од модел до модел во одредена ценовна категорија, а не од произведувач до произведувач. Како за груба споредба земи ги производителите на графички картички, имаш MSI 6850 Hawk, имаш ASUS 6850 DirectCU, Sapphire 6850 Toxic и Sapphire 6850, без разлика на моделот сите тие користат ист GPU произведен од AMD, разликата е во цената и во нивото на OC кое може да го достигнат истиве модели (и уште некои ситници кои нема да ги земам во предвид за компарацијата која сакам да ја направам). Како споредба внатрешноста на Corsair TX650 е потполно иста со CHIEFTEC CFT-650-14CS (произведена од CWT (Channel Well Technology)) целата работа што крајниот продукт ги има истите можност да достави иста моќност со споредениот продукт (со крајна разлика (во случајов) во распоредот на модуларните кабли кои се различно распоредени кај засебните модели од Corsair и CHIEFTEC. Е сега од вас зависи дали сакате да платите 5630ден. за CHIEFTEC или пак 6245ден. за Corsair моделот, во суштина колку и да инвестирате ја добивате истата работа во друго пакување. Инаку не би го препорачал TX650, ниту пак CFT-650-14CS бидејќи многу корисници се жалат со нестабилноста на 3.3V линија, а малку поскапото TX750 на Corsair или пак CFT-750-14CS на CHIEFTEC (и овие два модела имаат ист состав со тоа што CFT-750-14CS има + заштитен слој кој изостанува кај Corsairot) e одличен продукт и top избор во однос цена/перформанси веќе подолг период (во Македонија, во својот ценовен ранг). Инаку рангирањето на CHIEFTEC под CM, а Corsair над CM, како и да гледаш компрацијата не држи, споредбата мора да биде направена барем од модел до модел (доколку се земе во обзир цена/перформанси од модел до модел што сметам и дека е најправилно ќе има сосема поинаква слика за напојувањава). Што се однесува до GX серијата на CM, одредени модели не се лоши модели воопшто, но се прескапо рангирани за она што го нудат, и на некој начин целата GX серија испадна маркетиншки трик, на стара слава на брендот да се продаваат одредени модели на напојувања по повисока цена.