Совет за напојување околу 2000 ден

G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
354
Поени од реакции
458
А ти ко за промена да престанеш да лупаш глупости?
И ко што читам кај тебе во потпис, имаш Delux напојување, така да секој твој коментар за ова е стварно непотребен.


Хммм.... Е тоа веќе би било доста солидно. ПРЕ-солидно да не речам. Всушност, ако стварно му треба компјутер на муштеријата за музичка преработка, све што е над Core 2 Duo E4400 и 2 гига рам е претеризам. Не ти треба којзнае колку јак процесор за правење музика, а плус процесоров е на LGA 775 лежиште, така да некоја соодветна матична плоча (Asus P5Q на пример) и таа звучна што ќе ја купи = совршен избор. И плус ќе биде у заштеда 500 евра.
А ти да научиш да читаш дека колку шо знам напишав (ДО ПРЕД НЕКОЈ МЕСЕЦ) и освен тоа јас не знам шо ти смета шо кажав мое мислејне за тоа какво напојувајне да стајт на компијутерот
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
ХХХ На оваа конфигурација јас би ставил најмалку едно CM GX 750W иначе со 400 ништо не прајш дека до пред некој месец ова конфигурација со ја глеас во потпис кај мене ја возев на 400 ватно напојувајне а за оваа конфигурација твојава брате ако сакас да праиш домати огномет слободно земи од 400 вати
А ти да научиш да читаш дека колку шо знам напишав (ДО ПРЕД НЕКОЈ МЕСЕЦ) и освен тоа јас не знам шо ти смета шо кажав мое мислејне за тоа какво напојувајне да стајт на компијутерот
Coolers Master GX серијата е ЛОША серија. Затоа и тоа што ти му го препорача никој што троа повеќе се разбира во компјутери НЕМА да му го препорача. Е тоа ми смета. (т.е и остатокот од твоите постови се горе-доле глупости, али ај...)
 

shifty

En Taro Adun, Executor!
Член од
31 август 2009
Мислења
269
Поени од реакции
25
@Kuzmanovskimile .. предлог GlacialTech GPPS550BP цена: 2195ден. во Anhoch. Иако напојувањево е декларирано како 550W со 78% ефикасност, сепак според резултатите кои можам да ги споредам од неколку review-а на продуктов реалната ефикасност на напојувањево е ~67% и може да поднесе стабилни ~368,5W кои би требале да се доволни за таа конфигурација на која од прилика би и требале ~320-360W(Peak) и нема некои посебни побарувања на 12V линија. Инаку производителот декларира дека таа моќност може да се произведе на дури 45C што е солидна, прилично висока температура за напојување. Доколку се земе ова напојување нека не размислува за правење OC или имплементирање на додатен хардвер во системот кој што би влечел дополнителна енергија. Како негативна страна можам да наведам дека напојувањето знае да биде прилично бучно при големо оптоварување (сепак ова се само коментари од корисници кои го имале напојувањево, неможам да ги потврдам нивните тврдења). Во секој случај доколку се одлучиш за напојувањево не очекувај да биде long-term подкрепа на целиот систем, како старее напојувањето така се намалува и неговата моќност која може да ја произведе, така да ова би било решение на краток рок. Ова е мое размислување и погоре наведените вредности се сумирани од повеќе review-a и форуми на коишто имам читано за истово напојување имај предвид дека истово напојување го немам тестирано лично (немам соодветна опрема). Доколку имаш напојувања кои спаѓаат во ценовен ранг кој можеш да си го дозволиш наведи ги подолу би можел да кажам мислење за истите и да ги споредам, доколку имаш потреба од мое мислење.

Инаку како препорака за таа конфигурација Cooler Master Silent Pro 500W RS500-AMBAD3, напојување кое има модуларни кабли, 135mm fan за ладење (солидно ладење + ниско ниво на бучава), ~80% ефикасност итн. Се на се солиден избор но во друг ценовен ранг т.е. ~5000ден.

@ old_School_mk .. не е во ред како се однесуваш со останатите членови на форумот. Доколку некој бара помош, доколку можеш помогни му, не е во ред веднаш да го напаѓаш со навреди дури и да е така.

@ Satchafunkilus .. некој има помало, некој пак поголемо познавање во одредена област. Односот којшто го прикажуваш, како и уште неколку други членови знае да биде малку навредувачки, сите сме тука за да дискутираме и да даваме предлози/совети, нема потреба од одредување на нивото на знаење на секој од членовите на форумов поединечно, доволен би бил совет кој би водел до подобар избор (во случајов)

edit: Доколку можеш да си го дозволиш тоа напојување од CHIEFTEC е солиден избор (секако доколку корисникот остане само со тие компоненти кои ги имаш наведено). И уште еден предлог, да одиш со поефтина плоча (доколку не OCува навистина нема потреба од горенаведената плоча, секако нека не размислува на OC ниту со ова напојување).
 

G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
354
Поени од реакции
458
Coolers Master GX серијата е ЛОША серија. Затоа и тоа што ти му го препорача никој што троа повеќе се разбира во компјутери НЕМА да му го препорача. Е тоа ми смета. (т.е и остатокот од твоите постови се горе-доле глупости, али ај...)
No Comment
И ПРЕКИНИ СО ТВОИТЕ НАВРЕДУВАЧКИ ПОСТОВИ
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
@Kuzmanovskimile .. предлог GlacialTech GPPS550BP цена: 2195ден. во Anhoch. Иако напојувањево е декларирано како 550W со 78% ефикасност, сепак според резултатите кои можам да ги споредам од неколку review-а на продуктов реалната ефикасност на напојувањево е ~67% и може да поднесе стабилни ~368,5W кои би требале да се доволни за таа конфигурација на која од прилика би и требале ~320-360W(Peak) и нема некои посебни побарувања на 12V линија. Инаку производителот декларира дека таа моќност може да се произведе на дури 45C што е солидна, прилично висока температура за напојување. Доколку се земе ова напојување нека не размислува за правење OC или имплементирање на додатен хардвер во системот кој што би влечел дополнителна енергија. Како негативна страна можам да наведам дека напојувањето знае да биде прилично бучно при големо оптоварување (сепак ова се само коментари од корисници кои го имале напојувањево, неможам да ги потврдам нивните тврдења). Во секој случај доколку се одлучиш за напојувањево не очекувај да биде long-term подкрепа на целиот систем, како старее напојувањето така се намалува и неговата моќност која може да ја произведе, така да ова би било решение на краток рок. Ова е мое размислување и погоре наведените вредности се сумирани од повеќе review-a и форуми на коишто имам читано за истово напојување имај предвид дека истово напојување го немам тестирано лично (немам соодветна опрема). Доколку имаш напојувања кои спаѓаат во ценовен ранг кој можеш да си го дозволиш наведи ги подолу би можел да кажам мислење за истите и да ги споредам, доколку имаш потреба од мое мислење.
Да имаш таква конфигурација, и да не ставиш јака графичка за игри и да не го оверклокуваш процесорот (пошто тој процесор е доста лесен за оверклок) е стварно греота...
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
878
No Comment
И ПРЕКИНИ СО ТВОИТЕ НАВРЕДУВАЧКИ ПОСТОВИ
Добро смири се еве јас ќе ти објаснам поубаво, може? :)
Вака, од напојувања кај нас, за офис машини се доволни Делукс. За нешто посериозни машини од 200-250 евра - Глациалтек. Ама за машини од 300 евра па нагоре никако овие, значи едно од овие:

-Chieftech - за машини од 300-500 евра, цената им е од ~55 евра па нагоре до кај 80-90 евра.
-CM Silent Pro/Silent Pro M - за све над 500 евра. Иако се скапички (наефтиното е 80 евра - CM Silent Pro 500W) сепак се доста квалитетни напојувања.
Е кога сме веќе кај CM, никако не треба да се зима некое од eXtreme power или GX серијата, бидејќи квалитетот им е полош и од Чифтекот (т.е. на ниво на Глациалтек се). Значи САМО Silent Pro/Silent Pro M од CM!!!

И од неодамна кај нас пристигнаа и Corsair напојувања, ги има во СЕТ. Исто така овие имаат висока цена, ама и се неколку нивоа погоре од CM (CM спаѓаат у топ 10, Corsair у топ 3 производители на напојувања во светот) Затоа за сериозна машина од 700 евра и нагоре би препорачал Corsair TX напојувања, на пр TX650, бидејќи имаат одличен квалитет и ефикасност. CM Silent Pro претходно беа препорачувани за хај енд машини бидејќи немаше ништо подобро од нив кај нас, но кога веќе пристигнаа Corsair веќе и нема смисла да се препорачува CM за сериозна машина.

И веќе готово све е објаснето со ова. И исто така имате и тема за напојувања на форумов, све што е поврзано во иднина со напојувања таму да постирате.
И Корун/Сефир нека ја поврзаат темава со темата за напојувања. :)
 

shifty

En Taro Adun, Executor!
Член од
31 август 2009
Мислења
269
Поени од реакции
25
@old_School_mk .. сосема те разбирам како се осеќаш во врска со компонентите кои ги зема за избор, но имај предвид дека тие компоненти пред се ги зема за работа, не за игри. Без разлика на крајниот избор на компонентите кои се земени нема потреба ниту од јака графичка, а ниту од OC (со оглед на работата за која е предвиден тој процесор, и можностите кои може да ги пружи). Инаку согледај уште една страна, за да направиш стабилен OC, ти треба солиден кулер (~2000-5000ден.) + солидно куќиште (~4000-9000ден.) + солидно напојување (6000+), така да тоа се ~12.000ден. (најмалку), а лимитот за напојување му е 2000 денари. Се си има свое, па и OC-увањето си има свои потреби кои вредат пари. Не е работа најчесто што се случува по форумиве, ќе купи некој солиден кулер и планира да прави OC, а во најчест случај куќиштето е и премало за кулерот кој планира да го монтира, или пак ќе купат кулер од ~2000-3000 и ќе го стават на OEM плоча и потоа ќе пршаат како да прават OC (не размислувајќи дека ако го продадат процесорот кој веќе го поседуваат може да го надоградат со нов). За солиден оверклок (1Ghz+ на основната вредност па нагоре) си треба добра подлога која вреди пари и пред се доколку веќе се прави OC да има причина зошто, односно во случај процесорот да е тесно грло за некоја добар SLI или Crossfire setup, па да мора да прави OC, во случајов компјутеров ниту има некоја моќна графичка која неможе да ја поднесе ниту пак го користи процесоров за folding, така да дури и да прави OC е само waste на струја и пред се пари.

@MasteR_#0 .. рангирањето на напојувањата ти е малку погрешно. Пред се сметам дека треба да се согледа односот на цената со перформансите кои ги нуди одреден продукт и да рангираш од модел до модел во одредена ценовна категорија, а не од произведувач до произведувач. Како за груба споредба земи ги производителите на графички картички, имаш MSI 6850 Hawk, имаш ASUS 6850 DirectCU, Sapphire 6850 Toxic и Sapphire 6850, без разлика на моделот сите тие користат ист GPU произведен од AMD, разликата е во цената и во нивото на OC кое може да го достигнат истиве модели (и уште некои ситници кои нема да ги земам во предвид за компарацијата која сакам да ја направам). Како споредба внатрешноста на Corsair TX650 е потполно иста со CHIEFTEC CFT-650-14CS (произведена од CWT (Channel Well Technology)) целата работа што крајниот продукт ги има истите можност да достави иста моќност со споредениот продукт (со крајна разлика (во случајов) во распоредот на модуларните кабли кои се различно распоредени кај засебните модели од Corsair и CHIEFTEC. Е сега од вас зависи дали сакате да платите 5630ден. за CHIEFTEC или пак 6245ден. за Corsair моделот, во суштина колку и да инвестирате ја добивате истата работа во друго пакување. Инаку не би го препорачал TX650, ниту пак CFT-650-14CS бидејќи многу корисници се жалат со нестабилноста на 3.3V линија, а малку поскапото TX750 на Corsair или пак CFT-750-14CS на CHIEFTEC (и овие два модела имаат ист состав со тоа што CFT-750-14CS има + заштитен слој кој изостанува кај Corsairot) e одличен продукт и top избор во однос цена/перформанси веќе подолг период (во Македонија, во својот ценовен ранг). Инаку рангирањето на CHIEFTEC под CM, а Corsair над CM, како и да гледаш компрацијата не држи, споредбата мора да биде направена барем од модел до модел (доколку се земе во обзир цена/перформанси од модел до модел што сметам и дека е најправилно ќе има сосема поинаква слика за напојувањава). Што се однесува до GX серијата на CM, одредени модели не се лоши модели воопшто, но се прескапо рангирани за она што го нудат, и на некој начин целата GX серија испадна маркетиншки трик, на стара слава на брендот да се продаваат одредени модели на напојувања по повисока цена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom