Здраво луѓе, ги поминав скоро сите страници и не најдов никаде мислење од некој што има изградено монтажна куќа/викендица.
Ве молам коментирајте само тие што сте поминале низ процесот на градба на ваква куќа или знаете некој кој би можел да сподели искуство.
Со какви проблеми сте се сретнале во текот на животниот век на куќата? Некои дополнителни трошоци за одржување? Влага? Отпорност на надворешни влијанија? Како реагираат на екстремни температури?
Во моментот ги разгледувам куќите од Кобил Битола и КЕНПАНЕЛ. Двете фирми ми нудат поволни услови и се флексибилни околу крајниот изглед на куќата,начин на плаќање и т.н. Скоро ист им е принципот на изградба:челична конструкција+ панели за ѕидовите (10-15цм) +фасада и изолација по желба, дограма,ламинат,вц... До клуч на рака. Дали некој има искуство со овие фирми?
Благодарам
Поздрав
Иван
Се надевам дека
темава ќе ти биде од помош, затоа што во неа има цела дискусија околу монтажните куќи.
Јас лично немам живеено во ваква куќа, но имам некои познавања околу монтажните куќи. Имаат одлична изолација, што значи дека кога има екстремни температури, ти можеш со многу малку греење или многу малку ладење да ја регулираш температурата во куќата. Времетраењето им зависи од квалитетот на материјалот и квалитетот на работата на изведувачот кој ти ја гради. Ако е квалитетно изградена од квалитетни материјали, ќе трае 50, а и повеќе години. Но ако е изградена неквалитетно од шкарт материјали има шанси уште во првите неколку години да почнат да ти се јавуваат проблеми. Негативна страна може да им биде звучната изолација, во тој случај ако изведувачот вградил некој поевтин вид стаклена волна која не дава некоја добра звучна изолација. Исто така, негативна страна им е цената при продажба, т.е. не носат толку пари колку што носи една ѕидана куќа. Влага не треба да се јавува, освен ако изведувачот не ја поставил правилно термичката изолација, па да дојде до појава на топлотни мостови. И најчесто кај монтажните куќи се прави грешка при градбата во вецето.........., ѕидовите во вецето и таванот во вецето ги прават од водоотпорен гипс картон, па често некои фирми ѕидовите ги лепат со плочки само до пола, а таванот го премачкуваат само со глет маса. Ваквото веце/купатило за неколку кодини ќе почне да се љушти од самата пареа. Правилно е ѕидовите да бидат излепени со плочки до таван, а таванот да биде прекриен со пластична ламперија, над која пожело е да има изолација (обично стиропор или камена волна).
Што се однесува до фирмите кои си ги навел, не велам дека се лоши, но јас лично не би се одлучил за нив. Прво затоа што повеќе личат на контејнери, а не на куќа..........., таа лимена или пластифицирана фасада мене лично не ми се свиѓа, посебно кога станува збор за фасада на куќа. Второ, колку што разбрав овие фирми ја монтираат куќата од веќе готови фабричко изработени делови........., па ти незнаеш ни што е, ни како е во ѕидот. Јас кога би градел монтажна куќа би се одлучил или за
Хот - Хот или за
Гео - инг. За Кобил Битола имам видено што и како работат само на Пазар 3 и на Јутуб, а Кенпанел ги има скоро на секаде, низ секој град. Обично се градат како помошни објекти за престој на работниците на градилиште.
И зошто баш си се одлучил за монтажна куќа? Можеш да разгледаш и понуди за класичен начин на градба (тврда градба) или за
Исоспан.