Некој со сличен проблем со Хјундаи i30 од 2010 серијата. Ми светна EPS сервата воланот тешко врти (како старите возила). Грешката се бриши на компјутер, ама по 4-5 стартувања ма колата пак EPS светнува и воланот тешко врти. Нема пупма, еликтронски е се. На нет најдов дека е фабричка грешка, кај нас во Хјундаи Македонија ми кажаа возилото е стара серија, софтверот не ги чита грешките, ама дека само последните 10 дена уште 4ца им се јавиле со ист проблем. Ми кажаа некој мајстор во Аеродром или Лисиче имало што поправал тоа со поливни делови. Мислам дека цел волан треба да се смени. 2 години ја возам така, мачно е посебно ако треба мал круг да направиш (пример на улица да ја завртиш колата), 10 обиди ќе ти требаат, воспаление на мускули. Па, искуства, решение?