Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
6 декември 2018
Мислења
14
Поени од реакции
1
Здраво, имам Honda Civic 1.8 vtec 2008 бензин/плин. Имам поминато 170.000км и имам проблем со маслото. Два пати на 5.000km ми свети индикаторот за промена на масло. Користам Eneos 5w-40, шо не ми се верува да е до маслото или можеби е до самиот сензор?

Sent from my Huawei Mate 20 using Tapatalk
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.978
Поени од реакции
14.749

ако не капи моторот...продуван е
 
Член од
6 декември 2018
Мислења
14
Поени од реакции
1
ако не капи моторот...продуван е
Треба деновиве да ја однесам на мајстор, али после скоро 2 години возење почна вака да прави. Нема никакво тресење од моторот или чад од ауспух

Sent from my Huawei Mate 20 using Tapatalk
 
Член од
3 август 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, сакам да купам Chevrolet captiva 2.0 2011 годиште, кажете ми мислење дали е добра или лоша, кои се предности а кои негативни страни
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.183
Поени од реакции
3.153
Совет каква кола да земам до 5000 евра? Ауди а3 ако би нашол дали е ок избор? Само да не е голф 5ка..
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.911
Поени од реакции
1.378
Здраво, сакам да купам Chevrolet captiva 2.0 2011 годиште, кажете ми мислење дали е добра или лоша, кои се предности а кои негативни страни
Motorot e odlicen. 2.0VCDI 150ks go vozam momentalno na chevrolet cruze 2011.
Dosta tivok motor ali potrosac neviden.
Motor za odrzuvanje izgor.
Ima dosta snaga,neteosi maslo,dobar menjac.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Здраво, имам Honda Civic 1.8 vtec 2008 бензин/плин. Имам поминато 170.000км и имам проблем со маслото. Два пати на 5.000km ми свети индикаторот за промена на масло. Користам Eneos 5w-40, шо не ми се верува да е до маслото или можеби е до самиот сензор?

Sent from my Huawei Mate 20 using Tapatalk

Не е до маслото туку е до моторот што е возен на плин. Хонда и плин не одат заедно...па уште втек кој се врти до 8000 вртежи.

Инаку може кола и литро на 1000 км да троши масло и пак да не чади воопшто, моторот мирно да работи итн. не е мерило тоа.
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
349
Поени од реакции
133
Совет каква кола да земам до 5000 евра? Ауди а3 ако би нашол дали е ок избор? Само да не е голф 5ка..
[/QUOTE]
Имаш Тојота Аурис како мојата со 2.0 126кс ако ти е за повеќе за в град 1.4 90кс се добри.
Авенсис 2007 со 2.0 126 кс ти е топ
Хонда 2.2 2007 140кс
Мерцедес Ц 2007-08 2.0 2.2
Што и да земеш ќе треба дополнителна инвестиција ако сакаш да те служи :)
 
Член од
7 август 2022
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво, јас сум почетник возач и сакам да купам некој интересен автомобил. Проблемот е лимитот за почетник возач е автомобилот да биде до 105 коњски сили, а мене автомобилите што ми се допаѓаат се над 105 коњски сили. Дали е возможно со down tune да поминам со ваков автомобил и истото да биде впишано во сообрајќајната книшка на автомобилот?
 
C

confusion

Гостин
Се работи за Пежо 2.0 ХДИ, некогаш пали, некогаш не, на ладно обично не сака да пали, ми покажува water in diesel particulate filter така нешто, го извадив сензорот, го исчистив филтерот, исчистив се внатре и пак исто. Значи не е до нафтата, од Макпетрол ставам. Проблемот краткотрајно го решив со вадење клеми ама пак не пали констатно, туку ќе запали еднаш па цел процес со вадење клеми. До што би можело да биде? Сензор на брегаста, радилица?
Повеќе ме влече дека е сензор на брегаста пошто несака да пали на ладен мотор отколку радилица а мајсторов кај што бев ми вика дека е сензор на радилица. Знам дека сензор на радилица кога е заебан несака да пали кога ќе дигне температура.
 
Ако е сензор на радилица, моторот не пали. барај или сензор за темпратура, или не си ги избришал грешките кои во меѓувреме си ги отклонил

најчест ,,квар,, на дизел моторите е филтерот за гориво. Мислиш дека си го сменил...но за кратко време е тој затестен од нечиста нафта

ПС:и јас редовно точам на Макпетрол
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Здраво, јас сум почетник возач и сакам да купам некој интересен автомобил. Проблемот е лимитот за почетник возач е автомобилот да биде до 105 коњски сили, а мене автомобилите што ми се допаѓаат се над 105 коњски сили. Дали е возможно со down tune да поминам со ваков автомобил и истото да биде впишано во сообрајќајната книшка на автомобилот?
Не може … секое тјунирање и чепкање / менување на моќноста која е фабрички декларирана е речи го “нелегално” , пошто колата е хомологирана по тие спецификации , само на нашиве уште не им текнало да направат закон со кој при секоја регистрација ќе те тараат и на “dyno” …
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Се работи за Пежо 2.0 ХДИ, некогаш пали, некогаш не, на ладно обично не сака да пали, ми покажува water in diesel particulate filter така нешто, го извадив сензорот, го исчистив филтерот, исчистив се внатре и пак исто. Значи не е до нафтата, од Макпетрол ставам. Проблемот краткотрајно го решив со вадење клеми ама пак не пали констатно, туку ќе запали еднаш па цел процес со вадење клеми. До што би можело да биде? Сензор на брегаста, радилица?
Повеќе ме влече дека е сензор на брегаста пошто несака да пали на ладен мотор отколку радилица а мајсторов кај што бев ми вика дека е сензор на радилица. Знам дека сензор на радилица кога е заебан несака да пали кога ќе дигне температура.
Тоа со water in diesel нема врска со палење толку макар да ако прави така сензорот за вода е дефект и треба да го смениш. Вода во нафатата од Макпетрол тешко, Лукоил и други бензиски можно е...досега двајца знам на кои колите им гаснеа поради вода во горивото, двајцата од лукоил наполнето...па сеа јас во живот не стапнувам таму.

А за тоа што не пали тие од сензор на радилица или сензор за температура. Треба колата да однесеш на дијагностика и пред да се пали наутро да се провери која температура ја дава сензорот. Ако е надвор 25 степени а сензорот кажува -10 или +50 тогаш јасно дека не е во ред.

Исто треба да се провери дали има синхронизација меѓу сензорот на брегаста и радилица...ти треба добар дијгностичар. Не менувај ништо по совет на мајстори, може ова може она да е...може се да биде, затоа дијагностика првин добра.
Автоматски споено мислење:

Здраво, јас сум почетник возач и сакам да купам некој интересен автомобил. Проблемот е лимитот за почетник возач е автомобилот да биде до 105 коњски сили, а мене автомобилите што ми се допаѓаат се над 105 коњски сили. Дали е возможно со down tune да поминам со ваков автомобил и истото да биде впишано во сообрајќајната книшка на автомобилот?

Не е можно downtune да направиш, првин нема добри мајстори за тоа кај нас, второ и да ти направат колата ќе работи ко трактор...земи кола која е фабрички до 105 коњи ама со мотор кој лесно се чипува на повеќе. Повеќето мотори 1,9 и 2.0 дизел без проблем со stage 1 ремап се креваат од 100 до кај 130 коњи без проблем. Во полесна кола 130 коњи, 350 њутн метри и турбо се одлична комбинација.

Имам возено пежо 206, 2.0 хди. со ремап 130 коњи. Колата одеше околу 8.0 секунди до 100, нешто побрзо не е ни паметно за почетник искрено.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom