Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
И 300 и 400 не се ништо за VW, ако редовно се одржуваат од нормални мајстори и со регуларни делови, гориво и масла. Ние на работа имавме неколку џети, по повеќе од пола миљон километри. Ама не се штедеше на мајстори и делови. Во врска со проблемите гледам 2 можни извори. Првиот е дилерот на стари коли од странство. Можда сум ви кажувал, имав двајца соседи дилери. Едниот продаваше поскапи, другиот поефтини коли. Првиов, полуалбанец е, поврзан и со други албанци дилери, не дека не е џамбаз ама договорил преку нет мерцедес од Швицарска, све договорил од слики, сервисна книшка до телефон. Отишло таму, го гледа дилерот, моторот од мерцедесот на ланци дигнат. Трета специјала, хахааа. Ќе го дигнел на клоци. Си се вратил назад и тоа му било прв и едини пат да се заебе насреде ремонт да начека кола за земање. Значи којзнае што издувани се зимаат. И таму не се сите домаќини па да возат со 50-60, да не стартаат или да им праат којзнае какви сервиси.
Втор проблем, овде не сите ама доста луѓе знам да нормално одржувано возило за да заштедат одат кај едикојси мајстори кои им ставаат ш делови и масла, се вози (имаше и афера 2000тите за дизелот) се и сешто од гориво и сакаме нормално да вози.
Епе неќе. Мене ми се случи кога го земав опелот 4 години стар, лепеше за седиште (тогаш немаше ваков увоз, беше нов купен и донесен од Амстердам, Антверпен, јбм ли га, одамна било). Редовно го носев во опел сервис...се додека не набасав, кога ми требаше само сијаличка) на еден од сервисот како зима по неколку кутии за кочници и уште толку ретровизори од продавничките кај Чаир. Ретровизорот таму чинеше 2500, во сервисот 120-150 евра.
Толку од оригинални делови, освен ако не сте експерт да го познаете делот по жиг, цврстина на материјал, изработка и слично. Во Бутел кај што расклапаа опели, роднина ми работеше, веднаш знаеше делот дал е квалитетен и/или оригинал или праен у некоја шупа да издржи 10тина илади и да зацвили. Во една населба во една гаража имаа машина за некои пластики ки се ставале на одредени коли кај системот за пренос (не ми беше јасно точно каде, кај тркалата ли, кај осовините...негде тие преноси). Такви делови, неатестирани, без надзор и проверки, колку ќе издржат?

Може да ви пишам и еден со мерцедес (се трка по договор) како се има зае**но за моторот кај искусен мајстор ама за влакно помалку искуство од шо треба. Па му влагало вода у клипови ко што кажа...све има.

И да не должам, имавме експерт од Германија, човекот дневница му беше уште 90тите колку ветувањето на ЗЗ за просек плата, возеше олд тајмер БМВ од 70тите ама делови специјално, масла, соодветни, горивото им е топ и не сакаше да го мења за поново иако плаќаше плус давачки као олд. Како извадено од фабрика.
Така да верувам дека затоа се јавуваат најголем број проблеми.

А и ја се изнапишав како Војна и Мир :)
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Епа целата финта е, ела најди одржуван фолксваген од 2000 или 2005.

Повеќе е менталитетот на луѓето што ги купуваат тие коли. Одат со мисла не одржувам, нека тропа, нека штрака...секоја чест за исклучоци ама обично сопствениците на VW и донекаде Опел се тешки стипси. Тие купиле таква кола оти баш слушнале дека демек не се расипува, ке нема давачки за одржување, евтини делови и сл. И нормално сходно на тоа не планираат да вложат многу во одржување.

Не е дека ги хејтам овие две марки ама еве на пример алфите се генерално многу повеќе пазени коли него кој било VW или Опел. Не дека алфите повеќе се расипуваат па нон стоп им се менува нешто, него повеќе дека ги купуваат луѓе мераклии за возење, кои сакаат на колата да им биде се во ред, и сл.

На повеќето возачи на VW и Опел поим за исправна кола им е...ако пали и се движи исправна е. :D
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.990
Поени од реакции
14.787
Не дека алфите повеќе се расипуваат па нон стоп им се менува нешто, него повеќе дека ги купуваат луѓе мераклии за возење, кои сакаат на колата да им биде се во ред, и сл.

На повеќето возачи на VW и Опел поим за исправна кола им е...ако пали и се движи исправна е. :D
да...јас на мојата Алфа ги сменив звучниците....ставив подобри ксенон него тие ксенон што веќе беа...филтри и масло сменив сам(Селениа...380 ден за литар)...а од кварови сменив само термостат и реле за греачи(1200 денари)...иако минатата зима цела ја поминав без греачи...а помивба околу 20 000 км

што треба друго за кола?
 
D

Deleted member 53418

Гостин
5800e да мислам 1.6 е
Истиот леон го имам и јас обавезно провери плинот одма фабричиот плин знае да зеза јас го имав тој проблем претпоставувам имаш ланди ренцо плински уред едино во плимонт може да се декодира шансата за декодирање е 50/50 ако не успее нов преден плин тие 450 евра обавезно кога ќе ја земеш сите филтри смени ги на плинот ак ое во ред се. :D ќе се изнавозиш за безпари.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
На повеќето возачи на VW и Опел поим за исправна кола им е...ако пали и се движи исправна е. :D
Има и исклучоци. Опел хеџбек 96та, споменав, директно увезена од Антверпен, си ја чував како швалерка :), ја носве исклучиво Опел сервисите. Ама откако видов какви делови и од каде носат и колку наплаќаат од час...дигнав раце од нив. За жал од лошо гориво и лош мајстор, пријател бидна што бидна. Оттогаш ја носев исклучиво кај едни регуларни мајстори за опел кај циглана. Меѓутоа за одржување, секогаш редовно сум менувал филтри и течности. И на најмала капка ако се појавела или чудно тропање, веднаш сум одел на мајстор. Се додека не ја продадов пошто беше релативно стара, 22 години, еуро 1 ваљда.
 
Член од
7 јули 2019
Мислења
40
Поени од реакции
4
Имам проблем со летвата сакам да ја менам ама пошто е од Сеат Ибица 2001 1.9сди незнам од што кола е ставена еве слики received_2957443737601195.jpeg received_616263592477127.jpeg received_1484869168303435.jpeg
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.325
Поени од реакции
7.324
Епа целата финта е, ела најди одржуван фолксваген од 2000 или 2005.

Повеќе е менталитетот на луѓето што ги купуваат тие коли. Одат со мисла не одржувам, нека тропа, нека штрака...секоја чест за исклучоци ама обично сопствениците на VW и донекаде Опел се тешки стипси. Тие купиле таква кола оти баш слушнале дека демек не се расипува, ке нема давачки за одржување, евтини делови и сл. И нормално сходно на тоа не планираат да вложат многу во одржување.

Не е дека ги хејтам овие две марки ама еве на пример алфите се генерално многу повеќе пазени коли него кој било VW или Опел. Не дека алфите повеќе се расипуваат па нон стоп им се менува нешто, него повеќе дека ги купуваат луѓе мераклии за возење, кои сакаат на колата да им биде се во ред, и сл.

На повеќето возачи на VW и Опел поим за исправна кола им е...ако пали и се движи исправна е. :D
Без врска ти е генерализацијата.
Нема врска моделот или марката на колата колку што има врска карактерот на сопственикот.

Јас познавам германци кои финансиски одлично стојат, кои купуваат ганц нова кола од фабрика и не менуваат уље и филтри 5 години пошто знаат дека секако ќе ја продадат после.
Се работи за менталниот склоп како и за финанскисите можности, а некогаш доаѓа и до тоа дали е исплатливо да се сервисира. Во западна Европа нема добри мајстори и секоја посета кај нив само за дијагностика земаат по 60-70 евра без ништо да чепнат на колата, а дури и да има ситен квар (многу од нив се покварени и пошто мора да избијат плата од 3000 евра на месец) ќе ти каже дека треба да се мења ова она и што ти не знам што па ќе набилда цена од 1000 евра, а од тоа реално требало да се смени дел за 100 евра.

Затоа колите на запад пред продавање не се носат баш на поправки и се шиткаат долу.

И нема кола која не се расипува, СИТЕ се расипуваат некои повеќе, некои помалку.
Да имам алфа нека да треба а ја однесам 2-3 пати на сервис во годината, ќе ми се одмили и ќе се решам од неа, па после ќе ја видиш на плац во Крива Паланка со оглас

АЛФА РОМЕО 1.9 ЈТД ФАБРИКААА

Пошто не стигнала многу да се вози ради кваровите и немањето воља да се расправа човек со нечесни мајстори.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
2.095
Друже многу јасно ми е што се случува на запад. Зборам за колите овдека, има фолксвагени и опели купени ОВДЕКА од салон во 2005 па сега се за на отпад од тоа што не се одржувани. Од друга страна алфите 99% се увезени од странство, каде се вози многу повеќе него овдека па пак се позачувани во глобала. И сега тоа ако не збори за типот на луѓето што ги возат овие марки, не знам што збори. Далеку од тоа дека сум алфист или не знам што ама многу лесно се гледа дали некоја кола била одржувана или не.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.325
Поени од реакции
7.324
Друже многу јасно ми е што се случува на запад. Зборам за колите овдека, има фолксвагени и опели купени ОВДЕКА од салон во 2005 па сега се за на отпад од тоа што не се одржувани. Од друга страна алфите 99% се увезени од странство, каде се вози многу повеќе него овдека па пак се позачувани во глобала. И сега тоа ако не збори за типот на луѓето што ги возат овие марки, не знам што збори. Далеку од тоа дека сум алфист или не знам што ама многу лесно се гледа дали некоја кола била одржувана или не.
Ако алфите се многу одржувани тогаш како го објаснуваш фактот дека алфите се расипуваат многу повеќе од другите марки? Имаше низ форумите муабет дека кога купуваш алфа два пати си среќен, прво кога ја купуваш и вториот пат кога ја продаваш.

Во Германија Алфа никој неќе ни да погледне, германецот попрво ќе ти купи Киа, Хјундаи, Нисан, па чак и Дачија има многу повеќе по улиците него ли Фиат или Алфа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
опели купени ОВДЕКА од салон во 2005 па сега се за на отпад од тоа што не се одржувани.
Извини што пак ќе се замешам, знам имаш многу познавање од коли ама тешко е да се генерализира.
Делумно можи и добар дел оти не се одржувани, но тоа важи за сите коли. И голф не го одржавај, наскоро ќе го носиш на отпад. Кажав за моето возило, редовно менување потрошни материјали, менување дури и дискови, задни амортизери итн итн. Значи сакав колата да ја служам како таа што ме служи. Затоа има носено како магаре материјал и мебел кога се селевме. И на врв планина не носеше без проблем. И реков ради мајсторите, лошото гориво и маслата му се иба мајката па морав мотор да менувам, кој поретко се наоѓаше оти беше нестандарден за класичен опел.
Од друга страна исто толку стара ибица околу 96-98ма и еден голф му донесоа пред 15тина години за продажба на соседот прекупец. Кога отворивме моторот, масло и кај двата да кажам едно литро и тоа водичка.
Значи не зависи толку од марка кола (можеби одредена серија 1.9 или 2.0 од некој тип возило) колку од сопственикот, мајсторите и деловите и течностите кои циркулираат низ државата ни.
Инаку проблем е и што некои се залетуваат да купат кола, очувана е, ефтина е..., притоа не се информираат како стојат тие коли со цена на одржување.
Пред опелот имав и застава 101, постојано а пукне манжетна (често кај заставите), одев да ми ја сменат. Повремено на центрирање и штелување вентили, по потреба чистење карбуратор и ред редовни и нередовни сервиси. Арно ама, карбураторот ми беше кал од бугарското гориво, тропањето на вентилите иако штеловани, ми беше ради бензинот што кај нас го продаваа. Манжетните пукаа на 2-3 месеци затоа што беа никаков квалитет. Али па што товар од нива и прашњави патишта има изодено, заслужуваше редовно одржавање :)
Сума сумарум тоа е, не дека само одреден тип возило не се одржува.
Сега, во равенката имаш и она -како ќе ти се погоди. Комшија купи нова киа сид, за некој месец го зезаше електрониката, друг познат исто од салон нова пежо 307ца, се отепа сервисирајќи го, испадна тие серии биле такви. Преку мој, ја продаде, си купи тојота.

Значи не можеме да генерализираме во однос на марка возило, него во однос на сопственик, џебот и материјали.
Као песот, ако си лош стопан и му даваш лоша храна, не го негуваш, не е до сортата него се знае до што :)
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.650
Поени од реакции
27.994
Ова правило за vw сите го заобиколуваат-Одржуван или не,половен vw е дупка без дно за одржавање.Може и поскап од мерцедес дури.Митот за издржливоста за овие коли го пумпаат оние кои немаат проблем расипани коли да возат.Ехаа купи си vw јас 100к изминав без проблеми вели еден таксист со бора.Влагам да ја свртам еден круг,
Свири турбина мачки се борат под хауба
Бучат лагери
Замаецот кога ке ја ставиш ногата на кумплунг мислиш со шмишајбна ти ја стругаат
Тропа моторот мислиш мерцедес минич од 71ва возиш
Мењачот крчи у сите брзини
Бравата расипана на тастер ја пали
Позади исфрла чад во разни бои наизменично час плава,па црна па сива.
Додека вози се слуша крцкање,тропање лупање,меле водна пумпа,пишти алтернаторот
Кочницата на второ притискање се стврднува камен
Абе му викам оваа колава ти е при крај.Кој бе при крај,вака преку 100к имам поминато све градска тргни застани
Кој не му пречи да вози ауто во ваква состојба слободно нека го пумпа митот за vw
Автоматски споено мислење:

Наредна кола ми е Хонда строго на бензин и точка
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Свири турбина мачки се борат под хауба
:pos:


Тоа ми е дел од муабетот. Пред купување, што може повеќе информации за одреден тип возило. Дали се лесни за одржување, дал често ги носат по мајстори, со делови како стојат и ред нешто што сега не ми текнува, а што треба темелно да се испита. Прашај пријатели таксисти, фирмаџии, сопственици кои знаеш искрено ќе ти кажат да/не...па потоа одлучувај дал е ефтина или "очувана".

Верувам вие со поголем стаж сте далеку поискусни за купување и одржавање коли ама за овие нови што сакаат да купат допрва, според мене првите чекори се тие.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Па за такси му е убава и онака на сите таксисти им е важно само колата да оди.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.101
Да, само ако имаш другар таксист, ќе ти каже дека оди ама дека ѓаол ипол дал тој или колегата за одреден тип возило и па го дупчи некој дел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom