Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Да не знајт некој како да ги направам километраживе вака? на постарта кола свети цела километража

поздрав. ако имате совети пишете како
Не бива да ја преправиш...
--- надополнето: 8 септември 2012 во 23:23 ---
Дечки,

Дај бе кажете за Меган 1.5 дци чини или нечини?
Секој различно кажува, ме интересира дали некој од вас има некакво искуство?
Меган 1,5 дци јас немам, ама мој братучед има таква од 2004 година. Колата има минато околу 50000 км и засега освен редовно одржување нема ништо чепнато по неа.
Зборувам за кола со вистинска километража, прв сопственик.
 
DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
здраво какво мислење имате за моторот 1.9 JTD 115KS , одржавање , делови дали се наоѓаат , скапо , евтино. пишете ми туказ
заинтересиран сум да земам alfa romeo 147 1.9 jtd 5 врати 115ks. увезено(бугарија)

и уште нешто
ми требаат странски страни за да гледам коли како mobile.bg, ми треба словенска швајцараска , аустриска, германска , италљанска поздрав
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Дечки, ве молам за совет. Сакам да купам кола до 4000 евра, горе доле. Не ме интересираа коли кои имаат над 50 000 илјади максимум поминати. Така да без совети за Гољф и слични.

Потрошувачката ми е битна и евтино одржување. Значи се на се, сакам да земам кола која ќе ја возам барем 4 до 5 години и нема да мислам за дефекти освен за редовен сервис. И да биде над 2006, 2007 година. Дизел нејќам. Значи исклучиво бензинец.

Би ценел да ми помогнете бидејќи навистина тешко се наоѓа фино ауто деновиве. Што све се изнагледав до сега... Мислам дека огласувачиве се такмичат кој покрш кола ќе довлечка.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885

Пример
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/978525?searchID=1056068&Idx=56
иако не би ти го препорачал и јас не би го возел прдефчево
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/750758?searchID=1056068&Idx=64
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1087682?searchID=1056068&Idx=132
вакви авеа има повеќеѓ=
www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1087575?searchID=2419045&Idx=15
панди има исто така, језда мала и слабо квалитетна ама јбг
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/885768?searchID=2419045&Idx=30
спарк-ови има еден тон иако и тоа точаче овај количе не би ти го препорачал
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1076141?searchID=2419045&Idx=52
гранде пунто
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/999731?searchID=2419045&Idx=85
форд фиеста имаш еден тон, оваа е ефтина а и премалку има поминато само 11.000
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/971618?searchID=2419045&Idx=105
колтов пример е исто убаво количе ама за одржување може да е поскапо (макаутостар е дилер)
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1014282?searchID=2419045&Idx=148
има и корси 2007+ ама над 5000 евра се

воглавном кола од оваа класа можеш да купиш за отприлика таа цена таа година и таа и таа километража
сега издвој тоа што во старт не би го купил и ќе си направиш потесен круг :)
не се брзај коли има секогаш пари се проблем затоа и ги продаваат луѓево
јас би играл на пежото со плин или на фиеста (по можност со плин)
незнам дали сакаш плин (ја ич не сакам на плин и не ни возам на плин) ама најефтино му доаѓа, поефтино од дизел
и друго кај маливе коли од оваа класа отприлика исто троши и бензинецот и дизелот а разликата во горивата е 10-15 денари отприлика така да најдобро бензин

Незнам друго аутце што би дошло во предвид, на што имаш мерак итн
а и тешко дека уште 5 год. нема ништо да не и се замараш на колата, пошто е стара 5 години и уште 5 тоа е веќе мн незамарање :) и тешко дека ќе поминуваш само со редовен сервис, ќе си бара и друго одржување
нема да се замараш ако ја купиш нова и првите 4-5 год
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Ги гледав повеќето од овие коли и до сеа авеото ми се чини бест бај. А за да не се замарам 4, 5 години мислев да неам големи дефекти. Тоа дека ќе има по некој дефект, јасно ми е. А колава највише ја купувам за надвор, затоа и сакам понова. Сега за сега понудата за добри коли не е баш така голема. Најдов и пунто едно добро, класик пунто ама без клима. Ако ти улета нешто, пиши ми.
 
Авеото е стварно убава и големка кола зборам за седанот тој модел како што ти го пастнав линкот
мислам дека ти кажав ја имав возено 3-4 дена на релација скопје охрид струга лазарополе наваму натаму
и доста добро се покажа, комотна удобна и лесна е за управување, голем багажник и се на се е добра за таа цена може да се каже бест бај, сигурно е поефтина за одржување од пежо и сл.
Тоа авео што го возев беше 1.4 истиот мотор што се вградува во корса, астра од таа генерација
Има и понуди на авео со 1.4 опелов мотор ако можеш да земеш таква е уште подобро
ова ти го кажувам од прва рака пошто бев 3 месеца негде во сервисот на опел авто куќа и имам пријатели од таму проверено е :)
Потрошувачката не е мн. голема ама сепак плин е секогаш најисплатливо, и мислам дека подобро оди плинот на 1.2 даеву моторот отколку на 1.4 опеловиот
 
Абе ја пристапував со предрасуда кон Шевролет, а реално колата не е лоша. Најчести се со 1.2 мотор, тој бил развиен у соработка со Сузуки, али како и да е гледам дека ги тркалаат таксистиве без проблем, што е добар индикатор. Што се тиче другиве марки, кај секоја дел од цената отпаѓа на брендот, кај некои помалку кај некои ( Фолцваген) повеќе. А на отворен пат удобно е Авеото?
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
385
Поени од реакции
90
Пример
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/978525?searchID=1056068&Idx=56
иако не би ти го препорачал и јас не би го возел прдефчево
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/750758?searchID=1056068&Idx=64
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1087682?searchID=1056068&Idx=132
вакви авеа има повеќеѓ=
www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1087575?searchID=2419045&Idx=15
панди има исто така, језда мала и слабо квалитетна ама јбг
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/885768?searchID=2419045&Idx=30
спарк-ови има еден тон иако и тоа точаче овај количе не би ти го препорачал
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1076141?searchID=2419045&Idx=52
гранде пунто
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/999731?searchID=2419045&Idx=85
форд фиеста имаш еден тон, оваа е ефтина а и премалку има поминато само 11.000
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/971618?searchID=2419045&Idx=105
колтов пример е исто убаво количе ама за одржување може да е поскапо (макаутостар е дилер)
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1014282?searchID=2419045&Idx=148
има и корси 2007+ ама над 5000 евра се

воглавном кола од оваа класа можеш да купиш за отприлика таа цена таа година и таа и таа километража
сега издвој тоа што во старт не би го купил и ќе си направиш потесен круг :)
не се брзај коли има секогаш пари се проблем затоа и ги продаваат луѓево
јас би играл на пежото со плин или на фиеста (по можност со плин)
незнам дали сакаш плин (ја ич не сакам на плин и не ни возам на плин) ама најефтино му доаѓа, поефтино од дизел
и друго кај маливе коли од оваа класа отприлика исто троши и бензинецот и дизелот а разликата во горивата е 10-15 денари отприлика така да најдобро бензин

Незнам друго аутце што би дошло во предвид, на што имаш мерак итн
а и тешко дека уште 5 год. нема ништо да не и се замараш на колата, пошто е стара 5 години и уште 5 тоа е веќе мн незамарање :) и тешко дека ќе поминуваш само со редовен сервис, ќе си бара и друго одржување
нема да се замараш ако ја купиш нова и првите 4-5 год
Која е таа кола што троши исто бензин/дизел одма да испродадам се што имам ? Разликава ти е на краткорочно занемарлива ама размисли на долгорочно. Во таа разлика може да ти се амортизираат голем дел од давачките за возилото.
 
L

Luki Junior

Гостин
Бензинец секојпат ќе троше повеќе од дизел на иста литража... Дури и двете да имат турбини и исти којна.... (бмв ф10 520и со бмв ф10 520д)...
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
598
Поени од реакции
145
кај може да се најде ефитини солидни автонавлаки комплет за сите седишта ?
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Која е таа кола што троши исто бензин/дизел одма да испродадам се што имам ? Разликава ти е на краткорочно занемарлива ама размисли на долгорочно. Во таа разлика може да ти се амортизираат голем дел од давачките за возилото.
Пример имаме корса 1.7дизел и 1.0 бензин, трошат скоро исто градска околу 6.5 литри и двете, кај појаките класи/кубикажи е поголема разликата пример пасат 1.8 бензинец па уште турбо ако е троши и до кај 12 литри бензин а дизелот 1.9 тди троши да речеме 7 нафта
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:13 ---
кај може да се најде ефитини солидни автонавлаки комплет за сите седишта ?
Види во еуростил, имаат материјали што се на попуст за авто навлаки да ти изработат по мерка за колата, а имаат и готови навлаки универзалки
немој да купуваш од кинескине, кај смрдат, кај се неквалитетни кај потат ... итн итн
--- надополнето: 9 септември 2012 во 22:16 ---
Абе ја пристапував со предрасуда кон Шевролет, а реално колата не е лоша. Најчести се со 1.2 мотор, тој бил развиен у соработка со Сузуки, али како и да е гледам дека ги тркалаат таксистиве без проблем, што е добар индикатор. Што се тиче другиве марки, кај секоја дел од цената отпаѓа на брендот, кај некои помалку кај некои ( Фолцваген) повеќе. А на отворен пат удобно е Авеото?
Да да таксисти имаат вакви баш, тогаш ги даваа со поволни отплати за такстисти така нешто
иначе удобно е авеото на отворен пат, по дупки итн, постарите авето се почкарт
посебно убава е шалт таблата голема гломазна со убави команди, радиоцд со аукс тоа стандар иде на сите
ако сакаш на плин ти викам подобро 1.2ката а инаку подобар е 1.4ката
едит
еве уште едно прдефче 2009та год
http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=385118
 
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72
drugari vo golema misla sum.. mi izleze ponuda za fiat punto 1.2 benzin, 99-ta godina...cenata e epten smesna.. nego kazete mi kako ide so odrzuvanje, potrosuvacka na motorov dali ima nekoj bilo kakvo iskustvo... ?
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
drugari vo golema misla sum.. mi izleze ponuda za fiat punto 1.2 benzin, 99-ta godina...cenata e epten smesna.. nego kazete mi kako ide so odrzuvanje, potrosuvacka na motorov dali ima nekoj bilo kakvo iskustvo... ?
Која цена ти го нудат? со одржување не се скапи, потрошувачка релативно околу 7 се движи отприлика
 
Kajgana Shop

На врв Bottom