Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.054
Поени од реакции
9.421
Проблемот ми е што колата ми испушта антифриз. Тече од некаде, не може да се утврди од каде точно. Променив се, капачето за тоа за антифризот, цревата, се е океј. Само во прва брзина и кога е под притисок колата ми крева малку температура до 95, ама океј си функционира ладењето, и си паѓа температурата.

Друг проблем немам апсолутно никаков.
Провери хладњак за парно, логички е тоа ако нигде на мотор не се приметува. Ако ти е диктон на глава тогаш ќе ги дува цревата и казанчето и може да рокне. Ако го троши на канал помеѓу уље и вода ќе има вода(антифриз) у уљето. Иначе диктон мењање ќе иде со ребраст каиш у комбинација, затегач и водна пумпа...заедно со рамнење за кола до 10000 евра не би требало да биде над 250 евра.
Пиши го моделот.
 
E

enzo8

Гостин

Тоа што губи антифриз може ради друго е, не би требало да ти е до дихтунг ама па и викаш дека ти крева температура, така да стварно не знам, може да биде. Во овој случај, најдобро грабни под рака некое машко со тебе, татко ти или дечко, небитно, да не одиш сама и оди кај мајстор што ќе ти даде гаранција за тоа што ќе работи и колку бара, плати. Не знам како е со цениве ама ете изгледа и во МК станале цените лудница. Гледај да биде мајстор што има фирма, да не бидат оние по гаражи и слично, многу ги има а немаат појма, се учат на туѓи авта.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.416
Проблемот ми е што колата ми испушта антифриз. Тече од некаде, не може да се утврди од каде точно. Променив се, капачето за тоа за антифризот, цревата, се е океј. Само во прва брзина и кога е под притисок колата ми крева малку температура до 95, ама океј си функционира ладењето, и си паѓа температурата.

Друг проблем немам апсолутно никаков.
За да се види дали дихтунгот е отиден се прави тестот со компресија. Ќе ја извадат капачката од казанчето со антифриз и ќе напумпаат со една маншета од апаратче за мерење притисок и така да стои едно 24 часа.

Ако падне притисокот значи има некаде лекажа. Ако не тогаш можно е термостатот да биде проблем а перката вентилатор колку толку да компензира. Иначе температурата на колите е така направена да покажува или 90-95 или 120 степени. Можно е да биде температурата и 115 а на таблото да ти покажува 90. Тоа е софтверски направено така за возачите да не креваат паника.

Добри мајстори тешко се наоѓаат.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.026
Поени од реакции
1.521
Pretpostavuvam se raboti za opel posto ima pisano kreva 95 stepeni. Amo gubi antifriz treba da se proveri i kulerot na egr(tesko sranje) koe znaj da zamesa maslo so antifriz. Inace ako smesa antifriz i maslo vo kazanceto ke ima topcina maslo i kazanceto ke bidi maslosano od po stranite a najmnogu na kapacka. Baska ke cadi bel cad. Pisi od koj grad si,koja marka na kola potocno za da se daj podetalen odgovor. Inace za glava na motor 1500 e dihtung,baska antifriz i perenje na cel sistem,ramnenje glava obavezno i hidrotest. Se nase idi okolu 20-30,000denari vo zavisnost dizel benzin. Za ramnenje zemaat 100 evra baska rabotna raka od majstorot so ke ja otvori i zatvori.
 
Член од
20 јануари 2023
Мислења
379
Поени од реакции
509
Провери хладњак за парно, логички е тоа ако нигде на мотор не се приметува. Ако ти е диктон на глава тогаш ќе ги дува цревата и казанчето и може да рокне. Ако го троши на канал помеѓу уље и вода ќе има вода(антифриз) у уљето. Иначе диктон мењање ќе иде со ребраст каиш у комбинација, затегач и водна пумпа...заедно со рамнење за кола до 10000 евра не би требало да биде над 250 евра.
Пиши го моделот.
Tочно така, со мајсторите е многу пијана работата, уценуваат поради тоа што се се помалку, а половни коли се повеќе. На пр. се распрашував за промена на ланчиња на БМВ N мотор, кај познатиот Џеповски во Ск. тоа е 1.200 Е за две ланчиња. Е сега, комплетот делови (три ланчиња, затегач, 4 лизгачи, двата ланчаника и сл.) е 250-300 Е во малопродажба, и кај нас се наоѓаат за толку. Е па со мои делови не работи зошто ќе биде јасно дека за рака зема 1,000 Е. Кај друг независен сервис за рака бараат 300 Е ?! На нас останува да процениме и му веруваме на независниот кој сменил на пр. на 4-5 такви коли или на оној кој сменил на 200-300 коли ама за три пати поскапа цена.
Инаку, оваа постапка и горе чини толку, 1,100-1,300 Е во нормален сервис со нормална гаранција. Затоа најпаметните мајстори веке не одат нагоре, овде се заработува повеќе :)
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.045
Поени од реакции
11.312
Pretpostavuvam se raboti za opel posto ima pisano kreva 95 stepeni. Amo gubi antifriz treba da se proveri i kulerot na egr(tesko sranje) koe znaj da zamesa maslo so antifriz. Inace ako smesa antifriz i maslo vo kazanceto ke ima topcina maslo i kazanceto ke bidi maslosano od po stranite a najmnogu na kapacka. Baska ke cadi bel cad. Pisi od koj grad si,koja marka na kola potocno za da se daj podetalen odgovor. Inace za glava na motor 1500 e dihtung,baska antifriz i perenje na cel sistem,ramnenje glava obavezno i hidrotest. Se nase idi okolu 20-30,000denari vo zavisnost dizel benzin. Za ramnenje zemaat 100 evra baska rabotna raka od majstorot so ke ja otvori i zatvori.
Најверојатно и го вади на ауспух и нема приметено, да и кажам дека треба да земи од ауспухот и да лижне прст па ако и блажи значи го вади таму антифризот ама ќе ми речи дека сум улав и ја заебавам или дека антифризот е токсичен, шо е точно ама имаш мајстори и така проверуваат хахахахаха.

Проблемот е што може на 10 различни начини да го губи и сите се во право додека не се испита, а кој и да ја гледа мајстор ќе речи ајде дихтунгот отиден + ќе гледа да закрпи што е можно повеќе на работи кои не се за промена, а сепак ќе и ги заемни. За цена шо и онака во страт ќе биди пренаприцкана, да не прајме муабет.

@Aceso youtube е новиот гугл.
Барај таму видеа како тоа што ти го пратив, на српски имаш еден куп, на англиски имаш еден куп за да видиш што е точно проблемот и како се дијагностицира.

Кадаиф ти кажа еден начин, друг начин е ова Мартин и Ингвар шо ти го зборат, трета начин е ова со ауспухот не те заебавам, збрцај прст, лижни ако блажи ти го вади на ауспух и дотурај само антифриз (кој е веќе растворен во сооднос - таков е купечки или купи антифриз кој треба да го доливаш во однос 1:1 со дестилирана вода. Пример, ти фали 200 грама, додаваш 100 грама антифриз и 100 грама дестилирана вода - од чешма вода никако). Штом ти троши редовно доливај, особено ако возиш на поголеми релации и ако ја притискаш колата на високи обртаи, ќе го вади. Гледај да е на макс, па тоа што ти потроши да го слези до средина (зависно колку троши) за ако заборавиш да дотуриш следен пат барем да има во неа доволно додека го слези на минимум. На секое казанче видливо е тоа мин, макс пошто тоа ти е мерката колку да дотураш.

Друг начин на тестирање има, се вози колата додека на крени работна температура (обично 90 степени) и на казанчето од антифриз што е отвораат и земаат дел од течноста па во едно како епрувета ја тураат, гледаат ако смени нијанса на зелено тогаш е продуван дихтунгот и така знаат дека за тоа се работи.
Кај мене конкретно така дијагностицираа.

ТИ, во никој случај не отворај ништо на колата кога има загреан мотор, особено не казанче со антифриз пошто е под притисок и од притисокот може да те испрска, а тоа на 90-100 степени знаеш и сама што може да се деси од изгореници или недај Боже ако ти прсни во око.

Твое е да провериш:

Дали кога ќе го одвртиш капачето за моторно масло долевање на истото капаче има бело, жолто или било која друга боја нешто налик на пена.
Тоа значи ти меша антифриз со масло.

Дали кога ќе го одвртиш капачето за антифриз, тоа што Мартин ти потенцира, антифризот е измешан со масло. Ќе биди црн наместо розев т.е. со црни точки и меури од масло. Ќе се исцрни и казанчето, се познава.

Дали осеќаш на аспух специфичен мирис, благ мирис, бел чад дали излегува.
Ако ти го губи на поголеми обртаи и во вожна можно е да ти го вади баш на ауспух, ако нема на цревата или на моторот истечено и да не приметуваш пошто тешко е да се примети воопшто.

Во однос на мајстор, гледај човек по препорака или добар е советот од Енцо да земиш човек со себе (роднина, пријател, небитно) кој малку од малку се разбира и да се тегни со мајсторите.

Како и да е, цената е висока, не значи дека треба да ја платиш или не - битно е да најдиш соодветен мајстор, потоа да преговараш за цената ако истата ти ја кажуваат (пошто во зависнот од тоа што се е отидено, ако е само дихтунг е превисока).

Исто, како за оваа кола така и за секоја следна:

Кога се менува антифриз (на некои 3 до макс 4 години) се менува и термостат и истиот се гледа да е оригинален (не некоја кинезарија) пошто игра многу битна улога. Не е некои пари, но решава минимални главоболки.

При голем сервис на каиши или ланци (зависи што има колата) обавезно менување на водна пумпа, АЛИ обавезно. Нема абе шо да ја менваш поминала само 40.000 колата од прошлиот голем сервис. Можда поминала 40к км ама поминале и 4 години па таа водната може да откажи по 5 минути па да си еби мајката и мотор и свети мотор.

Нема врска со муабетот сега, чисто како совет да ако менуваш сичкото (а со ова отварање антифриз посекако ќе се менува) убаво е да ти сменат и водна пумпа и каиши - зависно која состојба се и кога се менувани. Ексик на парите, кола кошта да се одржава, ама барем ако ја возиш и ја возите дома секојдневно како потреба тогаш раатот не се плаќа. Термостат менување, под обавезно, оригинал од произведувачот само!

И да, дел од нас се лаици кои се учеле на сопствена мака (еден вид сам свој мајстор) и зборуваме од искуство ама дел од дечките тука стварно имаат искуство од механика, затоа пиши им:

Кое возило
година на производство
бензин/дизел
кубикажа на мотор (KW) 1.0 1.2 1.4 1.5 1.6 1.8 1.9 2.0 се најчестите
коњажа на мотор (PS или KS)

Секоја марка на возило си има свои маани и според тоа одат и насоките во советувањето, иако овај проблем е од општа природа кај сите возила.

Гуд лак.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
За да се види дали дихтунгот е отиден се прави тестот со компресија. Ќе ја извадат капачката од казанчето со антифриз и ќе напумпаат со една маншета од апаратче за мерење притисок и така да стои едно 24 часа.
Да, и ова го правев и мајсторот рече не е дихтунг. Овој сега друг е што ми кажува дека е дихтунг.

Колку што знам, татко ми и брат ми што ми кажувале, последно нешто што треба е да се отвара мотор на кола. Така да затоа калкулирам и глеам видеа по интернет и читам искуства за да не заебам работа.

За ставање антифриз се испраксав веќе, знам дека треба да се додава додека колата е ладна и дека кога е загреана нивото е повисоко.

Се што треба и што е редовен сервис, се е направено ко што треба.

Опел, 2014 година, 1.6. Коњажа не знам. Дизел.

Фала ви на сите. Ќе ги изгледам сите видеа и ќе ги земам во предвид сите насоки.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Да, и ова го правев и мајсторот рече не е дихтунг. Овој сега друг е што ми кажува дека е дихтунг.

Колку што знам, татко ми и брат ми што ми кажувале, последно нешто што треба е да се отвара мотор на кола. Така да затоа калкулирам и глеам видеа по интернет и читам искуства за да не заебам работа.

За ставање антифриз се испраксав веќе, знам дека треба да се додава додека колата е ладна и дека кога е загреана нивото е повисоко.

Се што треба и што е редовен сервис, се е направено ко што треба.

Опел, 2014 година, 1.6. Коњажа не знам. Дизел.

Фала ви на сите. Ќе ги изгледам сите видеа и ќе ги земам во предвид сите насоки.
Тешко да процениш од видеа, барај некој познаник што разбира, или распрашај се по повеќе мајстори и види мислење, само како што ти пиша Мартин, под 20к не верувам никој да ја чепне.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.416
Да, и ова го правев и мајсторот рече не е дихтунг. Овој сега друг е што ми кажува дека е дихтунг.

Колку што знам, татко ми и брат ми што ми кажувале, последно нешто што треба е да се отвара мотор на кола. Така да затоа калкулирам и глеам видеа по интернет и читам искуства за да не заебам работа.

За ставање антифриз се испраксав веќе, знам дека треба да се додава додека колата е ладна и дека кога е загреана нивото е повисоко.

Се што треба и што е редовен сервис, се е направено ко што треба.

Опел, 2014 година, 1.6. Коњажа не знам. Дизел.

Фала ви на сите. Ќе ги изгледам сите видеа и ќе ги земам во предвид сите насоки.
Доколку е малку трошењето на антифриз (500 ml на година) на дизел опел тогаш можно е да е до дизел партикел филтерот и до ЕГР вентилот. Ако е повеќе тогаш има друг проблем.

Дихтунг не знае да мења секој. Обично нашиве мајстори го прават фушарски со силикон од страната и после кратко време го имаш истиот проблем.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.269
Поени од реакции
15.382
Да, и ова го правев и мајсторот рече не е дихтунг. Овој сега друг е што ми кажува дека е дихтунг.

Колку што знам, татко ми и брат ми што ми кажувале, последно нешто што треба е да се отвара мотор на кола. Така да затоа калкулирам и глеам видеа по интернет и читам искуства за да не заебам работа.

За ставање антифриз се испраксав веќе, знам дека треба да се додава додека колата е ладна и дека кога е загреана нивото е повисоко.

Се што треба и што е редовен сервис, се е направено ко што треба.

Опел, 2014 година, 1.6. Коњажа не знам. Дизел.

Фала ви на сите. Ќе ги изгледам сите видеа и ќе ги земам во предвид сите насоки.
Mu pišav na moj prijatel mehaničar vo Kičevo....pa da vidime što cena ke piši
 
Член од
2 декември 2020
Мислења
84
Поени од реакции
67
Да, и ова го правев и мајсторот рече не е дихтунг. Овој сега друг е што ми кажува дека е дихтунг.

Колку што знам, татко ми и брат ми што ми кажувале, последно нешто што треба е да се отвара мотор на кола. Така да затоа калкулирам и глеам видеа по интернет и читам искуства за да не заебам работа.

За ставање антифриз се испраксав веќе, знам дека треба да се додава додека колата е ладна и дека кога е загреана нивото е повисоко.

Се што треба и што е редовен сервис, се е направено ко што треба.

Опел, 2014 година, 1.6. Коњажа не знам. Дизел.

Фала ви на сите. Ќе ги изгледам сите видеа и ќе ги земам во предвид сите насоки.
Ako si od Sk, i imas moznost da ja odneses kolata. Odnesi ja kaj ANGEL se vika deckoto od Radishani e i tamu mu e servisot. Jas ne sum imal rabota so nego nemam Opel ama mnogu lugje go falat deka e doctor za Opel. I raboti Opel isklucivo(taka bese porano). Sega Nz kako e so termini
Pozz
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.269
Поени од реакции
15.382
Kuler od egr sto posto
Vo kulerot barajtego problemot. Klasicen problem na 1.6cdti
Јас сакав да пишам за кулерот, ама прочитав многу претпоставки и ми дојде некако глупо да пишам уште една плус. Во секој случај овие се карактеристики на снемување на вода.
-дихтон на глава: ако е пробојот меѓу компресијата и маслото, на капачето на маслото ќе има бела емулзија како шлаг, а доколку е помеѓу компресиониот простор и водата(антифризот), ќе се дујат цревата
-доколку е пробиено казанчето за парно, ќе магли во внатрешноста на возилото, најмногу предната шофершајбна
-ако е црево, стега ,пумпа....ќе капи испод моторото и ќе се гледаат капки под колата
- и ако е кулерот од ЕГР-от...никаде нема да има ,,сигнал,, освен што ќе снемува антифриз

Постои и веројатнот на пукната глава, тогаш важат правилата под првата црта
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.416
- и ако е кулерот од ЕГР-от...никаде нема да има ,,сигнал,, освен што ќе снемува антифриз
Ако губи антифриз од интеркулерот на ЕГР ќе има плус разредување на масло со гориво а може и да фрла интеркулерот по некоја капка уље под автомобилот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom