500 евра многу е?
Или сакаат да ме излажат нешто?
Бричење на суво.
Колку год да се отидени цените нагоре, сепак ова мислам дека а премногу.
Прашај на повеќе места.
На времето за работна рака земаа нешто под 100 еур (заедно сосе дихтунгот, „обична ламарина“ која се става меѓу главата и блокот на моторот) - тоа е само ако ти менуваа дихтунг.
Уште дополнително 100 за проверка дали главата е пукната (во комора, ПП и СК го правеа тоа механичарите) и не знам точно колку за рамнење на главата - што е во секој случај во корелација со првата цена.
Од друга страна ако е пукнат блокот на моторот... тури му пепел, продавај колата. За жал тоа ќе го знаеш откако ќе ја направиш главата (гледај да е квалитетно и кај проверен мајстор) и потоа ако ја имаш истата мака значи проблемот е во блокот на моторот, кој не може да го провериш на тој начин како главата (во комора), но само по себе тоа е редок случај.
Is your vehicle showing signs of trouble? A blown head gasket can lead to severe engine damage if not addressed promptly. In this video, we reveal the **8 cr...
www.youtube.com
Разгледај го ова, колку да не те вртат по тавани шо е то точно и шо се дешава со колата при ваков дефект. Има и други видеа,
еве на пример МАЈСТОРСКИ и прекрасно објаснато во 1 минута шо е глава на моторот и може да видиш како се извршува тоа „рамнење“ - стругање на мал слој од површината каде спојува со моторот, потоа иди дихтунгот, па под неа е блокот.
Доколку се работи за ново возило, не некое поволно и истото е повредно размислувај за пат и до тука:
46K Followers, 134 Following, 936 Posts - See Instagram photos and videos from MR Engines Group (@mrengines)
www.instagram.com
Професионалци пар екселанс, мотори им носат од цела ЕУ на камиони товарени, ги поправаат и назад на камион...
Во секој случај, зависно од кварот - дали е тоа почетна некоја фаза или не, што отприлика е фатено (изгледај го првиот клип) колата НЕ ја вози во таква состојба, односно гледај ако возиш што поскоро да ја средиш таа работа.
На сите кои имаме постари возила ни се има дешавано истото, километри сме поминале со дотурање дестилирана вода или антифриз (пример) но тоа не е решение, најмалку пак е препорачливо.