Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Мислам дека иако немаш радио приклучоци ке има. (штознам барем кај мене во фиестата имаше) Сега ке кажиш како што, но можеш да побараш фордово радио оригинал и приклучоците ке ти одговараат (јас најдов за 500 денари, пошо кај мене немаше радио, ама имаше звучници и инсталација). Е сега фордово нема со цд... Ке мора да биде со лента :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Не е тоа филмот, филмот е да има со мп3
Купив јас LG со флеш меморија, само ми требаат тие адаптерите


[FONT=Trebuchet MS, Arial, Helvetica]PC2-84-4

[/FONT][FONT=Trebuchet MS, Arial, Helvetica]A harness adaptor lead allows you to install a car radio of your choice without cutting any of the existing car wiring.[/FONT]
Ај ќе видам утре во Охрид има еден што се бави со тие работи сигурни ќе го среди. Ако не нека сече жици
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да... Адаптерот е тој вака од позади гледано. Јас ги имав испитувано џековите (планирав да нема радио од форд, среќа најдов) и заклучив дека во првиот (да речиме онај со струјата) една жица носи струја од брава (кога ке дадеш контакт, таа е главна), во една иде струја од светлата (кога палиш светла и радиото да не е вклучено се пали како за лик), и една иде од акумулатор директна за код (оригиналното радио е кодирано и ако се исклуче од струја комплет при вклучување бара 3 цифрен код). Се останато е маса. Вториот џек се звучниците. Е сега мајсторот треба да ти дотера се тоа да работи (под услов ако радиото има опција за да се пали кога ке се запалат светлата или да има код што не верувам пошо новите се со плочка). И гледај да го наместеш да се вклучува на контакт т.е. брава бидејки се имаше дешавано да ако не ја возиш колата извесно време а радиото стои на stand by да се испразне акумулаторот. Недостаток на ваквото поврзување е што при секој старт на моторот ке се гаси радиото- краток прекин на работата на радиото некои 1-2 сек.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
А ако одам по боите? Зошто со радиото иде еден конектор, а од другата страна се голи жици во разни бои. Е сега ако ги врзам истите бои од автомобилот и од радиото, може да се утне нешто?
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Декс ај не чепкај кај што не ти е работа да не ја изгориш ноавата кола, иди подобр плати таму квалификуван автоелектричар со искуство.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Види вака... Јас лично би чепкал пошо се разбирам колку толку. А за таа работа која жица е што треба да се има испитен фазомер за еднонасочна стуја (имам таков) така да со него многу е лесно да се открие која жица е за што. Но сепак ако немаш искоство не би ти препорачал да буричкаш оти минимално е да прегориш некој осигурувач, а може да биде и многу полошо. Значи или барај адаптер или мајстор да го среди, а најдоброто двете :)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Види вака... Јас лично би чепкал пошо се разбирам колку толку. А за таа работа која жица е што треба да се има испитен фазомер за еднонасочна стуја (имам таков) така да со него многу е лесно да се открие која жица е за што. Но сепак ако немаш искоство не би ти препорачал да буричкаш оти минимално е да прегориш некој осигурувач, а може да биде и многу полошо. Значи или барај адаптер или мајстор да го среди, а најдоброто двете :)
Го среди мајстор, испадна дека не било само тоа делчето, туку и маска за подлогата (1500 денари оригинал од форд среќа ја имаа) и звучници немаше во припремата па ај и звучници купив 1600 ден. Битно се среди се :music3::music1::music2::music4::party3:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Епа сега пуштај музики дур возиш :) А шо пара го зеде радиото? Пошто гледав јас некои во Техномаркет Битола, има Нео 4х50 со усб, мп3 ова она одприлика е 5.000 денари. Само некако Нео како марка шознам у п.м. Колку што сум видел Пионир се некаде 12.000
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
ако има некој информација, каде во Скопјево, можам да најдам каде да ставам огледалце за ретровизор, ми го скршиија пред 2-3 недели со мотор, и ретровизорот ми е здрав во топ форма, но немам огледалце, прашував барав на неколку места, не знам каде да побарам
Ако има некој некаква информација, каде може да залепам ново
Ке го замолам да каже
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Да си прашаш во овластен сервис? Ако не, види Новус, а ако и тоа не, а сакаш да поминеш ефтино, тогаш кај некој стаклар, нека го изреже + силиконски кит и готово!
 

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Еве едно интересно прашање...

Дали на удолница да се вози во брзина или во лер?

Јас возејки Golf IV 1.9TDI со патен компјутер...во брзина на удолница кажува потрошувачка од 0.0л/100км а ако е во лер (со уклучени светла) 0.5л/100км.

Но, тоа се сведува на работата на дизелите (со возењето во брзина тркалата го движат моторот и придонесуваат во работењето на моторот кој работи врз принцип на компресија на дизелот).

Бензинецот, знаеме секој момент е пали-гаси, штета што немам патен компјутер во бензинец, бидјеки ме интересира дали исто е 0.0л/100км во брзина на удолница.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Сепак моторното кочење според мене е клучно. А и оптеретувањето на кочницата на удолнина е големо, така да со моторното кочење се намалува и оптеретувањето на кочниците. Така да никогаш, апсолутно никогаш не би пуштил возило во лер на удолнина без разлика колку троши.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom