Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.333
За Мандрак или некој кој се разбира во пластика:

Сега бев до болница, и некој идиот ми удрил браникот, и е свиена пластиката. Не е пукната. Пробав сега набрзина да ја бутнам напред, ама не бива. Има ли начин да се исправи некако, или треба да ја носам по тие што се бачкаат со пластики и да го фарбам? Утре ке го вадам најверојатно, оти делимично на некои места е изместен.

Инаку го осветлив убаво со ламба и видов дека не е пукнат.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.333
Денес го поправив браникот, сам.

Јавна благодарност до Борг и Мандрак за советите и постапката, која ја споделувам со вас, да си знаете и вие.

1. Пластичниот дел се вади (браник или било што). Полека за да не скршите нешто, тоа се осетливи делови.

2. Откако ке го извадите, со фен, калорифер или нешто слично го загревате браникот, но ке внимавате да не претерате, да се појават меури, или да испука бојата. Загревајте од внатрешната страна.

3. Кога е убаво загреан, со нешто тврдо (дрво, парче метал, или било што што одговара) од внатрешната страна притиснете и обидете се да го доведете во првобитната состојба.

4. Изладете го во ладна вода.

5. Монтирајте го назад на автомобилот, внимателно.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.230
Поени од реакции
390
Одлично! Лесно е кога е само извиткан, ама ако треба и лепење...-веќе е по комплицирана операција:)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
940
Едно прашање, кога работи колата на мали обртаи се слуша како кајшот да шлајфова од алтернаторот(пиштење)...што може да е проблемот?
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.230
Поени од реакции
390
deXterche напиша:
Едно прашање, кога работи колата на мали обртаи се слуша како кајшот да шлајфова од алтернаторот(пиштење)...што може да е проблемот?
Звук на пиштење може да се јави од повеќе причини. Или е каишот лабав па доаѓа до негово лошо лежење на каишницата, или е мрсен од масло или друга течност(може и од нафта или бензин), или пиштењето не е од каишот туку од изедените лагери на роторот од алтернаторот.
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
67
E вака:
фиат пунто 2000 година
цени за:
хладњак за клима
обичен хладњак
челен лим
преден браник
лево крило
хауба
2 фара
шофершајбна

Е сеа,ако не знаете вие цени кажете ми каде би можеле да бидат најевтини.
Благодарам однапред.
Или можеби некој знае каде расклопуваат понови возила па да идам таму да видам
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.333
436053, ја тресна ли колата?

Ништо, ке се поправи. Како што гледам, нова кола со важечка гаранција на лим, така? Најпрвин информирај се во Аутомобиле СК, дали и под кои услови би ја признале поправката од независен мајстор, кој ке те кошта поефтино, или секако да се поправа кај нив. Јас морав да фарбам крило во Цитроен, баш од тие причини. Инаку, најповолно и за нови и за стари делови ти е од Грција. Има во Солун многу отпади кои растураат возила и продаваат делови. Цените на тие делови не ми се познати.
Инаку, ако лимаријата не е многу оштетена, обиди се на добар мајстор да се испегла, оти квалитетот на тој лим неможеш да го споредиш со друг, освен оригиналниот дел или делот од некој отпад.

Провери и во Тетово.
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
67
Еј фала на брзиот одговор,али не е проблем лимот ја го напраив лимот него проблемот ми е за ова пластикиве шо ќе праам,имам ја контакт у грција шо може да ми донесе делови,али мислев да не има тука некој шо растура понови коли.
Па ако ви налета некој да ви каже дека слупал пунто од позади кажујте одма.
 

BoRg

Resistance is futile you will be assimilated
Член од
8 декември 2005
Мислења
486
Поени од реакции
2
Odi kaj Oto Netko na samiot vlez od Tetovo mu e ducanot imaat se,komora za pecenje boja baska i shipcive gi biduva za toa
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.333
Пластиките у принцип не се скапи. Провери нови во сервисот, носачи на браник ли ти требаат, или оние над крилата од внатрешната страна и поклопците на моторот?

Порачај половни од Грција или Тетово види. Таму многу има такви работи.
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
67
Какви бре држачи.партали е тоа све.А за до тетово сигурно ќе поминам,да зирнам.и забораив да пишам да не знаете колку е тоа пластиката шо е ко поклопец на моторот кај што стои филтерот за ваздух,дали е скупо или не.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.333
436053 напиша:
Какви бре држачи.партали е тоа све.А за до тетово сигурно ќе поминам,да зирнам.и забораив да пишам да не знаете колку е тоа пластиката шо е ко поклопец на моторот кај што стои филтерот за ваздух,дали е скупо или не.
Ти реков и погоре: Во принцип не се многу скапи. Еден носач за Xsara на пр. за браникот, бочен, е 925 ден у сервис. Некни ми се заеба, ме чукна еден. Прво прашај си у сервис, па види и половните за колку можеш да ги најдеш. За поклопецот, на другар за Фиат Браво, половен од Грција му донесоа за 10 евра. Цени стварно незнам точни. Информирај се прво, ако не брзаш, па види си самиот од каде би купил, нови или половни.
 
Член од
17 јануари 2006
Мислења
1.883
Поени од реакции
3
барав по теми ама не најдов па ќе прашам овде ако може некој да ми одговори.

сакам да знам дали има ограничување во тоа колку најмногу може да биде стар автомобилот кој сакаме да го увеземе од странство и тука да го регистрираме на мкд таблици?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.792
Поени од реакции
3.333
Отприлика да не биде постар од 5 год. и да задоволува Еуро 3 еко норми, најпросто кажано.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.230
Поени од реакции
390
436053 напиша:
E вака:
фиат пунто 2000 година
цени за:
хладњак за клима
обичен хладњак
челен лим
преден браник
лево крило
хауба
2 фара
шофершајбна

Е сеа,ако не знаете вие цени кажете ми каде би можеле да бидат најевтини.
Благодарам однапред.
Или можеби некој знае каде расклопуваат понови возила па да идам таму да видам
Лелееее, каде го здрви волку многу аутово?
-Нејсе, strumics арно ти препорача отпади во Грција, овде изгор ќе те фати. Ако не ти признава осигурителната компанија ништо, ептен солено ќе ти излезе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom