Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
Барам совет од поискусните членови на форумов,заинтересиран сум за ваков модел на Мерцедес Ц-Класа,немам многу искуство и познавање,затоа сакам да прашам,Одржавање,предности/мани,ептен скапи делови,Преценето возило т.е Преценет модел,најважното (Дизел или Бензин) зошто дизел....Зошто бензин? Дали е погоден модел на Мерцедес,или има доста промашаи? Прегледај го приврзокот 290761
не вреди за парата плус скапо одржавање, би ти препорачал да земеш некој хечбек, понова година него мерцедес, бмв или слично.
 
Член од
14 октомври 2017
Мислења
239
Поени од реакции
109
Се работи за Мазда 1.8 бензин. Имам еден проблем со палењето.
Колата пали нормално особено првото. После вожња дали на отворено/град, кога ќе ја изгаснам некогаш воопшто не пали, не вергла а напред се слуша кај што прави "ЧК ЧК", некогаш ќе запали без проблем. На пример, еднаш палам, возам, ја гаснам . Пак ја палам, возам, ја гаснам. Третиот пат, не сака да запали. Само со туркање пали, некогаш се случува и на вториот пат да не запали. Преѓе, терав на отворено 25км, ја изгаснав, после пак си запали нормално и за одење накај дома не палеше, само "ЧК ЧК" прај. Едвај ја запалив, ја ставив во трета брзина со притиснат куплунг, во место и за чудо запали.
Алтернаторот е правен летово, Алнасерот лани.
Закажав за четврток на мајстор, рече можно е автоматот. Ваши прогнози шо можи да биди?

Нешто слично како на Фордов на 0:08 секунда:
https://youtu.be/SkAiwHsbcGU
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Или алнасерот пак или имаш лоша маса на моторот.
 
O

onefifty

Гостин
Дечки кај има да купам заштитници од сонце за стакла ама оние црни од внатре што се лепат како ролетна што се?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Се работи за Мазда 1.8 бензин. Имам еден проблем со палењето.
Колата пали нормално особено првото. После вожња дали на отворено/град, кога ќе ја изгаснам некогаш воопшто не пали, не вергла а напред се слуша кај што прави "ЧК ЧК", некогаш ќе запали без проблем. На пример, еднаш палам, возам, ја гаснам . Пак ја палам, возам, ја гаснам. Третиот пат, не сака да запали. Само со туркање пали, некогаш се случува и на вториот пат да не запали. Преѓе, терав на отворено 25км, ја изгаснав, после пак си запали нормално и за одење накај дома не палеше, само "ЧК ЧК" прај. Едвај ја запалив, ја ставив во трета брзина со притиснат куплунг, во место и за чудо запали.
Алтернаторот е правен летово, Алнасерот лани.
Закажав за четврток на мајстор, рече можно е автоматот. Ваши прогнози шо можи да биди?

Нешто слично како на Фордов на 0:08 секунда:
https://youtu.be/SkAiwHsbcGU
Смени го акумулаторот, свеќите исто може да се проблем.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.270
Поени од реакции
15.388
Мерцедесот тие скапа кола за одржување и ако ја купиш ќе имаш на нејзе доста за менување, зошто сите се по 400 до 500 000 км поминати. Бензин многу тешко ќе најдеш, 99 % се дизел, макар да и бензинците се шинати од возење.

Исто огромен број се удрени па правени, треба очи отворање. Ако си почетник бегај што подалеку од стар мерцедес или бмв, бунар без дно се тие коли за фрлање пари. Тие што се добри примероци (нека се 5 % такви) воопшто не се на продажба, ако некој одржувал таква кола како што треба, тоа кошта, и едноставно не се исплати да ја продаде послем...си ги возат таквите коли, никој не ги продава.
Мој близок роднина имаше Мерцедес 250 Е класа...некаде 2012-2015 годиште(втор газда, првиот исто така од Мкд-функционер), и моторот изненадно му блокирал . се распрашувал низ земјава, и му кажале дека за мерцедеси имало некој мајстор Синѓелич негде....

Му се јавил дека моторот му блокирал...а мајсторот одма-да не е случајно 250 Е?...Нормална работа било....за тие што не знаеле
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
869
Поени од реакции
424

Да , сум слушал од луѓе и нивни искуства дека 250-ките го кинеле ланецот од нејасни причини ... А моторот ист како и 220-ка која го немаше овој проблем ... Да се чудиш ...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
289
Поени од реакции
446
Едно прашање, преска несакајќи у паника коа вракав рикверц за да испаднам на патот изгребав една кола позади тркалото со мојот браник.

Ме интересира како да се санира и колку би коштало отприлика?
 
Attachments

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.678
Поени од реакции
42.257
Едно прашање, преска несакајќи у паника коа вракав рикверц за да испаднам на патот изгребав една кола позади тркалото со мојот браник.

Ме интересира како да се санира и колку би коштало отприлика?
само полирање добро и поголемиот дел ќе искочи и каде што се линиите со бела боја малце да се пројде
 
LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
837
Поени од реакции
1.219
Добра кола за почетник буџет 2000-3000 евра?
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Мој близок роднина имаше Мерцедес 250 Е класа...некаде 2012-2015 годиште(втор газда, првиот исто така од Мкд-функционер), и моторот изненадно му блокирал . се распрашувал низ земјава, и му кажале дека за мерцедеси имало некој мајстор Синѓелич негде....

Му се јавил дека моторот му блокирал...а мајсторот одма-да не е случајно 250 Е?...Нормална работа било....за тие што не знаеле

Ни Мерцедес не е тоа што беше во 1980-тите и 90-тите. Првата утка им беше со каросериите од е и ц класа, за да уштедат 500 евра на поцинковање, направија коли кои рѓосуваа и скапуваа.

И тие штедат ко и сите други производители.
Автоматски споено мислење:

Мислења за Поло 2003/2004 1.4?

Лош мотор, троши масло од нов и нема голем век. Тешко дека ќе најдеш зачувано а од друга страна имаат неоправдано висока цена.

Исто ако има плин бегај подалеку, тој мотор и на бензин нема голем век, а па не на плин.
Автоматски споено мислење:

Добра кола за почетник буџет 2000-3000 евра?

Пежо 206, рено клио, ако возиш малку бензин, ако возиш и надвор од град поголема километража, само 206-ка дизел.

Едно прашање, преска несакајќи у паника коа вракав рикверц за да испаднам на патот изгребав една кола позади тркалото со мојот браник.

Ме интересира како да се санира и колку би коштало отприлика?
Друже не кошта повеќе 50 - 100 евра, и тоа ова да се префарбува комплет браникот. Па краен случај направете европски шо му се мислиш, зошто плаќаш осигурување.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom