Се работи за Мазда 1.8 бензин. Имам еден проблем со палењето.
Колата пали нормално особено првото. После вожња дали на отворено/град, кога ќе ја изгаснам некогаш воопшто не пали, не вергла а напред се слуша кај што прави "ЧК ЧК", некогаш ќе запали без проблем. На пример, еднаш палам, возам, ја гаснам . Пак ја палам, возам, ја гаснам. Третиот пат, не сака да запали. Само со туркање пали, некогаш се случува и на вториот пат да не запали. Преѓе, терав на отворено 25км, ја изгаснав, после пак си запали нормално и за одење накај дома не палеше, само "ЧК ЧК" прај. Едвај ја запалив, ја ставив во трета брзина со притиснат куплунг, во место и за чудо запали.
Алтернаторот е правен летово, Алнасерот лани.
Закажав за четврток на мајстор, рече можно е автоматот. Ваши прогнози шо можи да биди?
Нешто слично како на Фордов на 0:08 секунда:
https://youtu.be/SkAiwHsbcGU