Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.131
Ако си почетник и ќе возиш и надвор од град...пежо 206 2.0 хди, 90 коњи, моторот нема смрт, има фиксен замаец, фабрички нема дпф, оди ко лудо за 90 коњи, а и за тие пари ќе најдеш некое ептен зачувано дури и пари за голем сервис да му направиш ќе ти останат.

Може и со 1.4 хди ама поспоро е доста, нормално и помалку троши.

Одржавањето има смешно ниски цени, делови има со лопата да ги ринеш за секој џеб и нови и половни.

Алтернатива ако ти треба поголема кола е пежо 307 2.0 хди или 1.6 хди, е сеа малку потешко солиден примерок за тие пари, а и повеќе се возени него 206 ките.

Најдобро од човек да ја купиш, од плац немој.
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2018
Мислења
83
Поени од реакции
50
Zdravo sakam da ve prasham dali nekoj znae dali negde prodavaat kabel sto USB strana vlaga go kola a drugata e aux za vo telefon i dali bi rabotelo ? Imam bluetooth vo kola ali samo za pozivi, a muzika preku aparatce pocna da krci.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Друже јас кола имам од 1998 и ја возам скоро 5 години...па досега немам дадено 1000 евра за дефекти(освен за масло филтри, али тоа е нормално одржување) имам 80 000 км поминато


Е ја купив малку поќе од 600 евра....и не е поло.


Ако ти си купил некоја крш, неодржувана кола нормално дека ќе имаш давачки.
Не купил крш туку живее у Германија човекот,цело време го прескокнуваш тоа а 5 пати ви кажа човекот.Ти не си дал 1000€ за 5 години за колата од 98ма зашто тука живееш каде што се наоѓаат и нови и половни делови за мали пари и пријател може и без пари да ти ги смени.Да си живеел у Германија како него 5.000 ке си потрошел за колата од 98ма.Место да му помогнете човекот таму сам да заврши работа, да не го глобат,сеир му правите
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.027
Поени од реакции
1.521
Zdravo sakam da ve prasham dali nekoj znae dali negde prodavaat kabel sto USB strana vlaga go kola a drugata e aux za vo telefon i dali bi rabotelo ? Imam bluetooth vo kola ali samo za pozivi, a muzika preku aparatce pocna da krci.
Na aliexpres ima jas poracav pred nedela dena. Vo mk nemam nacekano.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Zdravo,

ako moze nekoj da mi kaze sto znaci sijalickava ?

Se raboti za mitsubishi pajero jeep 2006 god

Fala :D
DPF индикаторот ти е тоа.
Пробај стегни го на отворено, ама на високи обртаи.....нека направи регенерација.....ако не бива тоа.....стави адитив во нафтата......пробај пак да го издуваш......ако ни тоа не упали......во сервис.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.131
Zdravo,

ako moze nekoj da mi kaze sto znaci sijalickava ?

Se raboti za mitsubishi pajero jeep 2006 god

Fala :D

Оди на дијагностика...а ако не е менуван досега филтерот многу веројатно дека му е дојден крајот од 2006 до сега колку има.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.027
Поени од реакции
1.521
ако ти се појави во град значи е затнат дпф над 80% и прави регенерациа во град шо не е правилно.
Решение само кршење а лонецот да остани и софтверски да се исклучи. Нов во мк нема.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.657
Поени од реакции
1.519
Decki mala pomos. Clio 1.2 od 93ta, pred pola saat samo nesto pritropalo, i kumplungot propadnal. Prethodno nikakvi simptomi za otidena lamela ili slicno. Ke go nosat na mehanicar utre ali da znam otprilika sto e, za da ne gi izlazat mojte. Usput da ne znae nekoj kolku e za cel set za kumplung, lamela i ostali stvari da se smenat za clio?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.131
Цел сет е евтин накај 100 до 150 евра макс. и тоа со одличен квалитет (Валео) + 50 евра работна рака за промена.

Инаку може да биде и сајлата од кумплугот, или е скината целосно или на нејзе има автоматски механизам за затегање кој е попуштен, кој треба да ја затега сајлата како ламелата полека се троши. Во теорија, ова значи дека педалата на кумплугот треба да “фаќа“ на иста висина, без разлика колку е потрошена ламелата.

Генерално ваквите сајли со затегач се околу 40 до 50 евра, ама може и обична да му се стави за околу 20 евра.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.027
Поени од реакции
1.521
Decki mala pomos. Clio 1.2 od 93ta, pred pola saat samo nesto pritropalo, i kumplungot propadnal. Prethodno nikakvi simptomi za otidena lamela ili slicno. Ke go nosat na mehanicar utre ali da znam otprilika sto e, za da ne gi izlazat mojte. Usput da ne znae nekoj kolku e za cel set za kumplung, lamela i ostali stvari da se smenat za clio?
druk lagerot zaglaven ili skrseno leziste. Nov lager ili cel set e naj idealno. Cel set ti e 14500 + 3000 rabotna raka.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.273
Поени од реакции
15.396
мене ми личи на скршени пипци од потисна плоча...но во секој случај сетот ќе оди на барабан
 

Kajgana Shop

На врв Bottom