Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
8 јули 2017
Мислења
60
Поени од реакции
45
Пак по стоти пати не сите дизели имаат скапо одржување...
абе ти ќе им кажеш сеа... абе сите до еден дизели се скапи за одржување и точка! Само бензин плин бајо мој!



се заебаам бе
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2015
Мислења
365
Поени од реакции
272
Со пунтото ми е муабетот дека и малолитражните ако ти се погоди ќе го возеш и преку 200+км.
Со дпф филтри и сл. не мешам ништо само ти кажувам мене што ме одвраќа од купување дизели.

"Да можда со некој дизели во споредба со некој бензинци ама дека автоматски е така, нема теорија."

Така бива,не се сите бензинци лоши како и сите нафташи.
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
129
Поени од реакции
25
А какви проблеми да има пунто со 110 000 км...на таа километража било која кола нема да има проблеми.


Друго споредуваш баби и жаби, споредуваш релативно нови коли со ДПФ (кој го имаат и новите бензинци) со пунто кое нема ништо на него да се расипе.

Пак по стоти пати не сите дизели имаат скапо одржување...еве јас имам дизел од 1998 г. кој можда има преку 400 000 км поминато, не знам ни сам оти вратена е километражата сигурно. Мајстор никаков освен некои ситници и редовно одржување (предница, амортизери и сл.) На година врвам и по 15000 км и секаде имам одено, колата воопшто не е штедена во смисла на пензионерско возење , да не трошела и сл. Ламела оригинална, дизни оригинални, турбо оригинално, бош пумпа оригинална, дури и полуосовини и зглобови фабрички (само манжетни се еднаш сменети)


Дури и ремапирана е две години...да имав бензин од 1998 ќе го истрпеше тоа? Особено 1.4 да беше?


Настрана од тоа што да имав бензин со слична снага за овие 70 000 км колку што имам поминато ќе ме кошташе мин. 1500 евра плус трошкови само за гориво, или горе долу колку што вреди и самата кола сега. И сега како е поскапо да возиш на дизел?

Да можда со некој дизели во споредба со некој бензинци ама дека автоматски е така, нема теорија.
Jas imam fiat punto kec 1.1 motor so plin, i posle 10ipol godini mu pravev dikton i kazance za parno koe se na se me cinese 300evra. Gradska vozenje 90% ..taka ispadna kaj moeto.
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.157
Поени од реакции
671
Soe tolku strasno so dpf.
4000softversko isklucuvanje i 800denari secenje i varenje obicna cefka. Vrvi kolata naprvo na tehnicki.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
715
Поени од реакции
689
Jas imam fiat punto kec 1.1 motor so plin, i posle 10ipol godini mu pravev dikton i kazance za parno koe se na se me cinese 300evra. Gradska vozenje 90% ..taka ispadna kaj moeto.
А колку километра помина со пунтото вкупно и колку имаше кога го купи?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
715
Поени од реакции
689
Па и не си му направил некоја километража за 10 години ама бројките се тука некаде, пунтовците и да не отиден диктонот сосем, пуштаат масло на самиот диктон понекогаш и мора да се менува.
 
Член од
22 август 2016
Мислења
51
Поени од реакции
11
Шала настрана одлични се Октавиите со МПИ мотор па со плин ке ги убиеш од возење.Јас барав сега да купам и ги нема за лек,само една излезе и вториот ден се продаде за околу 5000 и нешто евра 2008-9г. А за дизели отвори Реклама5 со лопати да ги ринеш,пазарот си го кажува своето.
Тезата ти дека бензинец мотор тешко врви после 200+ па троши масло не ти држи пошто знам од лично мое искуство и на мои блиски дека терат многу повеке.Имавме во наше друштво Рено Лагуна 1,8РТ 1998година со плин, донесена од Бугарија.Секојдневно се возеше низ Мк за настапи,квалитетно товарена со опрема а и другарите х 4 сите по минимум 100литри.Се продаде на другар и тој отепа од возење и најмалку 400000 км имаше во момент кога се продаде во Кочани на таксист.Никад никаков квар,не троши уље,мотор сув барут,никад не била на поголем сервис!
тука сите се палат на олку коњи на толку коњи а ако сакаш домаќинска кола да знаеш само 1.4 моторот на WV.Башка не знам како им се пресудни тие 15 коња од 90 коња кај 1.4 до 105 кај 1.9.У старт имаш поскапа регистрација и плус пари за одржавање на сите тракатанци кај дизелите...
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
715
Поени од реакции
689
Soe tolku strasno so dpf.
4000softversko isklucuvanje i 800denari secenje i varenje obicna cefka. Vrvi kolata naprvo na tehnicki.

Страшното не е DPF-от, туку тоа што не можат дизелот на плин да го направат, плинот е главната причина што кај нас се купува бензин...иако се труби дека звукот и перформансите на бензинот биле пресудни, хахаха

Ако бил звукот пресуден, нека купат некоја лада 1500(15 литри/100 км во град) нека и наварат цевка место лонец има да грми :pos::pos::pos:
 
Последно уредено:
Член од
27 мај 2016
Мислења
129
Поени од реакции
25
Па и не си му направил некоја километража за 10 години ама бројките се тука некаде, пунтовците и да не отиден диктонот сосем, пуштаат масло на самиот диктон понекогаш и мора да се менува.
Pa ne e praveno kojznae kolku zatoa pisav 90% vo SK e vozeno taa km=godini. No sepak sum zadovolen od nego nema podobra kola za toa godiste(gradsko).
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.095
Поени од реакции
1.822
Страшното не е DPF-от, туку тоа што не можат дизелот на плин да го направат, плинот е главната причина што кај нас се купува бензин...иако се труби дека звукот и перформансите на бензинот биле пресудни, хахаха

Ако бил звукот пресуден, нека купат некоја лада 1500(15 литри/100 км во град) нека и наварат цевка место лонец има да грми :pos::pos::pos:
Освен тоа и ценовната разлика помеѓу бензин и дизел, половни и нови, е во полза на бензинот. Бензинецот што го имам беше околу 1000-1500 евра поевтин од дизел варијанта, а бидејќи го возам само до работа не ставам повеќе од 250-300 евра гориво годишно.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
692
Поени од реакции
269
тука сите се палат на олку коњи на толку коњи а ако сакаш домаќинска кола да знаеш само 1.4 моторот на WV.Башка не знам како им се пресудни тие 15 коња од 90 коња кај 1.4 до 105 кај 1.9.У старт имаш поскапа регистрација и плус пари за одржавање на сите тракатанци кај дизелите...
Регистрацијата за 90 и 105 к.с е иста бидејќи се во иста група ( група од 65 до 95 KW ) . Е сега коњите... Уффф огромна разлика има од 90к.с кај 1.4 атмосферски бензинец до 105к.с кај 1.9 турбо дизел . Огромна разлика има и со 1.9 тди со 90 к.с и истите 90 к.с кај 1.4 атмосферски бензин . За да го сфатиш ова прво треба да знаеш на колку вртежи едниот односно другиот мотор ги развива тие 90/105 к.с , треба да знаеш исто и што е максимален вртежен момент и кога и при кои вртежи тој момент е му е достапен на моторот . Конкретно 1.4 астмосферскиот бензинец на VW кај Октавија не е 90 туку 75 к.с , ама ајде да кажеме дека е 90 . Е тие 90 к.с би ги произвел некаде на преку 5500 вртежи во минута , вртежниот момент би му бил некаде околу 130-150 Њутн метри на околу 3 500 вртежи во минута . Што значи дека нема да можеш да го возиш на булевар со брзина од 40 км/ч во 4та брзина и на 1800 врт/мин , туку во 3та на преку 2500 , а за претицање ке треба да вратиш во 2ра , а сето ова резултира со поголема потрошња . Додека тој 1.9 тди тие 90 или 105 кс ги достига некаде на околу 4200-4300 врт/мин , но пази ваму - вртежниот момент му е огромни (споредено со 1.4) 250 Њм и достапен веќе на 1700-1800 врт/мин . А помал број на врт/мин значи и помалку револуции односно помалку циклуси и помала потрошња на гориво. И ова е главната разлика и најголемата да кажам слабост на атмосферските мотори во однос на турбо моторите, без разлика дизел или бензин... Предност пак на атмосферските мотори пред турбо моторите пак е издржливоста и долговечноста...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
6.568
Поени од реакции
6.032
тежината е најголем фактор кај автомобилскиот свет.....многу поважен него коњските сили....

 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
1.157
Поени од реакции
671
Страшното не е DPF-от, туку тоа што не можат дизелот на плин да го направат, плинот е главната причина што кај нас се купува бензин...иако се труби дека звукот и перформансите на бензинот биле пресудни, хахаха

Ако бил звукот пресуден, нека купат некоја лада 1500(15 литри/100 км во град) нека и наварат цевка место лонец има да грми :pos::pos::pos:
Бензинец само турбаш на пример 1.8Т голф 4 и да се стави добар издуф. Сепак дизелите според мене имаат подобар филинг во возење и забрзување и штета што ни поскапи нафтата. За одржување можда се поскапи од бензинците али има и бензинци кој се и доста скапи за одржување на пример шкода октавиа како шо беше спомнарта 1.4 80кс 2008година, бобмината кошта 12000 нова а половна е 7000. Шалтерот е пластичен и е доста скап за поправка. Си троши масло, скапа предница за сервис. Уште плин да и се клај и толку однеа.....
Ме потсети во почетоците ко ја зедов шкодата, го секов заднио лонец ито сам го сечев со бонсек и му имав клаено од оние свирчината фејк турбо, звукот ко од бунар да излегува
На тди доволно е катализаторот да се извади.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
3.760
Поени од реакции
2.727
Golf 7

Kerb weight1,293–1,500 kg (2,851–3,307 lb

И тоа 1500 е ептен тешки верзии со голем мотор, автоматски мењач, и сл. 99 % ќе бидат со помала тежина.
Автоматски споено мислење:




А јас добро си кажав дека помалите мотори врват помала километража без отворање. Ти стави 2.0 мотор а погоре еден се фали со 1.8 дека поминал многу. Овие не се мали мотори за наши појмови али сепак помалку врват него дизел со иста кубикажа.


За забава за возење може само поголем мотор бензин, не знам каде е забавата да возиш 1.4 на плин?

Бар за мене е така, сега некој ако вози пензионерски таман му е и 20 секунди до 100 да забрзува, ама тогаш не може да се фали дека ужива во звукот и перформансите на бензин.

Тоа е исто кода речеш југо 45 е супер кола оти има мотор на бензин, нон сенс.
Автоматски споено мислење:




Нема толку улога тежината колку што има висината, ширината на возилото како и самиот распоред на тежина.

Може кола да биде и 1000 кг па да стои залепена на пат особено со добри гуми, од друга страна нон стоп има на мус тестовите коли по 1500 +кг кој се гледа дека едноставно не се баш стабилни при промена на правец.

Друга работа е типот на суспензија назад, За да биде стабилна колата мора да биде независна и назад.

Сите голфови до 5-ка, сите леони од постарите генерации, сите астри, многу од фиатите сл.имаат едноставна осовина назад и двете задни тркала се поврзани едно со друго. Ова е главно поради економија пошто кошта поевтино да се направи.

Пример возиш во кривина, едното од задните тркала врви преку нерамнина рипа и другото оти се поврзани. Кога рипаат така при пооштро возење буквално двете задни тркала се одлепуваат од асвалтот за кратко време и колата занесува во страна.
Screenshot_20200404-074605_Chrome.jpg
Leergewicht е тежина
Автоматски споено мислење:

тежината е најголем фактор кај автомобилскиот свет.....многу поважен него коњските сили....

За drag race да, али у реален живот никој не вози drag race, на првата кривина со 50 km/h и е у ендек.

 
Последно уредено:
На врв Bottom