Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.307
Поени од реакции
7.289
Ти ако не требаш некои други "требаат" сигурно.[DOUBLEPOST=1557437527][/DOUBLEPOST]Сакам да купам нова кола, некоја лимузина и да биде бензинец, рачен мењач над 140 коња.

БМВ новите мотори по форумите пишува насекаде дека имаат проблеми со веригите.
Волксваген групација гореле уље поради лоши прстени на клиповите.
Мерцедес некаде пишува имале проблеми со палењето во изолирани случаи. (Гледав еден ц класа 156 коња на 30к километри, 2 години стар ми изледаше расклинкан иако беше од овластен дилер и даваше гаранција 2 години, мењачот му тресеше ко луд и чадеше црно, а овој вели "мерцедес не знае да напраи рачни мењачи" си велам абе ајде бе...
Јапонскиве производители ниедно не ми фаќа око тој драгонбол дизајн.
Рено талисман бензинец нема рачен мењач.
Пежо не гледам ради bad experience.
Опел има нови мотори од 1.5 кај новата инсигниа не се знае сеуште какви се.

Некој совет?
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.659
Поени од реакции
38.845

бмв со 6 цилиндри само, н54 или н55, иначе лимузина и бензин не идат заедно, многу ќе ти троши, ако сакаш бензин некој хечбек или евентуално да уградиш плин.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.648
Поени од реакции
27.969
Пежо 307ца 2.0 хди 109 коњски сили 2002ра година.
Ич не ги разбирам овие,знае ли некој каква е за одржавање?Се наоѓаат ли делови и кварливо ауто ли е?
 
Член од
8 јули 2017
Мислења
107
Поени од реакции
81
Пежо 307ца 2.0 хди 109 коњски сили 2002ра година.
Ич не ги разбирам овие,знае ли некој каква е за одржавање?Се наоѓаат ли делови и кварливо ауто ли е?
Има колега од работа такво, крш невиден од кола. Пред година дена му се случи ибертуража и тоа на обиколница, турбината му повлекла уље и зариба моторот; менуваше мотор, турбина, дизни, замаец, држач на мотор, го извади и дпф-от и се тоа заедно го чинеше околу 1000 евра. 307 2.0 хди со 90 кс е далеку подобра опција (нема дпф и двомасен замаец за разлика од 109 кс, плус 90 кс има обична турбина која е многу поиздржлива од онаа кај 109 кс која е со варијабилна геометрија) ама кај оваа верзија се вградувани 2 различни системи за убризгување - некои примероци носат Bosch а некои Siemens дизни (кај 109 кс само Bosch). Оние примероци кои ги имаат вториве дизни треба да се избегнуваат бидејќи се работи за пиезо дизни кои тешко се репарираат а нови коштаат колку целата кола, системот на Bosch е далеку поквалитетен и поедноставен за одржување (се состои од обични електромагнетски дизни со соленоид вентил кои се репарираат многу полесно и за многу помалку пари).
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.845
Поени од реакции
8.693
Какво уље да ставам на Шевролет Калос 2008год. 1.4, 94кс, 16v, со плински уред??
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.648
Поени од реакции
27.969
Било кое 5w30 dexos 2 ознака,ако има голема километража можеш и 5w40 повторно со dexos 2 ознака
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
A тебе ке ти заврши ли работа тотал 10w40? У твоето ауто зашто не сипеш такво?
Имам ставено таков на Даеву Нексија со вграден плин и одлично ми заврши работа инаку слични мотори се со Калос и Нексија ,а од истата фабрика е. Тотал полусинтетичко 10-40 ќе заврши работа проверено од мене и се разбира да се менува и филтер за масло,а сега возам Ауди ТДИ Б6 серија со 5-40 арал пошо е дизел . Значи гарант проверено од мене 10-40 тотал или ЕЛФ а вие како сакате и измислете приговори што да ви кажам

Sent from my iPad using Tapatalk
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.648
Поени од реакции
27.969
Имам ставено таков на Даеву Нексија со вграден плин и одлично ми заврши работа инаку слични мотори се со Калос и Нексија ,а од истата фабрика е. Тотал полусинтетичко 10-40 ќе заврши работа проверено од мене и се разбира да се менува и филтер за масло,а сега возам Ауди ТДИ Б6 серија со 5-40 арал пошо е дизел . Значи гарант проверено од мене 10-40 тотал или ЕЛФ а вие како сакате и измислете приговори што да ви кажам

Sent from my iPad using Tapatalk
Колку километри си го "проверувал" 10к?
15к? 2008ма бензинските мотори имаат толку мала толеранција,да видиш во какви се не дупчиња треба да се протне уљето ке разбереш за што се збори тука.Зимоска тој пудинг од уље 3 минути уљната пумпа нема да успее однесе таму каде што треба.Со тоа уље дефинитивно ке му се скрати векот на тој мотор.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.845
Поени од реакции
8.693
Колку километри си го "проверувал" 10к?
15к? 2008ма бензинските мотори имаат толку мала толеранција,да видиш во какви се не дупчиња треба да се протне уљето ке разбереш за што се збори тука.Зимоска тој пудинг од уље 3 минути уљната пумпа нема да успее однесе таму каде што треба.Со тоа уље дефинитивно ке му се скрати векот на тој мотор.
А ти кое го препорачуваш??
 
Затоа треба полусинтетичко 10-40,а не 5-30 кое е фул синтетичко. А проверка за масло и пак ќе пишам како и минатиот пат јас секогаш менувам по 7к км и никако не се придружувам тоа што пиша 10к или 15к тоа го важи само во ЕУ каде што законот за тужби е ригорозно туку само по секои околу 7000км менувам , а моторот што викаш дупчиња да протне, сите мотори се стандардни дупчиња инаку уште одамна ќе правеше инжинерски редизајн на моторот што досега не се случи освен надоградување и ништо друго е сега се зависи од добар притисок и компресија

Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom