Дечки како оди купопродажба на возила во моментов? Кои се документи ми се потребни и како оди чекор по чекор (договор верувам на нотар, парите може кеш или мора на сметка, одјавување во полиција во градот каде што е регистрирана или може во било кое МВР)? Имам заинтересиран купец на колата од друг град, али има регистрација уште 2 месеци, па како да се изведе за и тој да може да ја вози на овие табли, а и јас да сум заштитен и да не ме замара пак по 2 месеци да растрчувам по институции?
За каква кола станува збор? Која е одприлика цената? Дека различна е процедурата сега со кешот.
Нажалост кога се продава во друг град малтретирање за одјава на таблици имаш секако.
Се завршува релативно брзо, но чекање на таблици, па праќање тоа е малтретирање искрено.
Ако си од Скопје одјава ќе можеш само Во МРТ да направиш, на шалтер за одјава со документ.
Ако е мала сума прв чекор е одите на нотар и му ја префрлаш. Ти ги исплаќа парите и потоа нормално му ја даваш колата, заедно со сообраќајната.
и нотарскиот договор.
Тој си оди дома и ти ги пушта таблиците. Сообр. обично ја одјавува сопственикот на колата или ако има полномошно може и некој друг во негово име.
Потоа му ја праќаш сообраќајната одјавена со печат и он си вади нови табли и сообраќајна.
Постои можност ако сакаш веднаш да завршиш работа, одма кога ќе ја продадеш колата веднаш да му ја одјавиш и купецот да си извади пробни и да си ја однесе во градот каде што живее. Но тие се плаќаат, и во пракса многу ретко се вадат.
Освен ако не му ги платиш ти на сопственикот, па верувам дека така би се сложил.
Сепак онаа прва варијанта е далеку покористена.
Овој втор начин со пробни се прави, ако се сакаш да завршиш во еден ден, и да не се замараш да чекаш по автобус, карго да ти ги праќаат таблиците, па потоа ти да ги праќаш назад документите итн.
Досега јас со пробни не сум имал прилика да правам.