Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.184
- Поени од реакции
- 34.407
Гунар Гарфорс, човекот кој досега го пропатувал речиси цел свет и посетил 198 земји, на својот блог објави листа на совети кои би му ги олесниле идните патувања на секого.
„Некои работи не смеете да ги заборавите или занемарите пред да тргнете на пат, а јас тоа го научив на потешкиот начин, на своја штета“, пишува Гарфорс.
Авторот на својот блог пишува текстови за патувања, а меѓу нив се и овие совети наменети за туристи. Еве дел од корисните совети:
1. Симнете ги картите на смартфон однапред – Наполнете го смартфонот со купените карти пред тргнување, бидејќи така ќе заштедите на роаминг. Можеби ќе најдете WiFi, но не може да се потпрете на тоа.
2. Проверете ги сите начини на превоз – Лично јас, користам јавен превоз, но ако сте за превоз со такси во градот претходно треба да ја проверите цената на километар, бидејќи знае да биде „еластична“, но не во ваша корист.
3. Информирајте се за курсната листа во земјата.
4. Носете готовина – Во Норвешка на пример, нема да ви биде проблем да платите со картичка, но во Замбија или Панама тешко ќе најдете продавница која прима кредитна/дебитна картичка. Препорачувам долари или евра.
5. Поделете ги парите – Никогаш не ги носете сите пари со вас. Најдобро чувајте ги повеќето во торба или скриен џеб, а нешто ситно со вас. Исто така, не ги вадете парите во јавност.
6. Користете туристички водич за да знаете каде да не одите – Оние места што ги предложуваат туристичките водичи се најчесто најскапите места во градот.
7. Пробајте нешто ново – И да направите список со локации кои сакате да ги посетите, не мора да се водите стриктно по него. Бидете спонтани, посетете необични места, така ќе имате уште поинтересни спомени и приказни за раскажување.
виа Кајгана
Имате ли вие некој корисен совет за споделување?