Совети за патување од човекот кој посетил 198 земји

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.390
Гунар Гарфорс, човекот кој досега го пропатувал речиси цел свет и посетил 198 земји, на својот блог објави листа на совети кои би му ги олесниле идните патувања на секого.


„Некои работи не смеете да ги заборавите или занемарите пред да тргнете на пат, а јас тоа го научив на потешкиот начин, на своја штета“, пишува Гарфорс.

Авторот на својот блог пишува текстови за патувања, а меѓу нив се и овие совети наменети за туристи. Еве дел од корисните совети:

1. Симнете ги картите на смартфон однапред – Наполнете го смартфонот со купените карти пред тргнување, бидејќи така ќе заштедите на роаминг. Можеби ќе најдете WiFi, но не може да се потпрете на тоа.

2. Проверете ги сите начини на превоз – Лично јас, користам јавен превоз, но ако сте за превоз со такси во градот претходно треба да ја проверите цената на километар, бидејќи знае да биде „еластична“, но не во ваша корист.


3. Информирајте се за курсната листа во земјата.

4. Носете готовина – Во Норвешка на пример, нема да ви биде проблем да платите со картичка, но во Замбија или Панама тешко ќе најдете продавница која прима кредитна/дебитна картичка. Препорачувам долари или евра.

5. Поделете ги парите – Никогаш не ги носете сите пари со вас. Најдобро чувајте ги повеќето во торба или скриен џеб, а нешто ситно со вас. Исто така, не ги вадете парите во јавност.

6. Користете туристички водич за да знаете каде да не одите – Оние места што ги предложуваат туристичките водичи се најчесто најскапите места во градот.

7. Пробајте нешто ново – И да направите список со локации кои сакате да ги посетите, не мора да се водите стриктно по него. Бидете спонтани, посетете необични места, така ќе имате уште поинтересни спомени и приказни за раскажување.

виа Кајгана

Имате ли вие некој корисен совет за споделување?
 
D

Daedalus

Гостин
1.Пробајте ги специјалитетите и народните јадења кои се познати и карактеристични за земјата која ја посетувате.

2.Научете барем неколку основни реченици од јазикот кој е приоритетен во државата.

3.Најдете домаќин или домаќинка која би ве примил/а на гости да престојувате (на интернет има многу понуди) затоа што престојот во хотел или друго место е практично неисплатливо освен ако не имате вишок пари за трошење.

4.Купете си сувенир од земјата во која сте биле.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.147
Поени од реакции
28.908
Уште визи да не ни бараа и се ќе беше тип топ.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
За офлајн мапи симнете си ја апликацијава, одлична е.
Совет од мене - менувајте пари во банка, не на менувачниците на аеродром. Менувачниците на аеродром секогаш имаат ужасна курсна листа.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
За офлајн мапи симнете си ја апликацијава, одлична е.
Совет од мене - менувајте пари во банка, не на менувачниците на аеродром. Менувачниците на аеродром секогаш имаат ужасна курсна листа.
Да се надоврзам. Ако сте во град кај што има банки, не менете ја целата сума одеднаш. Јас се имам заебано така.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
1. Прво распрашајте се каде да не одите во тој град кој ви е цел на посета, да не залутате во несакано маало.
2. Не ручајте во близина на популарни цркви, градби и места кои се задолжителни да ги посетите. Таму на три чекори во тесна уличка има многу подобра локална храна.
3. Немој да си го пиете мозокот во место каде прв пат идете, незнаете на што може да налетате во самиот кафиќ.
4. Парите распределете си ги за сите денови за престој, да не се случи последните денови да немате за леб.
5. Доколку незнаете да се вратите од почетната дестинација која претежно е главна автобуска/железника/метро/трамвај центар тогаш наместо во такси возило влезете во првото означено место за метро до главниот центар.
6. Секогаш имајте пријатели од местото кои би ви помогнале во случај да се деси нешто несакано или да ве упатат на вистинските места за прошетка. Овие пријатели може да се виртуелни или луѓе кои неколку пати биле таму или живееле подолго на тие простори.
7. Не верувајте секогаш на препораките за некое место, да не се разочарате.
8. Не букирајте во хотели кои имаат најмногу коментари „ задоволително за парите“ и секогаш пред да букирате читајте ги коментарите.
9. Не букирајте на непознати сомнителни сајтови за мотели, хостели и хотели. Преварите често се случуваат.
10. И не јадете од мотели покрај пат владее отровање и храна со поминат рок.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Земете си копија од CV, можеби ќе најдете работа при патувањето и не мора да се враќате во Македонија. :)

Он-топик: Дружете се со “локалци“, немојте со други странци што патуваат како вас. Можеби со странците ќе ви биде поинтересно, но со локалните жители ќе научите многу за земјата што сте ја посетиле.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
никој не спомна фото-апарат:confused:
*или тоа се смета како ЗАДОЛЖИТЕЛНО?
*костур спомна и за скенирана копија на мејл од пасош, ..... хмммм, ........ од мое искуство е поарно да се има класична (хард копи) од пасошот и да биде на посебно (одвоено) место од пасошот. не викам НЕ за на мејл, али не секогаш сме во можност со пристап до нет. исто и со визите.
*ако идеме некаде каде ни треба виза, ..... има хотели кои ако направиш резервација кај нив, ти помагаат со визата.
* RogerBacon точката број 3 е супер, па ако знаеш такви сајтови дај линк(y)
* пак од мое искуство, со себе носете работи (ситници) кои ќе бидат од земјата од која доаѓате, во примеров македонија и да поклоните по некоја ситница на некој нов пријател од местото кое сте го посетиле. верувајте, преубав гест кој ќе биде од непроценлива важност за домаќинот. пример: привезок за клуч, отварач за шишиња, магнети за на фрижидер, знаме, па дури и оние малите (15х15цм) чергичиња за под телефон/вазна
* тетратка/тефтер (од помалите) да можеш да ги запишеш во моментот мислите/импресиите. покасно нема да биде исто;)
 
M

macgowan

Гостин
Немојте да ги пијаните локалците во земји или региони од земјите каде алкохолот е забранет или слично.
 
G

garthok

Гостин
За офлајн мапи симнете си ја апликацијава, одлична е.
Совет од мене - менувајте пари во банка, не на менувачниците на аеродром. Менувачниците на аеродром секогаш имаат ужасна курсна листа.
Срање е, освен најпознативе градови ништо нема.
 
П

Пепси_

Гостин
Пробајте нешто локално/традиционално за тој регион/место. Не се трачајте по мекдоналдс одма или старбакс,пробајте локално кафе,торти и слатки.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.390
Пробајте нешто локално/традиционално за тој регион/место. Не се трачајте по мекдоналдс одма или старбакс,пробајте локално кафе,торти и слатки.
Ама ако имате осетлив стомак и не ги поднесувате добро промените на клима/храна, подобро е да си се држите кон „традиционалната“ и веќе испробана исхрана :)
Колку и да сакам да пробам, никогаш не би пробал морски плодови некаде на страна. Имам чувство дека ќе си го поминам одморот на шоља.
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
475
Поени од реакции
1.667
никој не спомна фото-апарат:confused:
*или тоа се смета како ЗАДОЛЖИТЕЛНО?
*костур спомна и за скенирана копија на мејл од пасош, ..... хмммм, ........ од мое искуство е поарно да се има класична (хард копи) од пасошот и да биде на посебно (одвоено) место од пасошот. не викам НЕ за на мејл, али не секогаш сме во можност со пристап до нет. исто и со визите.
*ако идеме некаде каде ни треба виза, ..... има хотели кои ако направиш резервација кај нив, ти помагаат со визата.
* RogerBacon точката број 3 е супер, па ако знаеш такви сајтови дај линк(y)
* пак од мое искуство, со себе носете работи (ситници) кои ќе бидат од земјата од која доаѓате, во примеров македонија и да поклоните по некоја ситница на некој нов пријател од местото кое сте го посетиле. верувајте, преубав гест кој ќе биде од непроценлива важност за домаќинот. пример: привезок за клуч, отварач за шишиња, магнети за на фрижидер, знаме, па дури и оние малите (15х15цм) чергичиња за под телефон/вазна
* тетратка/тефтер (од помалите) да можеш да ги запишеш во моментот мислите/импресиите. покасно нема да биде исто;)

https://www.couchsurfing.org/

Една од најубавите работи на интернет
 

Kajgana Shop

На врв Bottom