Совети за ПОЧЕТНИЦИ на мотори

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
Мали совети за почетниците!

1. Ноќните бубачки имаат најубав вкус!
2. Во бисаги неможеш да ставиш све што сакаш,но можеш да ставиш све што ти треба!
3. Ќе поминеш подолг пат,ако научиш да држиш повеќе од два прста на предна кочница!
4. Рутинско одржување,никогаш не треба да биде занемарено!
5. Единствен добар поглед на олуја е,во ретровизор!
6. Никогаш не се плаши да успориш!
7. Само моторџиите ги разбираат кучињата,зошто ги вадат главите од прозор,во кола,во движење!
8. Моторите не испуштаат уље,они обележуваат територија!
9. Не вози толку долго во ноќ,за да мораш да го преспиеш изгревањето на сонцето!
10.Доручек и кафе,се исто така важни како и точење бензин!
11.Ако возиш по брзо од другите, гарантирано ти е дека ке возиш сам!
12.Никогаш не ги споредувај коњските сили,со издржливоста!
13.Добар моторџија има одлична рамнотежа,проценка и тајминг. Исто тоа,го има и еден добар е..ч!!
14.Ако не возиш по дожд,тогаш не вози никогаш!
15.Мотор на пат,вреди повеќе и од два мотора во продавница!
16.Поштувај го човекот,која ја видел темната страна на моторџискиот живот,и преживеал!
17.Младите моторџии одбираат дестинација,и тргнуваат,А старите моторџии одбираат правец,и тргнуваат!
18.Секогаш,најбрз начин за да се стигне до одредено место,е да се преспие навечер!
19.Секогаш паркирај го својот мотор на тротоар,и седни таму,каде што ќе можеш да го гледаш!
20.Зима е начин,на кој природата ти вели дека е време за полирање!
21.Моторџиските чизми,не се удобни за одење пеш!
22.Луѓето се како моторите.Секој е различен од другиот!
23.Запамти дека секогаш оддавај почит на партнерот,исто како на карбураторите!
24.Добри рефлекси се подобри од среќа!
25.Добро кафе,се разликува од боја на уље!
26.Најдобар будилник е сончево утро!
27.Научи да реагираш на проценка.Тоа многу ќе ти значи!
28.Кога возиш на чело,немој да плукаш!
29.Ако особата во кола,до тебе на семафор,го затвори прозорот и ја заклучи вратата,охрабри го неговиот поглед на живот,и поздрави го!
30.Пријател е оној,кој ке стане од кревет во 2h наутро и ќе дојде до таму,каде што си останал дефект!
31.Сите паѓаат од мотор.Некои стануваат,некои не,а некои неможат да станат!
32.Чувај се од моторџија,што ти кажува дека никогаш моторот не се расипува!
33.Знаеш дека ќе те поштува оној,кој ќе ти го побара моторот,но повеќе ќе те поштува ако не му го дадеш!
34.Не влегувај во конфликт со камионџии!
35.Добра долга вожња,ќе ти го прочисти умот,ќе ти ја врати вербата,и ќе ти потроши повеќе бензин!
36.Ако возиш како да нема утре,тогаш и вистински ќе го нема!
37.Секогаш,прво замени ги ефтините делови на моторот!
38.Можеш да заборавиш,што работиш,дур си на мотор.
39.НЕ Е БИТНО КАКВА МАРКА НА МОТОР ВОЗИШ, ВЕТЕРОТ Е ЗА СИТЕ ИСТ!!!

--- надополнето ---

откако ги исчитавте привте, сега следи втора тура на совети

1. Секоја вожња е доброволна, а секое застанување е неминовно
2. Ако го гурнеш гиданот лево- моторот оди лево, ако го гурнеш гиданот десно- моторот оди десно... ако продолжиш со гурањето лево или десно- моторот оди доле
3. Возењето мотор не е опасно, паќањето од мотор е опасно
4. Подобро е да си на тротоарот посакувајки да си на улица, отколку да си на улица а да посакуваш да си на тротоар
5. Единствена ситуација кога имаш премногу гориво, е кога гориш
6. Кога си несигурен- успори, никој никаде не се мавнал премногу бавно
7. Задното тркало на моторот е вентилатор кој ти го лади и релаксира газот... стисни нагло на задната кочница и вентилаторот запира, е тогаш почнува газот да ти се поти и стега
8. Добра вожња е онаа од која што можеш да си одиш, а одлична е онаа после која повторно можеш да се возиш
9. Учи од грешките на другите, нема да доживееш доволно долго да ги направиш самиот и да учиш од своите
10. Кога во првата лева кривина почнуваш да гребеш- знаеш дека си го заборавил страничниот штендер, а кога убацуваш во 1-ва, стигнуваш до 4000 обртаи и не одиш никаде- е тогаш си го заборавил централниот штендер
11. Никогаш со моторот не оди онаму каде што умот не ти бил 3 секунди претходно
12. Има 2 едноставни правила за глатко и брзо возење по снег и мраз... за жал никој не ги знае тие 2 правила
13. Возењето мотор го почнуваш со полна вреќа среќа и празна вреќа искуство... трикот е да ја наполниш вреќата со искуство пред да се испразни онаа со среќа
14. Ако во ретровизорот гледаш искри и чад, а совозачот ти вришти... работите не ти се баш како што ги замислуваше
15. Во битката меѓу објекти направени од метал, пластика и фиберглас кои возат повеќе од 200 км/ч и земјата која вози 0 км/ч, сеуште земјата победува...
16. Добрата реакција доаѓа од искуство, за жал искуството се стекнува со учење од лоши реакции
17. Внимавај наоколу, секогаш има нешто што си пропуштил
18. Нај неважни и непотребни работи за моторциклистот се растојанието на кочење позади него и поминатите 9/10 (девет десетини) од секундата
19. И за крај запомни: Гравитацијата, Инерцијата и Центрифугалните сили не се само добри идеи, тие се закони... без право на жалба !
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
Иако не сум некој си моторџија во правата смисла на зборот, ниту пак имам мотор кој може да им парира на вистинските моторџии со Харли Дејвидсон и сл. мотори, советиве се одлични и барем 3/4 ги имам искусено... особено 14...
19 не треба да е совет, туку правило. Никогаш не го оставај својот мотор каде што не го гледаат очите...

31 се уште ми се нема случено....и се надевам дека нема...

А за 34... имам искуство какви идиоти можат да бидат камионџиите.....искуство што го имам со автомобил...


Ај и еден мој совет од искуство..... секогаш кога возите на надолнина возете полека....многу полека, бидејќи ако кочите со задна нагло, само пролизгува, недоволно време да застаните ако излези нешто.....ако кочите со предна доста е веројатно дека ќе завршите со лицето на асфалт, а со двете... тогаш сигурен судир со тоа нештото што ќе излези...
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Иако не сум некој си моторџија во правата смисла на зборот, ниту пак имам мотор кој може да им парира на вистинските моторџии со Харли Дејвидсон и сл. мотори, советиве се одлични и барем 3/4 ги имам искусено... особено 14...
19 не треба да е совет, туку правило. Никогаш не го оставај својот мотор каде што не го гледаат очите...

31 се уште ми се нема случено....и се надевам дека нема...

А за 34... имам искуство какви идиоти можат да бидат камионџиите.....искуство што го имам со автомобил...


Ај и еден мој совет од искуство..... секогаш кога возите на надолнина возете полека....многу полека, бидејќи ако кочите со задна нагло, само пролизгува, недоволно време да застаните ако излези нешто.....ако кочите со предна доста е веројатно дека ќе завршите со лицето на асфалт, а со двете... тогаш сигурен судир со тоа нештото што ќе излези..
Според советов искрајно би ти препорачал ако возиш мотор немој многу брзо да возиш зошто очигледно незнаеш да кочиш...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
Според советов искрајно би ти препорачал ако возиш мотор немој многу брзо да возиш зошто очигледно незнаеш да кочиш...
По НАДОЛНИНА..... ако не ми веруваш пробај......на 6-8% надолнина со 30-40 км/ч, пробај да закочиш... само тоа напрај го на отворено каде што нема коли...па ќе се увериш.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
По НАДОЛНИНА..... ако не ми веруваш пробај......на 6-8% надолнина со 30-40 км/ч, пробај да закочиш... само тоа напрај го на отворено каде што нема коли...па ќе се увериш.
се заебаваш ли ...
и шо сакаш да кажеш .. според тебе по надолнина никако над 20км/ч и никако кочење? :)
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Human ај оди прочитај нешто во Љубов и секс доста се изглупира на темава не се кочело со двете кочници затоа што ќе си удрил во тоа нештото што ќе излези :pos:
E подобро ли ќе закочиш со предна? Може да ти исклиза со предна тркалото и да паднеш а на двете кочници ако имаш диск веднаш ќе го укопаш моторот во место па ако сакаш и 70 вози :)
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Советите не се само за почетници, напротив, важат за секој што вози мотор :)
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
По НАДОЛНИНА..... ако не ми веруваш пробај......на 6-8% надолнина со 30-40 км/ч, пробај да закочиш... само тоа напрај го на отворено каде што нема коли...па ќе се увериш.
И со 100 сум кочел и тоа ми излета кола па пак укочив и кочев со две кочници впрочем никогаш не кочам со една кочница.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.066
Поени од реакции
4.716
се заебаваш ли ...
и шо сакаш да кажеш .. според тебе по надолнина никако над 20км/ч и никако кочење? :)
Human ај оди прочитај нешто во Љубов и секс доста се изглупира на темава не се кочело со двете кочници затоа што ќе си удрил во тоа нештото што ќе излези :pos:
E подобро ли ќе закочиш со предна? Може да ти исклиза со предна тркалото и да паднеш а на двете кочници ако имаш диск веднаш ќе го укопаш моторот во место па ако сакаш и 70 вози :)
И со 100 сум кочел и тоа ми излета кола па пак укочив и кочев со две кочници впрочем никогаш не кочам со една кочница.
Туууууу бе....моја грешка во постот.
Мислев за во градски услови, наидување на раскрсница при надолнина.

И да, немам диск на моторот, па веројатно и тоа влијаело за погорниот пост... :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom