Јас сум за протест, но само доколку се протестира, да се избркаат од државава некои личности од политичките врвови кои ги диктираат ваквите немили случаеви. Сум за протест кој ќе нагласи дека народот сака мир и слобода, а на оној кој не му чини таков живот во оваа држава нека си ги собере парталите и нека оди онаму каде што ќе го сакаат таков каков што е. Сум за протест, да не остават на мира надворешните сили, кои не сметаат како животни и ни ја внесуваат нивната демократија.
Ова го мислам за сите националности и за сите партиски бои.
Сакам независна, мирна Македонија, а тоа можеме да го добиеме само со слога ...
Чудно е тоа што, после секој настан, кој го зближува народот, или најпресно, настан кој ја зацрвстува вербата на верниците, а дава сомнеж на неверниците, се врти вниманието кон нешто друго и се ствараат тензии.