Британски Мастерс 2023
од 8 јануари 2023 до 15 јануари 2023
во англиската Александра Палата во Лондон
Џад Трамп има уште многу млеко за цицање за да биде меѓу најдобрите 10 играчи на сите времиња, па Нил Робертсон кој вреди милијарда и кусур пати повеќе од него сеуште не е влезен во тоа друштво, а од поодамна е тргнат на добар пат во тој правец.
Џад Трамп и да не го освоеше мастерсот минатата Недела на 15 Јануари, тој ќе освојува титули од т.н Тројната круна и понатаму во иднината.
Веќе е влезен во топ 10 играчи на сите времиња. И да се случи чудо и тој повеќе и да не освои ниту една титула од т.н Тројна круна, пак ќе биде сметан за дел од топ 10 историјата на снукерот, тоа е реалноста.
Трамп на крајот од неговата кариера ќе има минимум 10 титули од т.н Тројна круна ( СП, Мастерс и УК шампионат). Веќе ги има 4 титули, а сигурно ќе има најмалку двоцифрена бројка од минимум 10 трофеи.
Многу рекорди ќе бидат во негова сопственост кога ќе се повлече од снукерот. Ќе има најмногу троцифрени брејкови, најмногу рангирни титули освоено, ќе има и најмногу брејкови со максимум од 147 поени и тука ќе го престигне О' Саливен со максимум брејкови.
Да, поради тоа што сега има огромен број турнири секоја сезона, тоа ќе влијае да има најмногу рангирни титули. Да имаше толку многу турнири кога Хендри доминираше, Хендри ќе имаше можеби 60 титули, наместо 36 рангирни титули освоено.
О' Саливен и Стивен Хендри ќе имаат повеќе титули од т.н Тројна круна, тука Трамп ќе заостанува зад нив двајцата, Трамп и Селби ќе бидат на 3 и 4 место на таа листа од Тројната круна.
Ќе му оди на рака на Џад Трамп и веќе извесната суспензија која ги очекува Кинезите Јан Бингтао и Жао Сингтонг, овие двајца Кинези се врвни таленти и ќе освојуваа уште титули од т.н Тројна круна, но поради местење натпревари ги очекува суспензија. Ќе беа сериозна и жестока конкуренција на Трамп.
Кариерата на Нил Робертсон ќе стагнира, Робертсон го достигна т.н пик односно врвот на неговата кариера. Да, повремено ќе блеснува и ќе освојува титули, ќе биде опасен и незгоден ривал за Трамп и останатите играчи од светскиот врв, но веќе и Робертсон почна да прескокнува одредени турнири, и тој е заситен од снукерот, и сака и повеќе време да посвети на семејството и животот надвор од снукерот.
Главни ривали за Трамп во иднина ќе бидат Кајрен Вилсон ( кој нема добра сезона), Марк Ален, и доколку се опорави од депресијата Марк Селби. Секако О' Саливен е уште тука опасен, и повремено ќе блеска Нил Робертсон. Од Кинезите многу се очекуваше/ очекува.