Снукер

Член од
19 март 2013
Мислења
2.289
Поени од реакции
3.042
Хигинс жива легенда, никогаш не се отпишува на светско. Ален ќе почека.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Иде светсково накај Ален - Рони/Трамп финале. Во горниот ждреб само Марфи е сериозна препрека за Ален , Хигинс нема веќе енергија за светско.
Можеби некоја друга година, ждрепката говори поинакви опции.

Победникот од мечот Рони О'Саливен - Стјуарт Бингам ќе игра против победникот од мечот Џад Трамп - Џек Џоунс, а победникот од мечот Дејвид Гилберт - Стифен Мегваер ќе игра против победникот од мечот Кајрен Вилсон - Џон Хигинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Светски Шампионат во Снукер 2024
од 20 април 2024 до 6 мај 2024
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

30 април 2024
Единаесетти ден - Четвртина финале:

Нема завршени мечови;

Денес, среда, 1 мај 2024, треба да продолжат и да завршат мечовите од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024:

11:00. Џад Трамп 8:8 Џек Џоунс;
11:00; 20:00. Кајрен Вилсон 5:3 Џон Хигинс;
15:30. Дејвид Гилберт 10:6 Стифен Мегваер;
15:30; 20:00. Рони О'Саливен 4:4 Стјуарт Бингам.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.289
Поени од реакции
3.042
Дното го допре Трамп овие два дена. Не се сеќавам толку аматерски да играл. Светсково покажа дека секогаш ќе биде во сенка на Хигинс , Вилијамс , Селби , за Рони не сакам да коментирам , за него нема дебата. Може и 50 рангирачки титули да има , на големите турнири е прилично лош.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Светски Шампионат во Снукер 2024
од 20 април 2024 до 6 мај 2024
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

1 мај 2024
Дванаесетти ден - Четвртина финале:

Џад Трамп 9:13 Џек Џоунс;
Дејвид Гилберт 13:8 Стифен Мегваер;
Кајрен Вилсон 13:8 Џон Хигинс;
Рони О'Саливен 10:13 Стјуарт Бингам;

Утре, четврток, 2 мај 2024, започнуваат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024, во кои силите ќе си ги измерат:

14:00. Дејвид Гилберт - Кајрен Вилсон;
20:00. Џек Џоунс - Стјуарт Бингам;

Во полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024 се игра до максимални 33 фрејмови, односно во финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 17 фрејмови.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Светски Шампионат во Снукер 2024
од 20 април 2024 до 6 мај 2024
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

2 мај 2024
Тринаесетти ден - Полуфинале:

Нема завршени мечови;

Утре, петок, 3 мај 2024, продолжуваат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024:

11:00; 20:00. Дејвид Гилберт 4:4 Кајрен Вилсон;
15:30. Џек Џоунс 4:4 Стјуарт Бингам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Светски Шампионат во Снукер 2024
од 20 април 2024 до 6 мај 2024
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

3 мај 2024
Четиринаесетти ден - Полуфинале:

Нема завршени мечови;

Утре, сабота, 4 мај 2024, продолжуваат и завршуваат мечовите од полуфиналето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024:

11:00; 20:00. Џек Џоунс 8:8 Стјуарт Бингам;
15:30. Дејвид Гилберт 10:14 Кајрен Вилсон.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Светски Шампионат во Снукер 2024
од 20 април 2024 до 6 мај 2024
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

4 мај 2024
Петнаесетти ден - Полуфинале:

Дејвид Гилберт 11:17 Кајрен Вилсон;
Џек Џоунс 17:12 Стјуарт Бингам;

Утре, недела, 5 мај 2024, започнува финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024 каде што силите ќе си ги измерат:

14:00; 20:00. Кајрен Вилсон - Џек Џоунс;

Судијата кој ќе го води мечот е 53 годишниот Велшанец Пол Колиер, на кого ова ќе му биде 4-то и последно финале на Светскиот Шампионат во Снукер кое ќе го води, по што судијата заминува во пензија.

Во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024 се игра до максимални 35 фрејмови, односно шампионскиот трофеј, титулата Светски Шампион во Снукер 2024 и паричната награда во износ од 500.000 (ПЕТСТОТИНИ ИЛЈАДИ) британски фунти ќе ги однесе играчот кој прв ќе освои 18 фрејмови, додека на вториот финалист му следуваат вице-шампионскиот медал и парична награда во износ од 200.000 (ДВЕСТОТИНИ ИЛЈАДИ) британски фунти.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.289
Поени од реакции
3.042
Џек Џоунс е најголемиот upset во историјата на снукерот.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.011
Поени од реакции
1.129
Една прогноза за финалето:
Кајрен Вилсон : Џек Џонс : 16 : 18 за Џек Џонс.

Кога веќе имаше многу изненадувања на првенството нека биде и финалето со изненадувачки крај.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Светски Шампионат во Снукер 2024
од 20 април 2024 до 6 мај 2024
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

5 мај 2024
Шеснаесетти ден - Финале:

Денес, понеделник, 6 мај 2024, продолжува и завршува финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024:

14:00; 20:00. Кајрен Вилсон 11:6 Џек Џоунс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.594
Поени од реакции
11.755
Светски Шампионат во Снукер 2024
од 20 април 2024 до 6 мај 2024
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

6 мај 2024
Седумнаесетти ден - Финале:

Кајрен Вилсон 18:14 Џек Џоунс;

На 32 годишна возраст Англичанецот Кајрен Вилсон за прв пат во својата професионална снукер кариера го освои Светскиот Шампионат во Снукер, 6-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024 извојува победа над 30 годишниот Велшанец Џек Џоунс со резултат 18:14 .

Со завршувањето на Светскиот Шампионат во Снукер 2024 официјално завршува и снукер сезоната 2023/2024.

Првиот професионален турнир во снукер од сезоната 2024/2025 е кинескиот Шангај Мастерс 2024, нерангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 15 јули 2024 до 21 јули 2024 во Шангај, Кина, на локација која дополнително ќе биде потврдена и објавена.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.015
Поени од реакции
14.864
Вилсон има една голема мана во играта-удира силно и тогаш кога нема потреба од тоа. Тогаш многу се греши. Во послените 3-4 фрејма поради посилен удар него што треба изгуби многу
 

Kajgana Shop

На врв Bottom