Смртта - крај или нов почеток?

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Епа тоа дете е во секој од нас само што сме добро обучени да го потиснуваме и дури и самите себе да се лажеме дека не постои такво дете... Туку годините тука немаат никаква улога ниту пак менуваат нешто... од момнетот кога си се родил ти веќе си умрел, и сите што ги гледаш наоколу тебе и самиот ти сме веќе умрени само се чека момнетот на реализација и ко што кажав да се домота филмот до тој момент каде ја искусуваш смртта... е сега дали ќе ја искусиш свесно и ќе останеш свесен(па дали ќе има нешто после тоа или не нема да ти значи многу) или ќе се изгубиш како што би се изгубил во сон или во кома зависи од колку си бил свесен во живото, во моментот оти само таму и сме...
Но дали стварно не се плашиш од смртта... имаш деца ваљда... како би се чувствувал доколку некое од нив (или ако немаш деца, некој кој ти значи многу во живото) умре... дали се плашиш од таа помисла...?
Воопшто не рамислувам за смрта, туку размислувам како да ги „ суредам “, срамните, гнасните и омразените, рампи, зони и пајак - возила. Инаку кога би умрел зонашите ќе се „ израдуваат “, затоа, за сега, не планирам такво нешто.
 
maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Имам прочитано во една книга една мисла " За Среќа Постои Смрт".
Јас лично не се плашам од смртта, кога тогаш ќе биде и тоа е дел од овој живот, и мислам дека е тоа нов почеток, никако крај..
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Ако од нешто најмногу се плашам во животот, тоа е смртта. Од дома ми имаат зборувано се' и сешто, уште какви се не книги сум прочитала и филмови сум изгледала само за да се обидам да го надминам стравот. Сум пробала и преку религијата и преку книгите во стилот моќта на потсвеста, демек треба да се убедиш дека стравот е во твојата глава.
Како ја замислувам? - Како Ништо. Кога мислам за смртта во мојата глава се појавува универзумот таков целиот со ѕвезди, планети и други небесни тела и околу нив лебди мојата мисла дека никогаш повеќе, за ништо на светот нема повторно да чекорам по земјата, да ја гушнам мама, да се карам со сестра ми заради алишта и слично и одеднаш почнам да треперам целата, срцето почне забрзано да ми бие и чувствувам тешка грутка на градите. Заборавам на се околу себе и ми доаѓа силно да плачам од мака. Сакам да верувам во реинкарнација, во рајот, во претходни животи, но не можам. Се што гледам пред мене е црна дупка и празнина. Некои ми велат дека треба да одам на гробишта за да помине стравот (бидејќи до сега не сум била на погреб) ама џабе е, ништо не ми помага.Не сакам да умрам, сакам вечно да живеам како што сакал Гилгамеш. Знам дека бесмртноста на човекот е во неговите дела, а не во тоа колку години живеел, ама за мене се' тоа се празни зборови. Не можам да го надминам стравот, само го прекривам со тоа што ги потиснувам моите мисли и гледам да правам шала од тоа. Може сум болна, може и не, јас само кажувам како се чувствувам!

ПС: Фала за темата, навраќањето на смртта ми го направи помалку страшен колоквиумот утре сабајле.
Не сум психолог ама ова ја би го нарекол фобија. Сериозно, треба да разговараш со психолог. Не верувам дека одење на погреб или на гробишта ќе го реши проблемот....

Интересен е начинот на кој што го замислуваш своето постоење после смртта на телото и човек добива впечаток дека причината за стравот е тоа што ги губиш најблиските и не можеш да оствариш контакт со нив. Секако тука е самиот факт што егзистираш во некоја друга димензија, ако може да така да се изразам, каде си сама и се ти е непознато.

Можеби ако ја смениш перспективата за животот после смртта нема да имаш ваков проблем.
Јас смртта ја замислувам како... исто како кога спиеш, ама не сонуваш. Не си свесен за ништо... не постои мисла, не постои сензација.... ништо...
Оттука, јасно е дека нема да можам да ги видам моите најблиски и да сватам дека никогаш повеќе нема да можам да ги прегрнам и слично.

btw, еве зошто никогаш нема да го учам моето дете/деца да биде верник. Колку само штетна може да биде идејата дека свеста продолжува да егзистира после смртта на телото....
 
Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217

Точно така. Смртта е иста како тоа што било пред нашето раѓање. Свеста настанува со раѓање на физичкото тело и се разединува со смртта на истото. Толку од неа.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Се разединува со што?
 
Член од
31 октомври 2012
Мислења
9
Поени од реакции
4
Смртта е спас, од бесмисленоста во која што се наоѓаме.
Не се плашам од смртта, или пак барем така мислам, не сум сигурен, но она што можам сигурно да го кажам е дека смртта е едно големо ништо. Умираш... Се што останува е времето да го покази твоето постоење од лицето на земјата. Веќе ништо не е важно затоа што едноставо престануваш да постоиш. Од тука произлегува дека сите ние не постоиме бидејки за 100 години сите што моментално се во нашите животи ке бидат мртви, заборавени од времето па дури и детето коа што се доаѓа на овој свет во моментот кога јас го пишувам ова ќе биде веќе оддамна мртво.
Незнам дали се плашам од смртта но знам дека не прави никаква разлика дали ке умреш сега, за 10 години или пак за 50 години. Едноставно тоа ке си дојде самото по себе, ке умреш и ништо нема да биде поразлично дали тоа ке биде сега или подоцна, нема да бидеш свесен за твоето постоење, за твоите деца ако ги имаш или ако ги немаш, за тоа дали ке си бил среќен додека си бил жив или пак не, на крајот сите се сведуваме на исто без разлика кој што како кога и каде правел, дали бил богат или сиромав дали умрел на 15 или пак на 55 години. Сите ке бидеме инхумирани, закопани 2 метри под земја изедени од црви процесирани преку нивниот дигестивен.

А кога тоа ке дојде, и Стиви Џобс и јас ке бидеме исто гомно...
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
Знаете како викаат за оние што живеат длабока мизерна сиромаштија и оние угнетените луѓе под власта на мрачните тиранија,значи за нив животот има огромна болка така што единствен лек е смртта бидејќи животот боли,а смртта воопшто не боли иако треба да истраеме зашто на таков начин стекнуваме искуство.
Значи смртта е крај.Интересно е што според библијата смртта го опишува како спиење,смртта со кое умираат многумина луѓе во Божјите очи претставува само сон,зашто во даден миг,што ќе го одреди ТОЈ,тие ќе бидат во нов,вечен живот.Апостолот Павле убаво вели ,,Ако Христос не воскресна ,суетна е вашата вера-вие се уште сте во вашите гревови.Тогаш и оние кои починаа во Христа загинаа.И ако само во овој живот се надеваме на Христа,ќе бевме за жалење ,повеќе од сите други,,(1.Коринќаните 15,17-19)
А што вели Библијата за смртта.По смртта престануваат сите животни функции ,,Зашто живите знаат дека ќе умрат,а мртвите не знаат ништо,ниту пак имаат повеќе награда,зашто и споменот им се заборавил.Исчезнала и нивната љубов,и нивната омраза,и нивната завист и немаат повеќе дел во ништо од она што се случува под Сонцето,,(според библијата).
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844

Тапа си ништо не кажа од свое искуство ниту пак од своја размисла без да полагаш испити пред “врховни“ битија...
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
Тапа си ништо не кажа од свое искуство ниту пак од своја размисла без да полагаш испити пред “врховни“ битија...
Какво искуство бре кое тој чоек што умрел неколку дена или месеци и се воскреснал од мртвите и да дели искуства не постои таков човек,единствено од библијата што сум прочитал долго време и ви пренесувам што пишува и на крај не ме мешај во иста манџа со таквите како тебе туку ај кажи некое твое искуство .
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Инаку јас мое мислење е дека смрта не постои воопшто... на физички план може да се каже дека се случува само разложување на прости елементи... нешто што до пред смртта преставува комплексен организам сега се враќа во првобитната состојба за да овозможи нов да се комбинира од него(ако се размисли добро уствари се што гледаме е само ѕвездена прашина манипулирана и афектирана од страна на некои сили како гравитацијата и други мистериозни случувања и делувања за нас луѓето...) ти го јадеш да речеме плодот од јаболкницата додека си жив, а кога ќе ти умре телото тогаш јаболкницата се исхранува од телото кое ќе се распадне и ќе стане земја... се се врти во еден круг во кој се е заемноповрзано и нема никаков губитко ниту пак додаток возможен во универзумот...се се обработува и ја менува својата форма и состојба... се е енергија... а пак на суптилен план(да за многу гледам дека свеста преставува само комплексна комбинација на неврони во мозокот, да е не викам не... ама тоа е само еден процес на мозокот--- свеста(умот) во секојдневните активности... друг процес во мозокот е потсвеста која ги врши сите процеси кои не се под наша контрола во телото: дишење, срцебиење, циркулирање на крвта, испуштање на хормони(точно знае колку каде како и кога) итн... но има нешто повеќе во позадина кое е независно од телото и умот... Свеста... тоа што си ти, тој што набљудува, искусува... го гледа размислувањето, го набљудува чувствувањето и целиот надвороешен процес на движење и промена во светот...
П.С. Сум бил надвор од телото и знам дека(барем за себе) свеста продолжува и не е зависна од ништо...
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Смртта е спас, од бесмисленоста во која што се наоѓаме.
Не се плашам од смртта, или пак барем така мислам, не сум сигурен, но она што можам сигурно да го кажам е дека смртта е едно големо ништо. Умираш... Се што останува е времето да го покази твоето постоење од лицето на земјата. Веќе ништо не е важно затоа што едноставо престануваш да постоиш. Од тука произлегува дека сите ние не постоиме бидејки за 100 години сите што моментално се во нашите животи ке бидат мртви, заборавени од времето па дури и детето коа што се доаѓа на овој свет во моментот кога јас го пишувам ова ќе биде веќе оддамна мртво.
Незнам дали се плашам од смртта но знам дека не прави никаква разлика дали ке умреш сега, за 10 години или пак за 50 години. Едноставно тоа ке си дојде самото по себе, ке умреш и ништо нема да биде поразлично дали тоа ке биде сега или подоцна, нема да бидеш свесен за твоето постоење, за твоите деца ако ги имаш или ако ги немаш, за тоа дали ке си бил среќен додека си бил жив или пак не, на крајот сите се сведуваме на исто без разлика кој што како кога и каде правел, дали бил богат или сиромав дали умрел на 15 или пак на 55 години. Сите ке бидеме инхумирани, закопани 2 метри под земја изедени од црви процесирани преку нивниот дигестивен.

А кога тоа ке дојде, и Стиви Џобс и јас ке бидеме исто гомно...
Koj те лаже дека си гомно?
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.822
Поени од реакции
2.914
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 23:34 ---
Инаку јас мое мислење е дека смрта не постои воопшто... на физички план може да се каже дека се случува само разложување на прости елементи... нешто што до пред смртта преставува комплексен организам сега се враќа во првобитната состојба за да овозможи нов да се комбинира од него(ако се размисли добро уствари се што гледаме е само ѕвездена прашина манипулирана и афектирана од страна на некои сили како гравитацијата и други мистериозни случувања и делувања за нас луѓето...) ти го јадеш да речеме плодот од јаболкницата додека си жив, а кога ќе ти умре телото тогаш јаболкницата се исхранува од телото кое ќе се распадне и ќе стане земја... се се врти во еден круг во кој се е заемноповрзано и нема никаков губитко ниту пак додаток возможен во универзумот...се се обработува и ја менува својата форма и состојба... се е енергија... а пак на суптилен план(да за многу гледам дека свеста преставува само комплексна комбинација на неврони во мозокот, да е не викам не... ама тоа е само еден процес на мозокот--- свеста(умот) во секојдневните активности... друг процес во мозокот е потсвеста која ги врши сите процеси кои не се под наша контрола во телото: дишење, срцебиење, циркулирање на крвта, испуштање на хормони(точно знае колку каде како и кога) итн... но има нешто повеќе во позадина кое е независно од телото и умот... Свеста... тоа што си ти, тој што набљудува, искусува... го гледа размислувањето, го набљудува чувствувањето и целиот надвороешен процес на движење и промена во светот...
П.С. Сум бил надвор од телото и знам дека(барем за себе) свеста продолжува и не е зависна од ништо...
Тоа е спиритуализам и окултизам, и немаат никакво искуство за смртта се е тоа лажна теорија , но тоа си е твое мислење и ништо не ти оспорувам.Туку прво да се запрашаме причината за смртта иако многумина знаат дека е од болести,несреќи и се друго да не ги набројам ама не е тоа-тоа туку вистинската причина е од почетокот па потоа следува последици ,,зашто си прав и во прав ќе се вратиш,, баш како што кажа разложување на прости елементи или се враќа во првобитна состојба.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 23:34 ---

Тоа е спиритуализам и окултизам, и немаат никакво искуство за смртта се е тоа лажна теорија , но тоа си е твое мислење и ништо не ти оспорувам.Туку прво да се запрашаме причината за смртта иако многумина знаат дека е од болести,несреќи и се друго да не ги набројам ама не е тоа-тоа туку вистинската причина е од почетокот па потоа следува последици ,,зашто си прав и во прав ќе се вратиш,, баш како што кажа разложување на прости елементи или се враќа во првобитна состојба.
Не спомнав никакво окултизам нит спиритуализам(а што сте се уплашиле толку од тие два поима јас незнам...) туку си кажав дека сум си искусил јас лично... не е ова некое верување(да знам дека многу научници на форумов ќе речат дека си халуцинирам ама нивна работа е тоа) па да си се замислувам и тешам себе си... ниту пак не е секташка догма та да ја наметнувам на некој друг... само спомнав онака свое лично искуство... заборави...:icon_mrgr: Битен е моментов оти само тој го имаме...(y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom