Знаете како викаат за оние што живеат длабока мизерна сиромаштија и оние угнетените луѓе под власта на мрачните тиранија,значи за нив животот има огромна болка така што единствен лек е смртта бидејќи животот боли,а смртта воопшто не боли иако треба да истраеме зашто на таков начин стекнуваме искуство.
Значи смртта е крај.Интересно е што според библијата смртта го опишува како спиење,смртта со кое умираат многумина луѓе во Божјите очи претставува само сон,зашто во даден миг,што ќе го одреди ТОЈ,тие ќе бидат во нов,вечен живот.Апостолот Павле убаво вели ,,Ако Христос не воскресна ,суетна е вашата вера-вие се уште сте во вашите гревови.Тогаш и оние кои починаа во Христа загинаа.И ако само во овој живот се надеваме на Христа,ќе бевме за жалење ,повеќе од сите други,,(1.Коринќаните 15,17-19)
А што вели Библијата за смртта.По смртта престануваат сите животни функции ,,Зашто живите знаат дека ќе умрат,а мртвите не знаат ништо,ниту пак имаат повеќе награда,зашто и споменот им се заборавил.Исчезнала и нивната љубов,и нивната омраза,и нивната завист и немаат повеќе дел во ништо од она што се случува под Сонцето,,(според библијата).