Навистина сум изненаден што повеќето се за смртна казна, не очекував. Можам да разберам дека емоциите се големи ако се деси нешто но тоа никако не оправдува смртни казни. Смртните казни во историјата често се злоупотребувале и ако една држава има право да убива свој граѓани тоа кога и да е ќе биде злоупотребувано.
Иначе не смееме да заборавиме дека ЕУ и ОН ја отфрлуват смртната казна, и тоа не без причини. На пример првиот член на германскиот устав кажува дека достоинството на човекот е недопрливо. И дека државата треба тоа да го штити. Тоа подразбира, дека секој има право на живот и дека никој не смее да му го одземе тоа.
Еве имаме и правници овде и мислам дека ова прашајне е доста интересно во правната теорија и убеден сум дека има добри аргументи за отфрлајне на смртната казна. Иначе ако гледаме за одмазда и за око за око... тогаш ние се враќаме во цивилизаторската еволуција и не напредуваме.
Една правна држава треба да ги санкционира луѓето кој пркршиле закон но треба и да се труди да ги ресоциализира, ако има таква можност.