Со кола сум, да. Утре одам, па ќе пишам после импресии
Сакав уште нешто да прашам. Кој пат е подобар од Скопје до Преспа?
Овој во западна Македонија или преку Велес? И ако некој знае, ако може да пише цела рута (пример Скопје-Велес-Росоман-Прилеп..итн)
Фала
сместување на источниот брег на преспа барај:
- асамати во бунгалов ,ама плажа немаш( на плажа Претор или сливница)
- Претор во Вилите или село, хотел шекерана, феријално или хотел претор
- Сливница, на плажа кај Цоца или во селото, ама и претор ти е блиску. ако сакаш малку преживување можиш и во конаците на манастирот богородица од 16 век над сливница ( прекрасно место)
- Крани имаш кампови и бунгалови, плажа нема ( најблиску 2-3 км сливница)
- Брајчино и Љубојно , селски туризам ( љубојно сместување во ``Стара чешма``, брајчино имаш повеќе и за мене е прекрасно место), на плажа со кола или точак во Д.Дупени или сливница
- Д.Дупени смештај во селото, добра блажа кај бошко-дупени бич, или кај ламбе алабаковски на коктел )
* најдобра плажа Сливница
* претор имаш горе долу све што треба
* што мора да видиш во преспа ако си со кола:
- манастир св. Ѓорги - Курбиново 12 век во близина на Претор
- Манастир богородица с.Сливница 16 век
Остров Голем Град ( со чамец од Стење или од друго село,цена не знам до тамо)
Етно Музеј Подмочани
Преспански Крст Подмочани
- сарајот во Ресен
- прошетки кон љубојно и брајчино
- маркова нога , каменот отискот/легенда
- да пробаш преспански крап во Стење, можиш и стење да преспиш во хотелче или приватен смештај
маршута од скопје: скопје - велес- градско,росоман,плетвер,прилеп,битола,ѓавато - Преспа
на раскрсница на Макази - десно слегуваш за ресен , право продолжуваш на источно крајбрежје на езерото
* нов тренд во преспа, преку викленд со лична карта кинуваш граница на стење и одиш во албанија, во преспа од албанска страна специјално за бадијала на преспански крап во с.Зрноско ( 10 км од граница на брегот на езерото ) , во тој дел на албанија сите се македонци и не ти треба друг јазик за да се разбереш и секако плаќаш и во денари.
Е сега препорака од Стење , Корча е на помалку од 50 км и се стигнува за 40 минути по добар пат ( лани го направија) па ако си за шопинг ,за шетка , за добра ефтина храна или за ново искуство се исплаќа и тоа како.