Види, си изгубил верба во народот, тоа не те прави дека си во право.
И само 1000 да бидат одпрвин, што се најрадикални, што ќе изедат ќотек како магариња, тоа ќе повече уште 10000 па уште 10000 и така иде тоа. Ситуацијата се усложнува во такви случаи. Како прво на самиот референдум(доколку се прогласи) ќе има проблеми од разни аспекти. Прво и основно ќе се направат инциденти и тепачки за да нема излезност. 10 рачни гранати да се фрлат сабајлето, и излезност ќе нема.
Албанците нема да имаат интерес да излегуваат масовно заради тоа што повеќе им иде во прилог да имаат причина да ги реализираат заканите, тоа им е во прилог на каузата.
Трета работа ќе биде доколку референдумот би бил успешен, тогаш само антагонизмот ќе порасне, самите членови на партијата нема да можат да бидат исконтролирани од повисоките инстанци. Најлојалните активисти на ДПМНЕ се против промена на името, така да челната гарнитура на подолг период си потпишува смртна пресуда. Работите ќе се радикализираат во ДПМНЕ и ќе заличат на оние времиња од 20тите. Тенката контрола што ја имаат ќе се изгуби, ќе се изгуби влијанието во безбедносните структури, така што протестите се радикализираат, све повеќе ќе добиваат симпатии од полицијата, кои се пред се обични луѓе со исти проблеми како и остатокот.
Таква една ситуација, колку да и е предвидена, не се котролира, пошто тоа веќе ја прелева чашата што се полнела со гнасотии последните 18 години.
Како и да е, колку и да се правиме слепи, тешка компликација не само што е возможна во една таква ситуација, туку е и очекувана.