Како веќе релативно искусен од поглед на аудио опрема и слично, веднаш ќе ти кажам да не се секираш многу многу за слушалките кои си ги изгубил од Bose, несакам да делувам снобски, ама производите на Bose се релативно послаби од 95% од моделите на конкурентите кои можеш да ги најдеш за иста цена...прецент бренд.
Кажи ми закаква намема ќе ти бидат идните слушалки, и каква музика слушаш, зошто се одлучи за Grado?
Поклон беа од колегите на некој начин инаку знам дека за таа цена (120 долари) можев да си купам поквалитетни слушалки, но во секој случај се подобри од тие што ги користам сега од Нептун за 500ки Филипс.
За Grado разгледував искуства од аудофили по нет и овој модел на слушалки беше препорачан како најдобар за цената што сакам да ја платам, а таа е до 100 долари максимум.
Ми треба за слушање музика од причина што во денот најмалку по 2-3 часа го правам тоа со слушалки.
Ако мислиш на квалитетот на музиката тогаш е миксана имам нешто оригинали цд и имам богами и доста мп3 риповани или сметнати од нет.
Ако мислиш за музички правец тогаш прог рок, прото метал, хард рок, пост рок, психоделија, џез фјужн итн, итн.