Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
553
Да резимираме после првите 100 дена нова влада. Добивме перверзна свиња дебела за министер за култура. Вицепремиер финансиер на кампањата на сдс кој си наплати со тендерче во Елем. Изманипулирани пензионери, министер за здраство кој направи геноцид на неродени по аналогијата со Тамара. Двојазичност, неспособност да завршат ниту еден проект од претходната влада, пад на производството, невидени гафови во надворешната политика, повторно незадоволни земјоделци и најмизерното неспособноста да се справат со две депонии, Струга и Тетово. Едино што верував е дека ќе престанат со задолжувањата но и тука рушат рекорди. Земјоделците после 11 години повторно со кратки ракави. Сељачишта неспособни.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
“Поранешниот заменик претседател на Владата, Никола Тодоров неколку часа пред изборот на новата реформска влада на СДСМ донел одлука екс премерот Никола Груевски да користи две службени возила „Волксваген Пасат 3Ц“.

Одлуката во Службен весник е објавена ден потоа, односно на први јуни, денот кога со работа почна новата Влада.“

не можат дечињата без службено возило. Така ги навикале. Едно за тате друго за децата. И пак врз грбот на народот[DOUBLEPOST=1505234224][/DOUBLEPOST]
Овој знаете кој е?
а овој?

21433093_872146969620163_3482199472032451679_n.jpg
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Прдојко како да е во Курир вработен

Шо се овие дешавки во подружницата на кисела вода, дека дома не си свртен, знајш сигурно?

Ете шо била работата:



Сеа ко ќе почни, парите се од платформата за нафта на братчето на детето мое...наследство.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Пратеникот Андон Чибишев, актерката Арна Шијак, хирургот Никола Груев, актерот и директор на Драмски театар Роберт Вељановски се дел од лицата кои се најдоа на списокот донатори на ВМРО ДПМНЕ со суми од 1,000 евра, но сите тројца велат дека во 2015 никој од нив не дал пари за партијата.

Актуелниот пратеник и поранешниот директор на Универзитетската клиника за токсикологија Андон Чибишев според доставениот извештај до ревизорите минатата година донирал 60,000 денари. Во разговор со НОВАТВ тој тврди дека лани не дал пари за ВМРО ДПМНЕ.
„Последен пат донирав во 2011 година“, рече Чибишев.

И неговиот колега, абдоменалниот хирург во Градската болница во Скопје и советник во општина Кисела Вода Никола Груев беше изненаден дека неговото име е наведено во листата на донатори со сума од 40,000 денари.
„Тоа се многу пари, не можам да заборавам дека сум дал толку пари. По вашето јавување за секој случај ги проверив моите трансакции од 2015 година и можат да ви потврдат дека пари за партијата не сум дал. Јас донирам само во изборни години. Во такви години пари сум дал два пати – еднаш 15 илјади денари, а еднаш 7 илјади“, рече Груев.

Изненадена беше и актерката Арна Шијак Дамовска, која што за разлика од Чибишев и Груев не е член на ВМРО ДПМНЕ. Таа во списокот е наведена како донатор на 60,000 денари.
„Ова е сериозна работа, не се ова мали пари па јас да не се сеќавам, ниту сум член на партија, ниту било кога сум донирала“, вели Шијак.

Лице со исто име како нејзиниот колега, актерот Роберт Вељановски и актуелен директор на Драмски театар – Скопје во списокот наведен со донација од 60,000 денари. На тој датум освен Вељановски донирале поголема група скопски директори на културно-уметнички и образовни институции. Вељановски беше шокиран од овој податок.
„Не сум дал пари и остро демантирам. Единствената моја донација во 2015 е за хуманитарни цели, изнесува 3,000 денари и не е поврзана со никаква партија“, вели тој.

во ист ден половина од вработените во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино донирале по 20,000 денари.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Добро бе @Let 3 со 35.000 денари што ги земаш како владин советник за штанцање глупости на кајгана знаеш дека можеше со тие пари да се нахранат сите бездомници во Скопје?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.996
во ист ден половина од вработените во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино донирале по 20,000 денари.
Oва у ствари е најјако. Нешто ко саентологија станало дпмне.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.139
Поени од реакции
8.246
Живаљевиќ: Според некои информации, Игор Југ требало да го убие Заев во Собранието

Српскиот разузнавач кој на денот на упадот и насилството во Собрание, беше во македонскиот законодавен дом, Горан Живаљевиќ, во интервју за српската „Хепи“ телевизија рече дека според некои информации, Игор Југ кој беше дел од насилниците во Собранието, требало да го убие Зоран Заев.

-На тие фотографии на кои тие луѓе влетуваат со маски и го тепаат Заев, има и човек со амблем на Хрватски вооружени сили, Игор Југ, и ако внимателно ја гледате снимката се гледа дека цело време ја држи раката зад грб. Според некои информации тоа е човек кој требало да го убие Зоран Заев. После таа почетна информација која ден два се задржа во медиумите, јас никогаш повеќе во медиумите не видов дали тој човек е уапсен, каде е. Сите служби во Македонија ги знаат имињата на десетте луѓе кои беа под маски, сеуште ги следам македонските медиуми, јас не гледам дека прашуваат кои се тие луѓе, кој ги држел на врска, вели Живаљевиќ.

Живаљевиќ додава дека со неговиот случај е прикриено и учеството на припадници на Агенцијата за разузнавање во собранието, и прашува како Синиша Алексовски одеднаш станал ненадлежен да биде известен за неговото присуство.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
А што е работата со тие донации и списоците на дрпмне од луѓе со мали плати да донираат по 20.000? Од каде толку пари на луѓево и каде оделе?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
А што е работата со тие донации што правеше дрпмне од луѓе кои не земаат ни 15.000 да донираат по 20.000? Од каде толку пари на луѓево и каде оделе?
Најголем број на луѓе во Македонија покрај плата имаат и други приходи, благодарение на политиката на минатата власт речиси секое семејство имаше додатн средства од дивиденди, хонорари, прекувремени работи, кирии, авторски права, камати......
Така да иако платата беше 15.000 заедно со други додатоци најчесто стигнуваше 70.000 денари па и повеќе во месецот
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Значи од наши пари префрлани на сметки, дел од нив како благодарница за партијата враќани на нејзина сметка. Ако добро го разбирам кругот. Јбт перверзии
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Што ќе се замараш со 20.000 народ тешка е таа математика, си наоѓаш еден човек што би ги заменил илјадниците граѓани, после го ставаш на функција и преку тендери поштено му ги враќаш парите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.996
Значи од наши пари префрлани на сметки, дел од нив како благодарница за партијата враќани на нејзина сметка. Ако добро го разбирам кругот. Јбт перверзии
Баш така. Сите тие новоизмислени давачки, плаќања, задолжителни услуги, кои никој не им ги бара, нови драконски казни за се и сешто, кои селективно се применуваат...сето тоа, овие минати десетина години, беше измислено и спроведено да се полни касата на државата, која потоа тие си ја празнат преку СК2014, преку процент од било кој договор склучен со власта, провизии за тендери и сл. Сето тоа, како што видовме и почуствуваме, не беше за државата да пркне, туку за да можат они да ја подмачкуваат машинеријата која ги држи на власт и да извадат добар дел во свои џебови.
Тука лежи една од најголемите забелешки од моја страна кон Груевски.
Не може он за ништо да не е одговорен, сите државни функции во служба на граѓаните да функционираат фалично, а толкав, невиден арач, цело време да цеди од народот.
Една од разликите помеѓу овие (Груевски) лопови и тие другите (Црвенковски), е токму таа, и овие крадеа и тие пред нив крадеа, и кај овие не функционираше државата и кај предходните исто. Но, вакво безмилосно цедење на сопствениот народ, до сега никој нема направено.
Црвенковски исто крадеше и јавашлук праеше, али барем не го малтретираше сопствениот народ ни приближно до ова ниво. Народот го оставаше колку толку на раат и му пргледуваше низ прсти, помалку или повеќе, додека Груевски бараше безусловно почитување на сите стари и нововодедени прописи, ригорозно казнуваше, не' цедеше ко лимуни, али сето тоа селективно. Истовремено државните функции повторно не функционираа и државата воопшто не мораше своите обврски да ги исполнува.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Баш така. Сите тие новоизмислени давачки, плаќања, задолжителни услуги, кои никој не им ги бара, нови драконски казни за се и сешто, кои селективно се применуваат...сето тоа, овие минати десетина години, беше измислено и спроведено да се полни касата на државата, која потоа тие си ја празнат преку СК2014, преку процент од било кој договор склучен со власта, провизии за тендери и сл. Сето тоа, како што видовме и почуствуваме, не беше за државата да пркне, туку за да можат они да ја подмачкуваат машинеријата која ги држи на власт и да извадат добар дел во свои џебови.
Тука лежи една од најголемите забелешки од моја страна кон Груевски.
Не може он за ништо да не е одговорен, сите државни функции во служба на граѓаните да функционираат фалично, а толкав, невиден арач, цело време да цеди од народот.
Една од разликите помеѓу овие (Груевски) лопови и тие другите (Црвенковски), е токму таа, и овие крадеа и тие пред нив крадеа, и кај овие не функционираше државата и кај предходните исто. Но, вакво безмилосно цедење на сопствениот народ, до сега никој нема направено.
Црвенковски исто крадеше и јавашлук праеше, али барем не го малтретираше сопствениот народ ни приближно до ова ниво. Народот го оставаше колку толку на раат и му пргледуваше низ прсти, помалку или повеќе, додека Груевски бараше безусловно почитување на сите стари и нововодедени прописи, ригорозно казнуваше, не' цедеше ко лимуни, али сето тоа селективно. Истовремено државните функции повторно не функционираа и државата воопшто не мораше своите обврски да ги исполнува.
Oсвен што ја приватизираше цела држава и им шиткаше цели фабрики за по еден денар за одредени фаци кои подоцна станаа олигарси, оставаајќи го народот на улица без работа. Ваљда тоа подразбираш кога ќе кажеш Црвенковски го оставаше народот да живее ? Сите тие фаци од околината на Црвенковски се повторно во околината на Заев, истите тие што се богатеа денес ќе носат правда во државава ? Да бидеме реални во државава милионер можеш да бидеш само со црни и матни бизниси, да имаш подршка од власта и да бидеш непоштен односно апаш.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
ako ostanea crvenite kmeri na vlast so bc na celo vo toa vreme denes vo skopje stan ke se prodavase po 5000e za m2 i site i ponatamu ke vozea jugovci stojadini i tikovci
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom