Баш така. Сите тие новоизмислени давачки, плаќања, задолжителни услуги, кои никој не им ги бара, нови драконски казни за се и сешто, кои селективно се применуваат...сето тоа, овие минати десетина години, беше измислено и спроведено да се полни касата на државата, која потоа тие си ја празнат преку СК2014, преку процент од било кој договор склучен со власта, провизии за тендери и сл. Сето тоа, како што видовме и почуствуваме, не беше за државата да пркне, туку за да можат они да ја подмачкуваат машинеријата која ги држи на власт и да извадат добар дел во свои џебови.
Тука лежи една од најголемите забелешки од моја страна кон Груевски.
Не може он за ништо да не е одговорен, сите државни функции во служба на граѓаните да функционираат фалично, а толкав, невиден арач, цело време да цеди од народот.
Една од разликите помеѓу овие (Груевски) лопови и тие другите (Црвенковски), е токму таа, и овие крадеа и тие пред нив крадеа, и кај овие не функционираше државата и кај предходните исто. Но, вакво безмилосно цедење на сопствениот народ, до сега никој нема направено.
Црвенковски исто крадеше и јавашлук праеше, али барем не го малтретираше сопствениот народ ни приближно до ова ниво. Народот го оставаше колку толку на раат и му пргледуваше низ прсти, помалку или повеќе, додека Груевски бараше безусловно почитување на сите стари и нововодедени прописи, ригорозно казнуваше, не' цедеше ко лимуни, али сето тоа селективно. Истовремено државните функции повторно не функционираа и државата воопшто не мораше своите обврски да ги исполнува.