Незнам колку би било релевантно да се гласа за предлогов на анкета кога не знаеме што се дискутира.
Имаш еден куп различни степени на двојазичност и области каде би имало или не. Имаш целосна двојазичност каде што секој документ од државна служба се издава на два јазика. Имаш користење на втор јазик само кога странката бара на тој јазик да му се одговори, имаш двојазичност само во одредени општини и институции.
Многу битно исто така, доколку странката побара да му се одговори на друг јазик, дали она ќе ги сноси дополнителните трошоци или на товар на државата ќе бидат.
Каков степен на двојазичност би имало во судството, итн.
По мое скромно мислење, по релевантно би било да се гласа на анкета доколку има конкретен предлог на маса.