Знам дека не е само твое мислење, јасно ни е на сите од каде доаѓа тој вокабулар и реторика.
Термините кој си ги спомнал се етникуми, северџан ти е патетичен обид за "хумор" или исмевање од оние кој го бојкотираа (како некои дунди, секогаш.) референдумот по оваа прашање.
Моето прашање; кој си ти или останатите па да глумите морално супериорни?
Едните биле другите не биле македонци. Патетика.
Северџан е патетичен обид за "хумор"? Ех, ќешки да беше така, али не е нажалост. Северџан е поим за човек кој се ќе потпише за да има подобра иднина. И се е тука ОК, ако и самиот тој Северџан знае дека таа подобра иднина тешко да ќе дојде, што ради политиките на земјата, што ради некои трети причини, али сепак ќе потпише што ќе му се даде.
Тоа за мене ти е цела една дијагноза, не е само едно зборче, како да ти објаснам.... еве да ги земеме Сендвичарите на пример, тие ги сметаме за хардкор ВМРОвци кои немаат абер од она историското ВМРО и одат само по патеките на денешната партија, и не ги гледаат дали самата таа партија прави штета врз народот. Е истото е и со Северџаните, се декларираат како европски граѓани, понапредни од оние Сендвичарите што ги спомнав, а гутаат се што ќе им се даде пред нос како свиња помија. Јас незнам кој народ излегол на Референдум да смени Устав, име, историја под притисок на друга земја, се со цел да живее поубаво, овде на Балканов, слепото црево на Европа.... уствари знам, класичен Северџанец, нов вид на човек кој произлегол од овие простори, ендемски загрозен вид кој може да се најде само во нашата земја
Гледаш дека поимот Северџанец не претставува само лош обид за хумор, туку тажна слика за еден народ кој живее на ова парче земја.
Патем јас не глумам морално супериорен, јас сум реалист. Јас знам дека ни со СДС ни со ДПМНЕ ќе ни биде поарно, знам дека и со влез во НАТО и ЕУ (кој патем ни ја затворија вратата) нема да живееме поубаво, имаме доказ за тоа во Бугарија и Романија, знам дека тука Македончето секогаш ќе биде угнетувано во сопствената земја, и ЗНАМ дека не вреди да тргуваш со нешто што не се тргува ради "подобра иднина" која никогаш нема да дојде.... али оди објасни му го ова на класичниот Северxhанец
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)