Многу нема да се согласат, но јас би бил ептен благ спрема Стојанче. Нека наброј некој на форумов наш политичар кој ја ставил главата во торба за државава. Нека наброј некој наш политичар кој не е извалкан од македонската политичка сцена. Нека наброј некој политичар што истерал еден единствен интерес на македонците на штета на албанците после 2001. Нека наброј некој лидер на било која македонска партија што не ја вработил цела фамилија топтан во државно.
Е па баш тоа ми е поентата побратими и побратимки. Точно е дека Стојанче е сончоглед, точно е дека Стојанче си се тупна во државна фотеља, а и точно е дека во нормална држава ќе беше прогласен за предавник.
АМА, истиот тој Стојанче ја бранеше татковината и заради тоа е воен инвалид, истиот тој Стојанче со години и години после војната работеше по Авганистан на работна позиција како чувар на брод од пирати, каде што во секој момент можат да ти ја скинат главата. Не чмаеше ваљда по такви опасни места зашто му се претуруваа пари и зашто државата заради која е инвалид го згрижила. Истиот тој Стојанче беше еден од ретките политичари кои барем имаа некаков став за албанската националистичка експанзија.
И што доби Стојанче од ова? Пишување со спрејови од дпжне-вските плакатолепачи ,,Стојанче учкар,, и ,,Стојанче предавник,,. А од нас обичниот народ само тапшање по рамо и тивок шепот во себе, во право е човекот. А можевме барем како пратеник со таа тогашна агенда да му дадеме шанса.
Е па затоа истиот тој откако увиде дека во оваа држава никој не те тркала, па макар и 2 животи да дадеш за нејзе, фино лепо стана сончоглед и мултиетнички настроен папагал па си се тупна на фотељата. Бар пред да се тупне се измачи и се извалка за оваа вукојебина, за разлика од останатите наши политичари, кои не знаат 3 дрва да исцепат, а интелектот и образованието им се левел ФОН универзитет.
Оваа држава и народ ниту има, ниту заслужува нешто подобро.