Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Еве дел од кампањата на скопскиот градоначалник, пред речиси 1,5 г.:

„Петре Шилегов, изборната трка ја почна на велосипед. Рече дека со тоа сака симболично да најави оти на овие избори ќе понуди поинаков пристап и нова визија, за тоа како треба да изгледа главниот град. Соопшти дека ќе го направи сообраќајот безбеден за сите- пешаците, велосипедистите, возачите, а Скопје ќе биде модерен и европски град.

Шилегов претстави дел од мерките во програмата со кои ќе се намали нивото на загаденост на воздухот. Според него, проблемот е акутен, состојбата е алармантна и се потребни низа интервенти мерки. Вети бесплатен јавен превоз, изградба на секундарната гасоводна мрежа што ќе ги опфати населените места во Скопје кои не се приклучени на системот за парно греење.

Шилегов очекува дека со системски развој на тревните површини, Скопје во 2021 година може да конкурира за европска зелена престолнина.“


Од ова, само последново е исполнето, изгледа. Да не е жално, би било смешно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Јас не можам да кажам нешто во туѓо име. Но, никој не може да каже однапред што ќе биде. Разговори и договор мора да има, но прашањето е каков.
Се понуди да одговориш ама "ништо не можеш да кажеш во туѓо име". Ок. Никој ништо не знае, вмро бил у подрум, битно ова сега не чинело. Ок.
Мицкоски изјавува дека договорот не е добар, не дека не треба договор.
да понудат подобар, разбирам да критикува. Ама вака...
А лажови мажови не е битно не дека бираме најморално исправен човек за премиер. .
така де, ова веројатно треба да им го реплицираш и на оние кои за Заев викаат дека е ноторен лажов. Јел?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Се понуди да одговориш ама "ништо не можеш да кажеш во туѓо име". Ок. Никој ништо не знае, вмро бил у подрум, битно ова сега не чинело. Ок.
да понудат подобар, разбирам да критикува. Ама вака...
така де, ова веројатно треба да им го реплицираш и на оние кои за Заев викаат дека е ноторен лажов. Јел?
Сега, ќе се натпреварувам во кој за кого кажал лошо...што фајде од тоа. Не сум аналитичар и друг сељак од ТВ.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Се понуди да одговориш ама "ништо не можеш да кажеш во туѓо име". Ок. Никој ништо не знае, вмро бил у подрум, битно ова сега не чинело. Ок.
да понудат подобар, разбирам да критикува. Ама вака...
така де, ова веројатно треба да им го реплицираш и на оние кои за Заев викаат дека е ноторен лажов. Јел?
Изгледа не ме разбираш. Не може никој да понуди никаков договор пред време. Договор мора да се направи, не зависи само од една страна. Реков, се преговара, разговара... за да испадне нешто. Дали добро или лошо.. друго прашање.
Затоа велам, не може да се понуди нешто сега.
 

F.E.A.R.

The Harem King
Член од
11 јуни 2015
Мислења
885
Поени од реакции
1.412
“Turski tok” ide kroz Bugarsku i Srbiju prema sjeveru, a zaobilazi Grčku i Makedoniju


Grčka želi proširenje “Turskog toka” na njezin teritorij

ќе има гранка и преку Грција за Италија, само НЕМА низ Македонија
Линкот не ти чини, попрај си го.

Иначе за курот му се. Шо корист имаат од нас па за да го пуштат да течи од кај нас? Дали ние имаме нешто нив да им понудиме, па тие да ни понудат нас нешто за возврат? Имаме ретардирани во парламент со ретардирани фаци, и очекуваш да напрат нешто? Че се грејме на дрва, не ни треба гас. И башка во 2021 че бидиме Еко престолнина.

Offshore part of Turkish Stream solemnly opens
Gazprom Plots Gas Pipelines to Bulgaria, Serbia, Hungary and Slovakia — Reports
Athens offers Brussels turning 'Turkish Stream' into 'Greek Stream'
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Која е сличноста помеѓу политичари и пелени?
– И двете треба да се менуваат редовно од иста причина.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Затоа велам, не може да се понуди нешто сега.
аха. И така не ќе може сто години. Али битно е што ја критикуваат власта за името и интеграциите. Значи по ова прашање вемере слабо и никако, септичка празнотија, ок.
Сега, ќе се натпреварувам во кој за кого кажал лошо...што фајде од тоа. Не сум аналитичар и друг сељак од ТВ.
мхм, во еден куп постови си рекол дека Заев е лажов број еден, а Груев, Мицков и Иванов најдобри ликови на естрадата. И кога ќе ги изброиш, кажи дека "не е битно, не бираме најморално исправен човек за премиер". "Што фајде од тоа". Впрочем, јас прашував за опозицијата што планира со овој проблем. Скршна од прашањево како да идеш за Сараево преку Уганда.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.936
Која е сличноста помеѓу политичари и пелени?
– И двете треба да се менуваат редовно од иста причина.
A сепак, кога Груевски го симнаа од власт (после 11 години ебање матер на народов), се испосравте и се изнаплакавте и се испокакавте, небаре роднина ви носат на бесење. Ти и Ireal, сте на чело на поворката ужалени.[DOUBLEPOST=1542982768][/DOUBLEPOST]
мхм, во еден куп постови си рекол дека Заев е лажов број еден,
Исто ко ништо да не си кажал. Штом не си за господинот Груевски, не ти се важи ништо такво што си рекол за Заев.
За ботови у ПиЕмЕс станува зборо и затоа треба така да се третираат, а не ко нормални луѓе.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
аха. И така не ќе може сто години. Али битно е што ја критикуваат власта за името и интеграциите. Значи по ова прашање вемере слабо и никако, септичка празнотија, ок..
Ти би прифатил сé?[DOUBLEPOST=1542983257][/DOUBLEPOST]
A сепак, кога Груевски го симнаа од власт (после 11 години ебање матер на народов), се испосравте и се изнаплакавте и се испокакавте, небаре роднина ви носат на бесење. Ти и Ireal, сте на чело на поворката ужалени.
Па треба(ло) повнимателно да го читаш напишаното. Јас сум пишувал за принципи, за (непишани) правила кои се менуваат по потрба на ДУИ, за одржување на збор (ако речеш дека ќе дадам оставка ако изгубиш, да ја дадеш)... односно, да нема лаги.
Секој е менлив и е очекувано тоа, но кај нас се случи насилство, прекршување на закони за да се дојде на власт... итн, итн...
Тоа го зборувам како принципи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.892
Поени од реакции
12.428
Ти би прифатил сé?
добро, можеш ли да се сконцентрираш еднаш барем на прашањето. Што ќе направи вемерето со овој проблем. Ако не знаеш, зашто реплицираш во нивно име, не знам. Тие и самите досега ништо конкретно не кажале за ова прашање. Само не чини не чини...а како чини, црвц
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.419
Поени од реакции
3.251
добро, можеш ли да се сконцентрираш еднаш барем на прашањето. Што ќе направи вемерето со овој проблем. Ако не знаеш, зашто реплицираш во нивно име, не знам. Тие и самите досега ништо конкретно не кажале за ова прашање. Само не чини не чини...а како чини, црвц
Ти сношти не си го гледал "лидерот" на дпне на 1тв ? тој објасни се', но кој да прате политика...:D
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
добро, можеш ли да се сконцентрираш еднаш барем на прашањето. Што ќе направи вемерето со овој проблем. Ако не знаеш, зашто реплицираш во нивно име, не знам. Тие и самите досега ништо конкретно не кажале за ова прашање. Само не чини не чини...а како чини, црвц
Цело време пишувам дека никој не може да каже однапред што би било. За да постигнеш договор, прво треба да „испреговараш“. Дури тогаш ќе има нешто за „опсервирање“.
Вчера имаше Мицкоски гостување кај Чомовски, не гледав сé, но видов кога рече дека (ќе) се залага за договор во кој нема да се промени уставното име, историјата да не ни се менува од надвор, јазикот да е без фуснота... итн... Лично, мислам дека ќе се „истурка“ овој договор со Грција и дека нема да има нови договори.[DOUBLEPOST=1542985201][/DOUBLEPOST]Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат
Овде некој не прави будали.[DOUBLEPOST=1542985483][/DOUBLEPOST]ЦЦЦЦ, КОЈА ЕПСКА БУДАЛА, ОВА Е СРАМ ЗА УНГАРСКИОТ НАРОД - Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос
Има ли државава некоја контрола над вакви ликови како Саше. Недозволиво е да се пишуваат вакви епитети за премиери на други држави, а во случајов на пријателска држава како Унгарија.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Работава е што било кој политичар, во конкретниов случај градоначалниците предизборно можат и ветуваат брда и долини без никаков основ, без да презентираат начин како тоа ќе го направат. Вадат проекти и рокови од ракав, само да се меле нешто и би било супер ако бар 10% од тоа се оствари до крајот на нивниот мандат. А уште поиронично е што ветуваат проекти кои што коштаат десетици милиони евра, комплицирани и од финансиска и од кадровска гледна точка за да се остварат а ваму по општините им зјаат неасфалтирани улици без канализација и основни елементарни услови за живот во 21 век.

И она што е најжално е што народот ги голта овие ветувања без да уклучи мозок дали е воопшто возможно да се остварат.
Еве го Шилегов со типичен спин. Го кандидирал Скопје за најзелен град во Европа и за тоа паламуди со денови, го користи како параван да го скрие мизерниот учинок по прашањето на загадувањето во градот кога на терен нема ништо направено. Освен тој дронот што го купи да ги гледа маглите од височина, ко божем Скопје е мултимилионска метропола па не се знаат грлата во градот од каде што потекнува загадувањето.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ги читам соопштенијата што ги објавува СДСМ. Кое дно од партија. И на власт ги ставија, и пак никако да пораснат. Толку да се немало кадар, капацитет, знаење, умеење... Дунстери за работа, биле и ќе бидат. Едно време изигруваа „кремчиња“, сега и тоа го немаат...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom