Еве дел од кампањата на скопскиот градоначалник, пред речиси 1,5 г.:
„Петре Шилегов, изборната трка ја почна на велосипед. Рече дека со тоа сака симболично да најави оти на овие избори ќе понуди поинаков пристап и нова визија, за тоа како треба да изгледа главниот град. Соопшти дека ќе го направи сообраќајот безбеден за сите- пешаците, велосипедистите, возачите, а Скопје ќе биде модерен и европски град.
Шилегов претстави дел од мерките во програмата со кои ќе се намали нивото на загаденост на воздухот. Според него, проблемот е акутен, состојбата е алармантна и се потребни низа интервенти мерки. Вети бесплатен јавен превоз, изградба на секундарната гасоводна мрежа што ќе ги опфати населените места во Скопје кои не се приклучени на системот за парно греење.
Шилегов очекува дека со системски развој на тревните површини, Скопје во 2021 година може да конкурира за европска зелена престолнина.“
Од ова, само последново е исполнето, изгледа. Да не е жално, би било смешно.