- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.591
Реално овој исход беше најдобриот во дадените околности. Оваа власт ја стави државата во мат позиција од која што на ниту еден начин не може да излезе како победник. Она статус кво кое што го одржувавме кога стануваше збор за евроатланските процеси од некоја идна дистанца ќе ни се чини како премија. Државички како нашата штом го навлечат вниманието на големите сили врз себе, тоа во ниту еден случај не носи ништо добро. Вака барем резултатите од референдумот измиваат огромно мнозинство народ од одговорност, барем кога станува збор за нашето обезличување. Од сега па натаму секоја постапка на оваа власт по ова прашање губи на легитимитет, што и да се донесе ќе биде спротивно по закон и спротивно на вољата на мнозинството граѓани.Го кажав ја тоа уште пред референдумот
овој позитивен исход со време ке се претвори во наш најголем срам..
Решавање на спорот низ меѓународните правни механизми не знам дали воопшто е можен, затоа што ние уште одамна сме се нафатиле процесите до изнаоѓање на решение да ги водиме со медијација на ОН. Плус од меѓународната зедница секогаш се ставало акцент дека спорот мора да се реши низ процес на преговори меѓу двете земји. Решение по судски пат е невозможно, затоа што и пресудата во наша полза, кога Грција неосновано не блокира во Букурешт, беше тотално изигнорирана и искористена како тоалет папир, а беше правна последица.Се додека бараме членство во сојузи и организации каде тие веќе членуваат ќе бидеме во многу полоша положба во тие преговори. Кога не би барале влез во нато/еу, спорот со името воопшто нема да е толку драматичен. Постојат и други опции за решавање-јуристичка.
Ако евентуално договорот не помине низ собраниска процедура, дојде до предвремени избори, секоја наредна власт ќе треба да биде спремна да понуди реална алтернатива на ЕУ и НАТО. Затоа што ќе останеме заглавени на тој пат со сигурност. Ќе нема смисла веќе да се водат никакви преговори со Грција за името...
Реално ќе се најдеме во една сива зона, баш како во познатата реплика од Среќна нова 49, Западот не отпиша, Исток не не запишува. Оти ако гледаме реално, руското присуство тука, било какво, зборам за економско, политичко, културно...е сведено на минимум, е неспостоечко. Што доволно говори за нивниот интерес за нас. Они не имаат пуштено низ вода одамна.