Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Го кажав ја тоа уште пред референдумот
овој позитивен исход со време ке се претвори во наш најголем срам..
Реално овој исход беше најдобриот во дадените околности. Оваа власт ја стави државата во мат позиција од која што на ниту еден начин не може да излезе како победник. Она статус кво кое што го одржувавме кога стануваше збор за евроатланските процеси од некоја идна дистанца ќе ни се чини како премија. Државички како нашата штом го навлечат вниманието на големите сили врз себе, тоа во ниту еден случај не носи ништо добро. Вака барем резултатите од референдумот измиваат огромно мнозинство народ од одговорност, барем кога станува збор за нашето обезличување. Од сега па натаму секоја постапка на оваа власт по ова прашање губи на легитимитет, што и да се донесе ќе биде спротивно по закон и спротивно на вољата на мнозинството граѓани.

Се додека бараме членство во сојузи и организации каде тие веќе членуваат ќе бидеме во многу полоша положба во тие преговори. Кога не би барале влез во нато/еу, спорот со името воопшто нема да е толку драматичен. Постојат и други опции за решавање-јуристичка.
Решавање на спорот низ меѓународните правни механизми не знам дали воопшто е можен, затоа што ние уште одамна сме се нафатиле процесите до изнаоѓање на решение да ги водиме со медијација на ОН. Плус од меѓународната зедница секогаш се ставало акцент дека спорот мора да се реши низ процес на преговори меѓу двете земји. Решение по судски пат е невозможно, затоа што и пресудата во наша полза, кога Грција неосновано не блокира во Букурешт, беше тотално изигнорирана и искористена како тоалет папир, а беше правна последица.

Ако евентуално договорот не помине низ собраниска процедура, дојде до предвремени избори, секоја наредна власт ќе треба да биде спремна да понуди реална алтернатива на ЕУ и НАТО. Затоа што ќе останеме заглавени на тој пат со сигурност. Ќе нема смисла веќе да се водат никакви преговори со Грција за името...
Реално ќе се најдеме во една сива зона, баш како во познатата реплика од Среќна нова 49, Западот не отпиша, Исток не не запишува. Оти ако гледаме реално, руското присуство тука, било какво, зборам за економско, политичко, културно...е сведено на минимум, е неспостоечко. Што доволно говори за нивниот интерес за нас. Они не имаат пуштено низ вода одамна.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Во Службен весник друго ќе стои.
Тоа ми е муабетот. Никој „шарен“ не го дигна гласот, а камоли кондомот. И ова не е прв пат. Заев цело време спроведува насилна и многу често незаконска „демократија“.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.972
Поени од реакции
11.609
Тоа ми е муабетот. Никој „шарен“ не го дигна гласот, а камоли кондомот. И ова не е прв пат. Заев цело време спроведува насилна и многу често незаконска „демократија“.
Па Апасиев нели беше шарен? :D

Инаку правно гледано, задолжителен референдум треба да има затоа што според мене ЕУ е сојуз во смисла на уставната одредба.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Тетово, Гостивар, Дебар и Чаир имаа помала излезност од Центар, Карпош, Штип, Прилеп, Паланка. И тоа е само заради Бејли. Повели, понуди подобро објаснување зошто им рече да седат дома и да не фалсификуваат.
Има овде аномалии шо викаат дека ова не е точно. На многу места последните два саати се полнеа кутии. Ако Бејли рекол да се седи дома(бојкотирал :D ), тогаш некој не е на линија со Бејли. Ако се од албански политички фактор беше во таборот ЗА и полнеа кутии, тогаш испаѓа дека, по твојава логика, му пркоселе. Тоа е нешто досега невидено и, според мене, невозможно.
Ја не верувам у таква некоја страшна сеприсутност на тој Бејли, не верувам дека како Худини може да стигне сегде, во секое албанско село и да му шепне на секој Албанец да седи дома, ако за еден таков проект не ги активира албанските партии, кои ако ги активирал, тогаш многу шизофрена порака им пратил. Демек полнете, ама со усул, треба да деактивираме опасна руска бомба. Таа опасна руска бомба е побитна од вашата брука и срам пред електоратот шо тврдите дека го имате цврсто под контрола :D
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.499
Поени од реакции
22.138
Сакаш ретроспектива на Нобелови награди за мир?
Чисто да видиш колку од добитниците биле дел од страна која е во војна.
Јасно ми е дека не треба војна да е услов муабетот ми беше дека не сме живееле толку лошо еден покрај друг сиве години па дури политичарите имаа алатка (спорот) со која можеа да го палат народот ако треба. И онака оваа награда е фарса. Ја би предложил Ахмети да биде победник од ко влезе во собрание и после власт не сме имале војна. Заев и Ципрас се аматери према Аљи кој во духот на мирот дури прозборна Македонски!

Gesendet von meinem SM-G950F mit Tapatalk
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.831
Поени од реакции
82.932
Не бе, знаат точно зошто... Не излегоа затоа што биле небањати...
Moжда ти и твоите познаници така, али повеќето не знаат.[DOUBLEPOST=1538478904][/DOUBLEPOST]
Јасно ми е дека не треба војна да е услов муабетот ми беше дека не сме живееле толку лошо еден покрај друг сиве години па дури политичарите имаа алатка (спорот) со која можеа да го палат народот ако треба. И онака оваа награда е фарса. Ја би предложил Ахмети да биде победник од ко влезе во собрание и после власт не сме имале војна. Заев и Ципрас се аматери према Аљи кој во духот на мирот дури прозборна Македонски!

Gesendet von meinem SM-G950F mit Tapatalk
Не му е првпат, он тоа увек го праи на нарачка на македонскиот другар, обично у предизборие или кога некоја важна одлука да се донесе. Збореше он македонски и по нарачка на Груевски.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.831
Поени од реакции
82.932
Ако некои прашања не заслужуваат одговор, тоа не е незнаење.
Не ме сфаќај буквално. Незнаење е да правиш нешто на политички план, без јасна стратешка перспектива.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па Апасиев нели беше шарен? :D

Инаку правно гледано, задолжителен референдум треба да има затоа што според мене ЕУ е сојуз во смисла на уставната одредба.
Задолжителен би требало да има затоа што се решава екстремно важно и чувствително прашање.
Настрана се', по трет пат ќе повторам дека за оваа работа, мораше да одат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно. Дали присилено, дали договорено... лудо е Заев (СДСМ) да оди сам, секако, со помалите партии од власта. Не за нешто друго, туку одлуката кога би поминала, да нема после уште 100 години препукување за неа и ловење на политички поени. Верувам дека е ова каша замешана од надвор и дека Заев го спроведува тоа, но требаше таа каша да ја мешаат со двете најголеми партии. Ако насилно се протне ова, ќе треба мноооогу време да се „заборави“, ако е можно тоа, воопшто.[DOUBLEPOST=1538479768][/DOUBLEPOST]
Не ме сфаќај буквално. Незнаење е да правиш нешто на политички план, без јасна стратешка перспектива.
Па стратегијата до „некни“ беше „жими дедо, татко, прадедо, деца... нема никој Македонец да го промени уставното име“. Стратегијата не се менува како чорапи. Такви политичари се од типот на Амди, кои немаат сила и само се „шлепаат“ со некој за лични придобивки.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.972
Поени од реакции
11.609
Задолжителен би требало да има затоа што се решава екстремно важно и чувствително прашање.
Настрана се', по трет пат ќе повторам дека за оваа работа, мораше да одат и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно. Дали присилено, дали договорено... лудо е Заев (СДСМ) да оди сам, секако, со помалите партии од власта. Не за нешто друго, туку одлуката кога би поминала, да нема после уште 100 години препукување за неа и ловење на политички поени. Верувам дека е ова каша замешана од надвор и дека Заев го спроведува тоа, но требаше таа каша да ја мешаат со двете најголеми партии. Ако насилно се протне ова, ќе треба мноооогу време да се „заборави“, ако е можно тоа, воопшто.
Задолжителен мора да има за менување на граници и влегување во Сојуз.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Задолжителен мора да има за менување на граници и влегување во Сојуз.
Да. Мене муабетот ми беше дека за вакви работи треба задолжителни референдуми. Не заради законска обврска.
 
Член од
21 јуни 2010
Мислења
165
Поени од реакции
39
Македонски патриот :

1. Ако Грујо се нафати да го промени името, ќе изнесе 600.000 гласачи ЗА, а тие од Сдсм ќе бојкотираат.

2. Ако Заев се нафати да го промени името, ќе изнесе 600.000 гласачи ЗА, а тие од Дпмне ќе бојкотираат.

Значи секако и едните и другите гласате тоа што ќе ви наредат, а не што вие мислите, односно убеден сум дека и овие вморовците што бојкотираа ќе гласаа ист договор ако тоа го бараше Грујо од нив.

Вие сте само партиски војници, браните интерес на партијата, наштеловани, контролирани.

Доста глумевте патриоти, докажано е дека за сендвич или сладолед ќе седите на шатори и помеѓу железна ограда.

Има и такви што мислат со своја глава, но тие на крај испаѓаат жртви.
Здраво! Ги погледнав резултативе. Личи, дека во албанските обштини немало такво масовно гласанье, како се очакуваше. Гласали малце над 60% од деjствителните гласачи. Сиреч, албанците направие нешто како скриен боjкот. Како не верувах, дека референдумот на Заев ке успее, тако и не ми се верува да успее и во Собраньето 99.99%. Ке се оди на избори. Како сите знаеме, ДПМН ги чека фундаментски пораз, после груjувштината, а после поразот на Заев СДСМ нема да гласат масовно. Па и Македонциве, веке се научие на боjкоти. Дали таа политика на Албанските партии по време на референдумот, не била да ги предизвика избори и дали заедницата Албански партии не се готви векье да е состави Македонската влада?
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Јас би верувал во бројките на Грците со кои располагаат, за бројот на отселени.
Може и да манипулираат, нејсе,

It is said that there are not more than two agencies all over the planet, with a larger criminal's database than the N.I.S. of Greece. In addition, the classified informations held by the N.I.S. about criminal hubs, activities and organizations operating throughout the European Union, is the second largest in Europe.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.139
Поени од реакции
3.903
Може би сега е најдобро Заев да остави работава со договорот малку да олади. Нема временска рамка до кога договорот треба да се имплементира. Нека си тера економска агенда, колку може повеке популистичка, а во меѓувреме нека си се тераат судските постапки покренати од СЈО. Плус ЈО нека си ја потера работата малку поажурно и нека ги расклинка криминалите кои се правени од дпмне до најниско ниво. Нека покаже борба со криминалот. Под ни еден услов, ниту за гласање во собрание, нека не дава амнестија на фамилијата, напротив нека ги раскринка до најситно штравче. После се ке си дојде во ред.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom