Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
C

Castiel

Гостин
ДА ќе одговорев. Шо сакаш да кажиш, дека ќе издејствуваше Мицко подобар договор? Како што издејствува некој во минатите 27 години? Ова е шансата, сега и никогаш повеќе. Досега толку ЕУ и цел свет не се заангажирале за нас и нема да се случи ова повторно. Досега ниту една влада не сакаше да го реши прашањето оти беше поважно да си владеат на рајат и да не го иритираат народот. Кој ни гарантира дека следната гарнитура нема да не излори повторно како минатите 3 децении и ќе се занимава со краткорочно богатење. Проблемот со името требаше да биде решен досега, јас не мислам да губам овде уште 20 години со Бранко, Љупчо и Грујо политичари и ветувања за европа а никој не сака да си ги извалка рацете.
Боље никаков договор него договор што е навредлив лично за нас. И понижувачки. Тоа ти е исто ко да им дозволуваш на сите комшии да ја работат жена то ама гајле ти е битно е твоја. Не знам како договор кој ти поткопува се што си е добат. Договор кој ќе донесе огромен институционален хаос. Договор кој ќе донесе огромни уставни промени. Кој ќе овозможи да си де воведе законот за јазиците каде што автоматски стануваме двонационална држава. И утре кога ќе идеш по институции ќе се погодиш кај некој албанец кој ќе се праи дека не те разбиеа ќе си игра курташак со тебе па и кога ќе бараш работа ќе ти бараат и албански да знаеш па ќе се чудиш после. Ама добро битно во ЕУ и Нато ќе сме што има везе ако никој и во сопствената држава нема да не рачуна дека постоине. За надвор да не зборам.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.955
Не е прашање Република Македонија (Скопје) или Република Северна Македонија туку пакетот е екстремно штетен. Промена на устав се прави а до пред Муртињо имавме заеднички став дека двојна формула е тоа што нудиме односно не менување на уставот. Дали Северна или Горна или (Скопје) во таков случај и не ќе беше толку битно. Цел проблем е поради промената на уставот и целокупниот пакет.

Gesendet von meinem SM-G950F mit Tapatalk
Не само тоа туку никој до сега не кажа колку ќе треба да се менува уставот, како и во која смисла.

Според договорот ние ќе треба да ја смениме преамбулата а никој не кажа како ќе биде новата преамбула. Како стојат работите најверојатно ќе се избрише поимот "македонски народ" и ќе се замени со нешто по ненавредливо за нашите пријателски настроени соседи. Какви само трагикомедии ќе бидат кога ќе дојдат измените во Собрание. Не се свесни повеќето тука дека уставните ќе креираат нова творевина.

По спроведувањето на уставните измени новосоздадената Република Северна Македонија ќе нема никаква врска ниту историска или по континуитет поврзаност со македонскиот народ или пак со Асномска Македонија.

Со тоа грчката дипломатија ќе оствари стратешка победа, каде што ако не може да го избрише македонскиот народ ќе успее да му ја отуѓи државата што му е татковина. На долг рок народ без своја држава полесно ќе си се разнебити.

Ако оваа Македонија е родена на антифашистичко собрание на крајот на Втората Светска Војна, новата Северна Македонија ќе биде родена и креирана по налог и диктат на Грција.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Одиме напред ама каскаме реформа реформичка затоа камшикот за овие робови...

Прегладнета мајка ги лаже ќерките дека јадела кај соседите за тие да имаат да каснат повеќе
септември 13, 2018
Мајка на две ќерки моли за храна и облека за децата.

Живеат во Крива Паланка во куќа која на се личи освен на дом. Нејзините две дeвојчиња никогаш во животот немале нова облека ,никогаш не биле доволно најадени , никогаш не биле среќни. Израснати во сиромаштија беда и глад.

https://skopje24.mk/pregladneta-majka-gi-laze-kerkite-deka-jadela-kaj-sosedite-za-da-imaat-tie-da-jadat/
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.684
Поени од реакции
88.642
Шо сакаш да кажиш, дека ќе издејствуваше Мицко подобар договор?
Јас незнам дали Мрсулавиот би извлекол подобар договор, али знам дека немаше да појде на грчка телевизија и да изјави "нашата земја нема црвени линии...".
Автоматски со таа изјава ние ги спуштивме гаќите, се наведнавме и чекавме Грците да ја кхм.... свршат работата.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.433
Поени од реакции
4.356
Ако успее референдумот, ај што ќе менуваме име и националмост, туку кога ќе го отворат тоа Уставот и кога ќе ни го турат скришно законот за јазиците (како што викаше Таљат), е дури тогаш ќе се чешаме.

Ама важно ќе немаме војни и делења :)[DOUBLEPOST=1536839382][/DOUBLEPOST]



Јас би гласал под број 5, ама ја немам таа опција, затоа #Бојкотирам

Чао
Тоа се опции кои ти посакуваш да ги има за да можеш да се произнесеш по истите. Во референдумското прашање ги немаш тие опции. Имаш еу и нато со прифаќање на договорот и против еу и нато со прифаќање на договорот.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тоа се опции кои ти посакуваш да ги има за да можеш да се произнесеш по истите. Во референдумското прашање ги немаш тие опции. Имаш еу и нато со прифаќање на договорот и против еу и нато со прифаќање на договорот.
Не може со еден одговор да се одговори на сите 3 прашања. Може да си ЗА ако си за сите 3 прашања ЗА, или ПРОТИВ ако си за сите 3 прашања ПРОТИВ.
Има 8 можни одговори. Ова се 2 од нив.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Да, опција е да стоима и на наши црвени линии кои не допираат ништо во внатрешноста на државата, да си тераме по свое и веројатно за некое време појаките од нас соседи да не поробат. Не велам дека со договоров ќе се средат сите проблеми, не знам ни дали еден ќе се среди и не знам дали ризикот на потпишување и промена на се' (не само името) е единствено решение или најрационално решение ама малку „закочете“ со тоа дека некој некогаш преговарал за промена на име само во билатерала со грчка и тоа било тоа, па било блиску до успех и договарање или што и да е. Мислам, ако сакате да живеете во фантазија дека некогаш ние сме имале ЗБОР во ова, во ред, ваше си е.
Единствен државотворен гест шо ние го имаме овие дваесетина години е тоа стоење на нашите црвени линии. Од ембаргото до денес во ЕУ има сериозни внатрешни промени и престројувања. Ако пред 2007ма имаше иницијативи за европски Устав и создавање формална конфедерација, денес ЕУ има една членка скоро надвор од организацијата, фракции внатре и досега невидени поделби. За Устав ни муабет не се прави. Пробува Брисел на мала врата и дел по дел да ги инфилтрира некој од ставките шо ќе беа решени со едно такво уставно решение, од кои за нас најбитно е гласањето за битни прашања преку мнозинство, наместо со консензус. Истото може да се случи и во НАТО. Ако сме трпеливи и малку подомаќини, ќе има шанса и за нас. А може и да нема. Да се распадне цела организација или да се реорганизира, па наместо нови членки, да измислат некоја глупост од типот на "стратешки партнери" и нас да не пикнат во таа група, а за станување "стратешки партнер" да се гласа со мнозинство...

А за тоа дека некој денес така лесно ќе те пороби, оди на гробовите на Милошевиќ и Ататурк, прашај ги како си поминаа во Босна и Ерменија.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Некои работи не заслужуваат одговор. Достоинството. Јас не прифаќам да сум дел од проституција.
Но, објективно, не постои поголема проституција од подршката на Груевски после амнестијата на воени злосторници. Ниту пак има тука достоинство, а ни патриотизам.
Малку е лицемерно, ваквите суштества, да продаваат на форум грижа за националните интереси и татковината. Затоа и не треба сериозно да се сфатат сите овие плачења и but-hurt-ни кенкања кои се презентираат со висока фреквенција овде.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
А за тоа дека некој денес така лесно ќе те пороби, оди на гробовите на Милошевиќ и Ататурк, прашај ги како си поминаа во Босна и Ерменија.
А да иде да разговара со живи, наместо со мртви? На пример, со Путин и Харадинај.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
И каде тоа не' донесе овие 20 години?
Тоа нема врска со спорот за името. Тоа има врска со нас, со нашата приватизација, со нашите ТАТ, Окта и ЕСМ, со нашите надувани администрации, наместени тендери...
Многу држави(Словенија и Италија, Полска и Германија, Германија и Франција...) имаат тековни и вековни спорови. Не е тоа оправдување нити па решение е разнебитување.

А да иде да разговара со живи, наместо со мртви? На пример, со Путин и Харадинај.
Харадинај и неговиот вилает се директна последица на Милошевиќ и статусот на Србија поради Милошевиќ, значи пак ќе треба со Милошевиќ да помуабети. И шо Путин? Украина му е руина, се троши во Сирија, Иран пак лапа санкции, Северна Кореја му ја превземаат...Путин не ти е добар пример.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Пошто се правиш многу паметен, а не си - одговори ми на следново прашање со "ДА" или "НЕ":

"Дали си за да те ебат и тебе и жена ти со користење на кондом?"

Поставено е исто како што е поставено прашањето на референдумот.
Да, поставено е исто, само затоа што ти си напишал дека е поставено исто.:lolzz:

Ова нема никаква објективна врска со референдумското прашање, никаква издржана паралела не може да се воспостави помеѓу двете прашања и сосема очигледна е функцијата на овој твој пост - да се навреди соговорникот, по што, ваљда ти вратил со иста мера (не читав понатаму).
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Тоа нема врска со спорот за името. Тоа има врска со нас, со нашата приватизација, со нашите ТАТ, Окта и ЕСМ, со нашите надувани администрации, наместени тендери...
Многу држави(Словенија и Италија, Полска и Германија, Германија и Франција...) имаат тековни и вековни спорови. Не е тоа оправдување нити па решение е разнебитување.
Повторно доаѓаме до тоа да се споредуваме со земји на кои што тие спорови не им се проблем за развој, затоа што немаат такви блокади како што имаме ние. Значи, ако за нив некој проблем е мува, за нас е слон.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Но, објективно, не постои поголема проституција од подршката на Груевски после амнестијата на воени злосторници. Ниту пак има тука достоинство, а ни патриотизам.
Малку е лицемерно, ваквите суштества, да продаваат на форум грижа за националните интереси и татковината. Затоа и не треба сериозно да се сфатат сите овие плачења и but-hurt-ни кенкања кои се презентираат со висока фреквенција овде.
Ти си бараш оправдување за својата проституција? Колку небитно вртење на муабетот. Ти си подготвен за лична корист да го дадеш достоинството. Тоа е проституција. Што има врска амнестијата, поддршката со проституција. Која лична корист ја гледаш тука? Кај некој можеби има, сигурно има.. ама што има тоа врска со менување на името, на Тесалоники, со Граѓани на С. Мак... Кога разговараш, труди се да разговараш за конкретната ситуација и тема.[DOUBLEPOST=1536844954][/DOUBLEPOST]
Повторно доаѓаме до тоа да се споредуваме со земји на кои што тие спорови не им се проблем за развој, затоа што немаат такви блокади како што имаме ние. Значи, ако за нив некој проблем е мува, за нас е слон.
Ако ние имавме проблем/спор од типот Хрватска-Словенија, убеден сум дека ќе го решевме (на наша штета, секако) уште пред мнооогу години. Ама тој не е таков болен проблем. Хрватите и Словенците немаат поголем проблем (од типот на нашиот со Грција, а и со Бугарија), па си играат со малото „спорче“.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Харадинај и неговиот вилает се директна последица на Милошевиќ и статусот на Србија поради Милошевиќ, значи пак ќе треба со Милошевиќ да помуабети. И шо Путин? Украина му е руина, се троши во Сирија, Иран пак лапа санкции, Северна Кореја му ја превземаат...Путин не ти е добар пример.
Харадинај и Путин се здрави и живи и со отцепени територии.

Отцепувањето/независноста на Косово (и идејата за Голема Албанија) не е иницирано од Милошевиќ, туку има постара генеза. Уште од времето на марксистите-лењинисти, или ако сакаш од Втора Светска. Милошевиќ е погодност која е искористена, во тој момент.

Донбас е руина, сега за сега, во која Украина има помалку власт од Русија. Крим е веќе комплетирана приказна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom