Прво, кој е овде синчето на Солза од тие од странство што пишуваат?
На какви блефови се палат ко шибици грујовистиве значи, не можат да видат чекор подалеку од една идеја и не можат да размислуваат по принцип на причина-последица. Ете го, се понудил да го уапсат, ако не е доволно следно и лев бубрег ќе понуди и плацот на Водно. Дека за националните интереси му е, не за друго, тој ако треба сам ќе одел во затвор и ќе дозволел да го измачуваат... заради националните интереси исто ги пореди сваровски судиите од тефтерчињата. Дека не му е страв од затвор.
Абе и на мали деца им се јасни ваквите спинови и за кого се наменети. Така е тоа, не дека е виновен за нешто ама доброволно ќе отишол у затвор, ко да се пријавува за волонтер на Егзит. Ќе имало инструменти што ќе гарантираат
Колку што имаше јавна транспарентна постапка што ја вети за жолтите комбиња, кои испаднаа дека не ни постоеле. Затворот не му бега, нека си почека малце ко што личи за политичар.
Не дека некогаш пропагандата им била нешто софистицирана и суптилна, туку од бомбите наваму ствари им е стварно у слободен пад. Па порано се знаеше бе, најбрзорастечка економија, најповолна клима за бизнис, најмногу странски инвестиции, најдобро здравство, образование по Кембриџ, ВМРО работеа 24/7. Бранко беше крив за се. По бомбите се збудалеа, први вести беа по некој од порталите од сарма како во диктатурите, ко Либија со Гадафи живееле убаво, ама од кога ги смениле диктаторите биле многу полошо
Не беше тајна више како се владее, се работеше да се оправда тоа, мораше нови баба роги, Сорос, ЦИА, Обама, УСАИД, турски тек, германските банки, цела светска завера. Мудар, државнички потег било гаснењето лифтови и нарачување физичко насилство. Со тек на време, експоненцијално глупостите се зголемуваа, па сега Исус што ќе се жртвува за сите да изиграва Грујо. Најепик беше измислениот разговор на Заев со Бранко пред некоја недела, од збор до збор, за тоа како Бранко го карал дека му ја срамел партијата и тн, каде што од километар се познаваше дека се е измислено. Насловот вистински требаше да биде „како Груевски ја сонуваше средбата...“. И сега најновите глупости како за секој што не знае албански 5000 евра казна ќе било и Наим Фрашери ќе следел во химната после Сандански.
Еееее, и на форумов, ВМРО од економски вондермејкери, станаа битно се гради, па сите се исти, па сега некои од вмровците овде да мора да признаат дека можда и полошо гомно биле, ама и во време на СДС се крадело, не требало со помало зло да се задоволуваме, сега тие ќе не убедуваат како не сме доволно идеалисти, не сме можеле да очекуваме којзнае што и со падот на вмро. Абе ајде? Тогаш убедуваа револтот било лажно поттикнат од медиумите на сорос
од Геровски и Борјан, кои не се читани заедно 1%, а пак не се влијателни ни дома да се фактор што има за ручек.
Абе нема крај на цинизмот и лицемерието. Сами знаат дека Грујо го прифати истото, ќутеа и дури спремаа алиби овде на форумов, како тоа ќе било добар компромис кој морал да го направи нужно поради Заев, ќе беше уште еден мудар државнички потег, браво премиере. Можда и Тарчуловски ќе напишеше некое писменце како го одобрува. Па самиот Груевски тие денови се фалеше колку им дал на албанците во неговото владеење. Ама вака, готово, крај е на државата. Тоа што во нивното владеење донесените закони (настрана амнестијата од округло па на ќоше) и начинот на кој се спроведоа де факто значеа федеративно владеење, и не двојазично, туку воглавно еднојазично (и едно-знанемично) во албанските општини. Тоа што сега глумат лудило и спинуваат сега и се измислува и додава сè и сешто ништо ново. Искршените прозори на канцеларијата на Иванов поради револт кон врвен преседан било дивеење, еее колку беа загрижени за подигнатите тензии, ама сега повикување на војна, ножеви, пиштоли и камати и рачни гранати се патриотизам од највисоки патриотски побуди. А со месеци се убедуваа како тие биле мирните поштените, а Заев во позадина цело време сакал да направи граѓанска војна. Ама така фунцкионираат цело време, стратегија „држ`те го крадецот луѓе“, мислејќи прв ако обвиниш за нешто тоа некако подоцна лесно ќе ја префрлиш вината, те ослободува тоа тебе од сомнение. Какви уличчни финтаџии глумат политичари...
Национални интереси исто беше тоа што за народот (народот, народот), ја сметаа само онаа послушничка хомогена група, тие имаа екслузивна право да кажувааат што мисли и што гледа народот, сите други беа изроди и предавници. Ама сега да сме се обединеле сите за да не одел тој во затвор. Да, албанците (или повеќе албанските партии) искористија, поради „генијалните мудри државнички потези“ на Груевски за кои не убедувавте. Најоптимистично од ова на што може да се надеваат е да ќарат некој поен на локалниве од ова. Најоптимистично. Не верувам дека на некој му се гине за него, фигуративно кажано, буквално - верувам има и такви, ама не доволно многу за да ја прават уште поголема работава. Ама, никогаш не треба да се потценуваат, ако нешто научивме е дека секогаш може поголема глупост да направат.