Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Делот со образованието е можеби една од најсензитивните области кај нас која што мора под хитно да се поправи, значи зборувам за целосен ремонт, не само површинска шминка, реформи се потребни и тоа длабински. Не зборувам само за високото образование, туку од корен се потребни промени. Кај нас последниве години се создаде една хиперинфлација на дипломи кои што на пазарот на труд не вредат ама баш ништо. Неодамна го поминав целиот процес и одблиску сум запознат. Масло на огнот долеваат и приватните универзитети. Значи буквално образованието кај нас е претворено во еден голем бизнис. Се оди на квантитет а квалитет никаде, се создаваат осакатени генерации кои што тешко ќе се снајдат понатаму. Се создаваат полуинтелектуалци. Впрочем доказ за тоа е и темава.

Примеров е еден од поголемите проблеми што ги имаме, тоа е увозот на храна која во целост можеме да ја произведеме... Притоа тука природно како тема се наметнува проблемот со земјоделците и сточарите. Тука проблемите одат во два правци економската политика и начинот на размуслување кај земјоделците и сточарите...
1. Економската политика на државата мора да биде заштитнички настроена кон домашното производство, а уште повеќе кон стратешките ресурси како што се енергенси и храна.. Па така од една страна да дава субвенции со кое ќе промовира такво производство и од друга страна со воведување на царини на производи кои нашите земјоделци и сточари ги произведуваат.
2. Немањето претприемачки дух, ниту пак бизнис сенс кај нашите сточари и земјоделци, ќе го кажам годинешниот пример на ниска цена на доматите... Неможе државата да ја регулира цената на доматите, зошто тоа би го правела? И на крајот им дадоа дополнителни 7 денари субвенции, зошто, затоа што они не знаат да се организираат и самите да ги регулираат цените... Како тоа се прави? Така што самите земјоделци ќе се укрупнат и ќе отворат преработувачки потенцијали, кои на пример доматот ќе го конзервираа или преработеа на некој начин, до таа количина, да цените на доматот се стабилизираат.
Е преку ова може да се направи добра паралела, по што го спомена Израел предходно, до каде може една држава да ја однесе иновацијата и тоа во земјоделието. Значи една пустинска земја произведува храна и врши дури и извоз. Системот "капка по капка" е нивна иновација.

Кај нас земјоделието е катастрофа, а треба да биде еден од носечките сектори во економијата. Значи се вложува огромен труд од страна на индивидуалните земјоделци а имаме минимален ефект. Земјата е поделена на мали парцели кои што се обработуваат со застарена механизација. Системите за наводнување се во тотален аут. Значи парите кои што се вложуваат за субвенции би требало да се пренасочат. Субвенциите кај нас се користат како популистичка мерка пред избори. Во земјоделието кај нас дефинитивно неопходна е интервенција од страна на државата, меѓутоа индиректно. Има и тука доста малверзации кои што се прават при доделувањето на државно земјиште под концесија и доделувањето на земјоделска механизација преку Ипард програмата. Што значи повторно се враќаме кон корупцијата која што е еден од главните проблеми во државава.

Странските инвестиции на кратки патеки се позитивни, но на долги стази, вклучително и како концепт кој го кажуваш тука, се негативни за домашната економија... Единствено нешто позитивно во овие инвестиции што можеме одблиску да гледаме како функционира светот на бизнисот...
Странските инвестиции по мене не се лоша работа, дискутабилен е нивниот квалитет, начинот на кој што се привлекуваат и нивните намери. Тие по мене би требало да бидат еден вид дополнување на економијата, стожерот треба првенствено да биде домашното стопанство.

Ај сега излези за кратко од кутијата и погледни надвор... Еве замисли си дека некој Македонец отворил фирма во Етиопија, која откупува некој земјоделски производ, го преработува во Судан и го пласира на пазарот во САД... Кога збориш за транснационални компании имај во предвид дека претежно овие државите од кои потекнуваат овие компании ги немаат ресурсите со коишто тргуваат компаниите... Па така Бритиш Петролеум тргува со нафта иако немаат нафта во Британија...

Ајде да се вратиме до обичните Македонски компании и потенцијалниот извозен пазар... Извозот во соседните земји и во регионот е полесен од аспект дека нема потреба од поголема инвестиција за транспорт, поголемата пристапност во земјата кај што го пласираш производот и ред други работи.... Но од друга страна е потежок од причина што соседните земји и регионот имаат слични ресурси какви што имаме и ние... Така да све си има свои предности и свои мани..

А за тоа дали е скапа опција извозот во Кина... Тоа се прави студија која ..ќе каже каква е побарувачката и дали е исплатлив извоз во Кина... Значи јас не викам извоз во Кина по секоја цена..
Гледам јас низ надвор од кутијата меѓутоа за мене тоа што го велиш е некако неопимливо од оваа дистанца. Се уште стојам на ставот дека европските пазари треба да бидат нашиот главен фокус. Не се во големината, тука и стандардот е битен. Е сега колку повисок стандард толку попребирливи купувачи, што од друга страна пак и не е лоша работа. Никој не вели оти пробивот на странски пазар е лесна и брза работа. Нас фокусот треба да ни бидат малите и средни претпријатија. Ти ако успееш да оствариш пласман и профит прво на европскиот пазар, верувај, понатаму е лесно.

Ситуацијата многу брзо може да се поправи во држава попут нас со 2М жители... Само треба да се има воља и желба... а во голема мера треба и народот да се мобилизира и да ги казни овие нелуѓе кои се на власт 28 години.
Не знам искрено за оваа работа, јас сум скептик. Можам да зборувам од аспект како размислува мојата генерација и од она што можам да го видам и слушнам, црно и се пишува на оваа државичка.[/QUOTE]
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Ке те цитирам тебе а ке се обратам и на @Joe Dalton .
Нема фирми во индустриските зони што даваат плата по 200 еу. Конкретно за Ван Хол можам да ти кажам од 1ва рака инф за платите .Чистачка добива 12000 (храна + превоз 8час раб , ако останат +1ч ги плакаат ,ако ги викнат во сабота или на празник дневница или + 30% ) .Вработените во производство во Ван Хол добиваат плата зависно од образование и искуство .Почена плата 16000 -18000 за почетници па до 28000 + за мајстори со искуство (раб врме регулирано до минута , не како кај приватниците да те искине од работа ).
Има шкарт фирми и по индустрискиве зони но веке се опаметуваат да даваат пристојна плата ( + храна и превоз ) за да си ги задржуваат вработените .Многу многу од вработените не се соодветно образование знаење и искуство но се со желба за работа кога добиваат пристојна плата со регулирани права (одмори и сл ) . Таквите напредуваат полека .Последно бев во во Прилеп кај што ке произведуват кафемати долче густо .Професионалност и опрема на високо ниво, сигурен сум дека нема да си дозволат да вработат било кој за смешни пари .
Го подржувам @Bafra ако мислеше дека фирмите треба - мора да вложуваат во своите вработени, а со тоа се крева квалитетот и се докажува искуството .Цените за нашите стандарди навистина се големи но сериозни фирми вложуваат во своите вработени а не само да собираат ќар . Тоа што го работам за 1 ден (најчесто се 2 или 3 дена )обука чини 1200 еу во Германија . Доколку годинава не бидам пратен од фирмата кај што работам, сам ке го платам за да можам да докажам знаење а се разбира и да побарам поголема плата или евентуално да мигрирам во др фирма . За некој таа сума потрошена е половен мерцедес од германија за мене е можност и мотив за понатака да се напредува во работата .
Основицата барем на почетокот е 200€ после тоа низ низа легални уцени преку сила доаѓаат до тие фамозни 300€. Значи за еден работник да дојде до тие 300€ треба во текот на месецот да му се погоди на работи барем два пати трета смена, за работа во викенди земаат одреден процент плус на дневницата. Во саботи мислам дека е некаде 30% повисока. Работата се врши во три смени, превозот е платен, некаде има и кујни во склоп на компанијата а во некои пак им се дава надоместок за хранарина.

Еве конкретно за Прилеп, по што го спомена. Гентерм ти е инвестиција која што е отворена. Мислам дека се работи за поврзување на инсталација за автомобили. Значи поврзување на жици, слично како во Дрекселмајер Кавадарци. Од гласините кои што сум ги чул се работи во hazardous environment, жичките со кои што работникот е по цел ден во контакт наводно биле премачкани со отровна смеса чие испарување предизвикувало здравствени компликации во иднина. Ова чисто илустративно за тоа какви инвестиции ни доаѓаат во државава. Истите се партиски дувла каде не ретко се случува менаџер на погон да ти биде партиски војник со осмо а на лента, во производство, не ретко работат и високо образовани кадри.
Примањата во административниот дел одат исклучиво по партиска линија.

Верувам дека е слично и во останатите гулази на Грујо. Инвестиции донесени со пари од народот. Се шпекулираше едно време дека една од нив во матичната земја на потекло била пред пропаѓање и од кога го префрлила производството тука, со државните субвенции и ниските плати се препородила. Е за овие работи доаѓаат тие фамозни странски инвеститори.

Не дека сум против, само ме иритира наивноста понекогаш. Еве овие моменталниве, нели ветија отчет и транспарентност. Дај нека објават есап колку доби државата со овие фамозни странски инвестиции а колку изгуби.

Инаку за @Име И Презиме што си ме цитирал. Ако тебе ти е убаво тогаш супер, дај Боже така да биде секаде. Само треба да се нотира дека од фабрика до фабрика има големи исклучоци.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
на мајка им пичката на сите пекмези што мантраат `иднината, иднината`. крелињата не го слушнале фрле кога кажа, ако не ја прочиташ претходната страна, џабе ти е да свртиш на следната. кој не учи од историјата е осуден да ја повторува.

Доза реалност.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.415
Гледам јас низ надвор од кутијата меѓутоа за мене тоа што го велиш е некако неопимливо од оваа дистанца. Се уште стојам на ставот дека европските пазари треба да бидат нашиот главен фокус. Не се во големината, тука и стандардот е битен. Е сега колку повисок стандард толку попребирливи купувачи, што од друга страна пак и не е лоша работа. Никој не вели оти пробивот на странски пазар е лесна и брза работа. Нас фокусот треба да ни бидат малите и средни претпријатија. Ти ако успееш да оствариш пласман и профит прво на европскиот пазар, верувај, понатаму е лесно.
Де објасни го ова... како и кој треба да се фокусира на европските пазари... Јас стварно не разбирам што сакаш со ова да кажеш..
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Де објасни го ова... како и кој треба да се фокусира на европските пазари... Јас стварно не разбирам што сакаш со ова да кажеш..
Мислев на домашните компании, европскиот пазар и влезот таму да им биде ултимативна цел. Ако имаат успех на овој пребирлив пазар тогаш го достигнале врвот, според мене. Ретки се македонските компании кои што настапуваат со успех на европските пазари.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ако ДПМНЕ го бојкотира референдумот, нема како да успее... А ако не го бојкотира и гласаат против тогаш ќе имаме ваква ситуација... 500К гласа за од кои 250К Албанци... зарем мислиш дека е доволно 250К Македонци да одлучат за промена на името на државава ?
Тоа што ако ДПМНЕ реши да го бојкотира, не значи дека нема ни да успее. Во избирачниот список има запишано 1.8 милиони гласачи од кои на минатите избори излегле околу 1.1 милион. Имаш 700.000 кои не излегле, не знаеш како би гласале и немаш гарант дека повторно дел од нив нема да излезат. Па и фактот дека нема сите оние кои гласаат за ДПМНЕ да седат дома. И во Центар имаше мал дел кои гласаа, да не заборавиме. Така тука сите математики се во игра. Башка ако биде тесно (за успешност), веројатноста е огромна и да наполнат и некоја кутија.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.415
Мислев на домашните компании, европскиот пазар и влезот таму да им биде ултимативна цел. Ако имаат успех на овој пребирлив пазар тогаш го достигнале врвот, според мене. Ретки се македонските компании кои што настапуваат со успех на европските пазари.
Такво правило не може да се воспостави.. Ова може да биде ништо повеќе од сугестија. Но дали е тоа реална цел, може да каже и досегашното искуство кое вика дека најголем дел од извозот кон ЕУ земјите се состои од производите и полупроизводите на аутсорцинг компаниите отворени во МК. Ова е поразително.[DOUBLEPOST=1530161544][/DOUBLEPOST]
Тоа што ако ДПМНЕ реши да го бојкотира, не значи дека нема ни да успее. Во избирачниот список има запишано 1.8 милиони гласачи од кои на минатите избори излегле околу 1.1 милион. Имаш 700.000 кои не излегле, не знаеш како би гласале и немаш гарант дека повторно дел од нив нема да излезат. Па и фактот дека нема сите оние кои гласаат за ДПМНЕ да седат дома. И во Центар имаше мал дел кои гласаа, да не заборавиме. Така тука сите математики се во игра. Башка ако биде тесно (за успешност), веројатноста е огромна и да наполнат и некоја кутија.
Ако ДПМНЕ го бојкотира референдумот, тогаш ајде да кажеме дека има шанса да успее... Но доколку ДПМНЕ не го бојкотира, тогаш сигурно ќе е успешен...
 
B

Bafra

Гостин
Добар алтер его имаш направено на форумов. Пријателски совет, намали малку со тревата, почнува да ти шкоди, ептен се приметува.
Совети примам од луѓе кои имаат постигнато нешто на било кое поле. Ти освен пљукање дека ништо не чини во државава ништо друго немаш кажано. Самиот кажа штом некој троши време на форумов бил неработник, тоа најверојатно тргаш од себе самиот. :P

За тревата, нормално немаш што да кажеш па почнуваш со глупости. Да си отворел другиве теми на форумот, можеби ќе сретнеше дали користам или не. Ама толкав ти е капацитетот па само на оваа тема седиш.
Не се плаши од тревата и природата, 90% од пронаоѓачите, од луѓето кои имаат допринесено за напредок на оваа цивилизација од таму ја добивале својата креативност и идеи. Пробај прошетај низ шума, погали ја тревата :icon_mrgr:

За овие работи најпрво е неопходна стабилна држава, со професионални институции, добри закони и владеење на правото, правично распределен буџет, добра даночна политика...многу важно, ако не и најбитно според мене, квалитетно образование.
Да да сигурно тоа е потребно. Врати се наназад и провери која држава така се развила. Првин приватниот сектор се развил, па откако почнал да носи пари, тек тогаш се развива државниот систем.
Ама тоа е кога не гледаш јутуб клипчиња и се плашиш од тревата, нормално заклучоците ќе ти се спротивни од реалноста. :rolleyes:

Од гласините кои што сум ги чул се работи во hazardous environment, жичките со кои што работникот е по цел ден во контакт наводно биле премачкани со отровна смеса чие испарување предизвикувало здравствени компликации во иднина.
Дај жити се прашај со што тоа ги мачкале жиците, баш ме интересира. Да не испадне ко Железара загадувач, во езерата риби, а во дворот им шетаат зајаци, срни а и по некој волк залутува.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
на мајка им пичката на сите пекмези што мантраат `иднината, иднината`. крелињата не го слушнале фрле кога кажа, ако не ја прочиташ претходната страна, џабе ти е да свртиш на следната. кој не учи од историјата е осуден да ја повторува.
Чекај, сакаш да кажеш дека не си ти прв у фамилија шо се пишал дека е бугар?

Имам чувство дека целиов хејт ти е пошо ќе може и со ваков северно-македонски пасош да се бришат клозети во ЕУ, а ти мораше сите бугарски песнички за претшколска возраст да ги учиш за да ги рецитираш во амбасада.

Најниската каста у државава сте вие што си го продадовте газот за татарски пасош (у мртва трка со мастурбаторите на паторот и фамилијата....а и исти курац е тоа). Би донел закон да не смеете да се вратите у оваа територија.
Ти ли најде за историја да попуеш бе? Иди скриј се у некоја пештера!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.234
Сега шом го решивме името се е ок!?:cautious:Мито,корупција,кршење на работнички права,партиски полтрони и уште многу други проблеми и како шлаг на торта ги имаме и брчата албанези,мислиш дека ќе влезиме некогаш во ЕУ?Можда после 30 год.а можда ни тогаш!
Дали некогаш ке влеземе во ЕУ сега зависи од нас, од тоа колку сме способни да се реформираме, никој повеке не не кочи, сега освен самите на себе други пречки немаме, нема повеке изговори. Сега треба работа, а не изговори дека некој таму нас не мрази, некој се плаши од нашата големина, на некој сме му трн во окото, албанците се криви, Европа сака да не снема, Америка се мачи да не уништи, соседите не спијат поради нас..... тие приказни конечно завршија. Секоја замја која ги направила потребните реформи е примена во ЕУ, така ке биде и за нас, кога ке се средиме ке не примат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom