Е баш затоа, дека денешното ВМРО и тогашното немаат никаква допирна точка.
Методите кои се користеле тогаш за да се постигнат целите се дискутабилни, оставам на историјата да суди.
Сега збориме за мирновременски услови, за партија која се декларира како наследник на оригиналното ВМРО со кое голем број македонци се поистоветуваат.
Ти не можеш да правиш паралели со Македонија под турско и сега, како независна држава. Поентава е дека се злоупотребува брендот ВМРО. Ако методите на старото ВМРО биле криминални и насилни, зарем тоа му дава право на сегашнава партија и раководство буквално да ги пресликаат во 21 век, во мирновременски услови, време кога имаме независна држава и сосем различни цели од пред 100 години.
ВМРО, каква и да била организација за време Турско, колку и контроверзи да се плетат околу исправноста на нивното делување, факт е дека е битна карика од нашата релативно понова историја. И како таква треба да остане во минатото како предмет на дискусии и истражување на луѓето кои се компетентни. Мој став е дека треба да престане да се злоупотребува во политички цели или како оружје за поделби и подгревање на национализмот.